После колку саати ако не го осетиш бебето треба да почнеш да паничиш? Од 8 сум станата сеуште нема мрднато, и благо јадев и кока кола.. 34та сум..
Нема врска тоа... кумата моја 37 и некој ден го роди прво, машко. Тоа си зависи од тебе, твоето тело... Јас и двете 40+ ги носев. Прво машко, второ женско, 2.5г разлика.. @Ivana 8 легни на страна убаво и буцни го малку мешко...
Пробај и со неколу зрна жив ориз со вода голтни како апче, мене мн ми поможе за кислелини ( на пробно сода, коска од маслинка, газирана вода и ладно млеко)
Да имав прилика и јас би го оставала, но нашите се далеку, се гледаме 5-6 пати годишно, па и таму кога одиме пак спие со мене. Немав прилика едноставно за таква навика да му вметнам. И јас сум иста. Не мислам на породувањето, туку на постарово, а деновиве треба да се породам. Се надевам ќе пребродам лесно. Тоа ми викаат сите, нема ништо да му фали. Ама само да го погледнам и се полнам со солзи. За во болница и јас не би сакала да дојде, да не не сака да си оди па после уште потешко ќе ми биде. Се тешам по малце со технологииве сега што секој момент може да се видиме. Фала ви на сите за утехата. Нека е со лесно кај секоја. Викаат дава Господ сила тогаш, ќе видиме
Јас од помало го оставав секогаш кога ќе имав прилика. Ми фали и ноќе се будев успаничена на почеток ама и јас сум човек, имам потреба да бидам сама, да завршам работа или обврска или да се одморам. Така што знам дека или ќе е во градинка или со некоја од бабите и татко му секако. Не го оставам на непознати па да се тресам, за два дена нема ништо да му биде. На почеток се туфкав се мислев, сега веќе прифатив дека 2-5 дена не се крај на свет. Повеќе ми е за дома кога ќе си дојдам како ќе се адаптира а за другото уште од пред 2м му зборуваме дека мама ќе оди во болница за да го роди братчето па дека ќе ги земе он итн итн. Емоции работат, ама мора да се контролираат.
Значи не знам како можеше да ми се случи ова. Правев мусака и ставив малце јогурт, кој не беше отворен. Се испече се, јадев, ама отпосле видов дека му е поминат рокот 9 дена...не знам како можев да не видам. Веднаш повратив се што јадев..мислите има некоја опасност по плодот? Читав листерија глупости, ќе побудалам мислам дека..се утепав од плачење....
Не паничи прво ,смири се Не значи дека ако е поминат рок е расипан. Обично од расипана храна се повраќа малку подоцна ,ти си повратила одма. мислам дека ти е од психа.
Смири се, не бил отворен , а знаеме дека се полни прашоци за да стојат подолго. Не паничи, ете ти сама си повратила. Плус ќе бил кисел ако нешто бил расипан.
Втор триместар, пола чаша расипан јогурт испив додека да сфатам дека не е добар, па ниту повратив ниту нешто се случи.. не паничи
Со првата бременост тегла нутела сркнав неколку пати скоро 6 месеци му беше поминат рокот ама превкусна ми беше тогаш кога јадев после кога видов си реков ајјј чоколада е нема гајле Ќерка ми е 8 години сега и обожава нутела
Matičnata, Suzana od Ginekovita, pred nekoj den mi naplati za eho 300 den, včera za brisevi 400 den (sama gi nosev, ne za nosenje plakjanje nego za zimanje). Neli e besplatno za trudnici?
Треба да биде, ама ретко кој практикува. Освен на клиника, кај матичната си плаќам. И ме праша дали кај неа сакам скрининг или кај др што си идам на Гак, реков ако треба да плаќам кај вас на гак ќе правам…
Јас пак сум со хематоми.. претходната матична ништо не виде, Гак кога почна крварењето таму отидов и тие не видоа ништо. Новава матична денес виде и не ми е јасно дали претходнове не гледаат убаво или па тие хематоми сега се створиле. Имав со првата еден и поголем, сега три ама ситни. Ми рече да не ја кревам ќерка ми а тоа е mission impossible, пошто сум сама со неа па ќе гледам да намалам најмногу што можам. И да, дефинитивно сум баксуз мене што не ми давале сликички, еве прв ден новата матична одма извади. За хпв, кој ме читаше и одговараше, НЕМА да правам повторно ПАП како што бараа, зошто и да излезе нешто не можеме ништо со тоа, само брисеви па здравје што ќе покажат тоа. Хпв-то после бременост ќе го гледаме. Ме упатува на приска, торч сме закасниле, крв, мокрача. А старава уво ја болеше за све. Некогаш нов лекар е пола здравје! Бебуш е супер, 10 недела, следно чекаме скрининг Какви се вашите знаења или искуства, дали пораѓајот со второ е полесен? Уште од сега ми се лоши од болките(не се заборавени тазе ми е све хаха)