Во 4 и пол ме разбуди страшна болка во долниот дел на стомакот. Ми се одеше во тоалет и најверојатно бидејќи сум стискала се појави болката. Се напив парацетамол малку опушти, сум заспала ама сега уште ја има, но не толку јака. Не ми се оди на ГАК на дежурен, апаратот од времето на дедо Ное. Се мислам дали да вртам во Систина дали би ме примиле од денес за денес или да чекам до утре кај матичниот.
Можеш и во Чаир да отидеш во такви счучаеви... Бар како што ме држи сеќавање, океј им беа ехата.. Како си сега?
Сега сум добро. Најверојатно сум настината, па јајниците одма ми реагираат. Не отидов на дежурен никаде ама ако ми се повтори ќе одам во Систина. А од вечер ќе си правам аларм за во тоалет
Јад ако подржам малце за во тоалет, после ме боли стомакот. Затоа одма трчам не стискам. Добро де, вчера на концерт малце али одварни тоалетите беа. Јас држам рака на стомак и ми поминува.
Леле јас денес 3 пати станав мочав до 5 и веќе во 8 четвртиот пат станав и толку од спиење и тоа све по многу... Првиот пат не ме болеше ама огромен напон осеќав доле и мислам цела вечност мочав
До пред една недела и јас станував повеќе пати навечер. Ама последнава недела гледам дека издржувам речиси до сабајле. До синоќа немав проблем ама синоќа болките беа толку страшни што почнав да си плачам зошто не осеќам и не сум станала, да не сум му наштетила на бебето. Утре ќе одам кај матичниот да ги види резултатите и за да бидам мирна ќе му речам да ме види пак.
Јас се одмивав со сода бикарбона растворена во вода, 2, 3 пати на ден така ја решив. Гледај и подлабоко да влези водата.Прави алкална средина долу и ја уништува. @marama јајниците не се активни во бременоста, од стегањето ти е или тежи бебе па лигаменти се, пиј магнезиум и одмарај,утре оди за да си мирна ако не помини,ама до утре ќе си тип топ.
Мене искрено не ме боли, не се исеков, дека треба да се навикнеш- треба, во смила да видиш влакненцата на каде растат и слично- треба вежба. За нозе не ми е, ама за долу лично мене ми се погоди бидејќи цел живот се бричам
Дали ако утрогестанот го ставам вагинално (го пијам иначе 6 дена), ќе има ист ефект? Ова не е нормално со лицето што ми се случува... Огромни болни бубулички имам. Топли на допир се дури. 6 дена како пијам, 7,8 такви големи имам низ лицево... на брада, на чело, на образ една. Дури и ме боли и без да ги допрам... ама ова не се нормални бубулици, отечени како комарец да ме каснал. Спојлер: Бубулици Незнам дали е од утрогестанот ама баш како почнав да го пијам сум ваква. Буквално секој ден од вторникот навака имам по 1,2 нови. Полошо лицето во живот не ми било... па си викам ако не го пијам (да ставам вагинално), да не ми се смири лицево...
Јас го ставам вагинално докторот ми рече дека поголем ефект има локално кога се става. Иначе за акни и мене ми искачаат големи болни во 2недели една обавезно таман ќе помине ете после некое време друга