@Dodo1 Јас сум со прва бременост, 31 година, скрининзите беа одлични, ама резултатот од приската не беше добар и по препораката на докторот направив во првиот ден од 14та недела. Приската ја правев во 13та. Животот ми се скрати, запре сѐ за мене, бидејќи не бев запознаена со ништо од тоа. Фала му на бога резултатите излегоа добри и после и на сите еха/ скрининзи беа сѐ во ред. Сите ме убедуваа дека приската е само некоја статистика, ама штом ти влезе семе на сомнеж… Кога ги земав резултатите од приската, од кај матичната ми рекоа low risk уживај си, ние ќе ѝ кажеме на докторката да ги види. Нит некој ми се јави, нит ништо. После на првата контрола после месец дена матичнава ги гледа и ми вика: си направи пренатален, нели? Сакав да ја згазам. Крајно незаинтересирана. Да не беше докторката од ремедика ќе останев така
За првите две деца докторката ми рече дека немам потреба зашто немавме проблеми за зачнување, млади сме, немаме историја на болести итн., а и дека таа би приметила на скрининзите ако има потреба. Плус ми рече ако примети нешто дека секогаш попрво би ми препорачала амниоцентеза, и верував и препуштив нејзе да ме води и се беше во ред. А сега лутам малку, немам еден доктор да се потпрам и да го слушам, има добри доктори секако ама јас се уште немам целосна доверба во никој, целата бременост ми почна чудно, во 6+ едвај и точка видовме иако имаше убаво порасната жолчна ќеса…За два дена сум на контрола, па веројатно тогаш би се одлучила ако нешто не ми штима. Ќе речеш како оди времето треба поопуштени да сме, полабави за следните деца ама некако стравот си постои.
Со првата бременост мислам дека шлепери чоколади и секакви благи изедов со втората ми се гадеше од секое благо посебно од торти со крем шлаг итн а сега со третава и мирисов на чоколадаца ми смета и немам каснато ни една коцка
Ептен настинав, матичната ми рече можам да ставам било каков аква марис може да ми препорачате кој е најдобар да ми се одзатне носот, strong или ?
И матичната и др што идам на Гак ми рекоа дека немам потреба од пренатален , сум била млада ( 32 години сум), сум немала никој во фамилија…. Од друга страна знам и 25 годишна девојка која абортираше поради плод со даун. Јас решив на верувам на докторките , особено на таа од Гак, бидејќи е професионалец во секоја смисла на зборот. На крајот од денот незнаеме што носи времето,што е иднината, што помалце мисли и стресови подобро за нашата психа.
Јас правев заради абортуси. На испитан плод немаше ништо, ама првиот кариотип не ми беше ок, не ми имаа земено доволно днк за испитување па го повторував, и тука ми влезе црвот во глава, затоа и направив и тоа најрано што можеше, во 10+0
Ако ме верувате веќе ќе се шекнам од нервози. Во Четвртокот бев на контрола беше се добро, напреднало за една недела си имаше срцева акција. Ама јас веќе незнам што да правам со кафениот исцедок. Ми се имаше потсмирено на два дена, еднаш ќе имаше на тоалетот. Овиа 3 дена мислам на секое второ одење во тоалет имам исцедок. Дури сега како и повеќе да има околно около тоалетот. Пијам Дабростон 3 по 1, ама не гледам резултат. Да мирувам неможам, со 2 годишно дете сама сум, маж ми е во странство. Ќе ставам слики во спојлер. Ве молам советувајте ме што да правам... Спојлер Спојлер
Нема правено бидејќи сум 7 недела, ако е се во ред во 12та ќе ги правам. Имам печење, маки мачам со ешерихија коли во урина веќе неколку години. Докторкта ми пиша не е ова ништо, само пиј си Дабростон!
Втората слика дали ја виде во спојлер? Имав јас кафеав исцедок, ајде овој да го речам кремав. Пак мора некоја сукрвица да е по мое... Што знам
Јас сум правела во 5та, 6та недела, не знам со крварењево што си го имала дали смееш да направиш ама не дека не се прават општо пред 12та нед. Ако имаш ешерихија во урина можеш и да имаш и вагинално, или некоја друга бактерија.
Прашај во билна аптека Зегин има специјална комбинација на чаеви за ешерихија, јас имам хронична ешерихија од 7 години... Само чајот ме има спасено. Е сеа дали смее во бременост незнам.
Дада знам, сум имала и баш кафеаво ова повеќе е кремаво. Мене повеќе ме плаши ова на втората слика, околу парчето тоа мокрото ми личи на некоја светла крв затоа и паничам. Инаку баш четвртокот ја прашав да земеме брисеви, ми рече и да имаш некоја бактерија неможам антибиотик да ти дадам до 12та недела кога сега ситњ органи се формираат.
Има антибиотици соодветни за бременост, а има и бактерии што се ризични за бременост. Да не се прават брисеви воопшто според мене е поголема грешка.
Незнам ќе видам на следна контрола пак ќе прашувам дали може да ми земе. Ти благодарам. @merriel0 Пред некоја година имам земано, ама некако не бев редовна во пиењето. Во бременост не верувам да може, бидејќи знам многу видови на чаеви се мешаа заедно. Инаку и јас сигурно 7-8 години си ја влечкам со мене
Jas nosam masko da ima kako samo blago ke jadam.A inaku poveke sakam solena hrana.Ama mora da se vnimava I kontrolira sepak