Еве кај мене како беа. Има лево 0 до 100. Првите болки ми се спуштаа до 0, а одеа до кај 80. Е веќе на втора слика сум со баш активни болки (+примена провокација), па одеа преку 100ка, а се спуштаа само на 30-50. Кај тебе е на 0 цело време, си немала контракции..
Преладена сум и кашлам ...затнат нос, шлајм...мачно скроз . Се напив парацетамол.. Но како ви се искуствата со аналгин и ибопруфен...смеам да се напијам? Ептен сум омалаксана. Неможам од кревет да станам :/
Аналгин смејш, ибупрофен незнам, земи си и витамин ц, супи, чаеви и ќе помини. Јас трета недела како кашлам денес зедов Алпенкрафт сируп се надевам тој ќе ме смири оти душата ми излезе
Мене бруфен дозволено ми е и аналгин исто од специјалист, имаат официјална страна на министерство за здравство за лекови во бременост и ибупруфен е дозволен ако не помага парацетамол, можиш слободно да разгледаш
Иста бев и тоа 5-6 недела. Буквално неколку дена откако дознав дека сум бремена, па капак на се и гадење имав ужасно. Парацетамол, супи, чаеви, овошје… За кашлање сируп Алпенкрафт ми даде зелено светло гинекологот. Ако ти е за утеха, неколку дена трае… И лековите ги даваат некои и во зависност која недела си…. Консултирај гинеколог , сигурно има и друга опција освен парацетамол, доколку не ти помага.
Пишав и во друга група не добив одговор може овде ќе добијам Денес 17+5 се боцкам со клексани секој ден од позитивен тест денес бев на Гак за боледување па докторката ме праша дали примам клексани зашто плацентата е нехомогена и со лакуни кога сум правела хемостаза и ддимери и кажав дека правев на 29ти и дека беа добри. Дали ова е нешто застрашувачки бидејќи прв пат се среќавам со ова и дали некој бил со ваква плацента оваа недела, да напоменам не сум пушач
Девојки дали јадете повеќе солено? Некако несвесно, не знам како да кажам кога готвам на сите им е солено, освен мене што ми е таман А претходно не јадев ич сол...
Никој ништо не кажа на Гак ја прашав дали е нешто лошо рече ќе следиме се боцкаш со клексани толку беше, кај матичната бев на 8ми сега вакво нешто не ми кажа за плацентата и пишав прееска рече дека бебе е во ред, добри протоци да видам мислење од трансфузиолог.
Отсекогаш дотурам сол , се ми е малце мене солено. А баш треба да внимавам на тоа, бидејќи сум со осетливи бубрези. Абре ќе си јадеш како ти одговара. Јас секој ден ми е исти муабет со мм…вика се е супер, преубаво готвиш, се ти е таман, ама солта малце да намалеше Туку мешиња, да ве прашам. Со што се мачкате на стомак, бутки, задник? Јас година уназад кокосово ми е најсовршен производ што сум го нашла за мојата кожа. Се друго дадов или фрлив. Денес земав од ДМ на бејбилов за трудници што е уљето ама некако како да не сум ставила или пребрзо упи кожава…. Пак си се намачкав кокосово јас. Знам дека и до гени е. Мајка ми со мене 31 кг била поправена, а ниту една стрија нема… Да се понадевам дека генот ќе го фатам и јас.
Јас комбинирам какао путер органски, еуцерин масло и еуцерин лосионче со 5% уреа па сега ќе видиме на крајот
Со првата бременост правев микс од павловичева, со бадемово и уште нешто мислам ад капки така нешто немав стрии, на стомак, на гради имав ама покрај некоја нова имав и од претходно, со вторава бременост од пура перла путерот за трудници го зедов и вака почетно убав впечаток ми остави. Мрсен е доста се размачкува убаво. Мириса преубаво. Го имаш во зегин аптеки. Околу 900 денари беше мислам.
Ке ги пуштиш резултатите од хемостаза и димери ма трансфизиологот што те води и ти дава клексан. Ако земаш 1 на ден 40 мг можеби ке ти зголеми еден месец на два на ден. Јас предходна недела 19та недела бев исто лакуни и ми наголеми трансфузиологот два клексана дневно еден месец и да се следи постелка. И земај 1000 мг витамин ц на ден.
Колку ти беа ддимерите?? Дали лакуните остануваат до крај а од нехомогена постелка може да стане повторно хомогена?
Здраво девојки, бремена сум 6 недели и 2 дена, но дали е нормално доколку не отидам веднаш во тоалет да мокрам да ми се појавуваат страшно болки во долниот дел од стомакот поточно кај десниот јајник и истите да продолжуваат на десната страна позади до кичмата. Понекогаш овие болки не се издржувааг. Ве молам за ваше искуство, бидејќи бев кај гинеколог и и кажав дека имам болки во долниот дел на стомакот, но таа ми кажа дека тоа е нормално, а јас сепак сум загрижена… … исто така ме интересира дали е нормално да немам утрински мачнини и повраќања само често мокрење (чувство како постојано да ми се мокри гаќите, проследено понекогаш со воденкаст секрет), болни гради, замор, намален апетит и одбивност кон некоја храна?
Gledaj da ne jades tolku soleno, mnogu go kacuva pritisokot. Ne znam koe tromesecie si mene sega vo 6ti mesec pocna da mi pravi problemi. Podobro jadi normalno sol ili pomalku.