Нормално е, јас немам ни мачнини ни повраќање, само често мокрење на почеток, сега ни тоа. Болка и јас имам понекогаш, ама не е толку страшна.
Јас со првото се мачкав на стомак секоја вечер со павловичева, немав стрии а сега со Weleda се мачкам па ќе видиме.
Знам..ама несвесно го правам тоа не знам како Инаку притисокот ми се движи од 90 со 60, макс 110 со 70..никогаш повеќе. 14+5 сум Ќе внимавам фала на советот
Нормално е да имаш од време на време болки. Ако немаш некоја лоша историја , магнезиум наутро и навечер ќе ти олеснат. Ама баш таа недела убаво се мести плодот и почнува матката да се прилагодува на новата ситуација. И нормално е и да немаш мачнини. Јас кога дознав немав и викам супер ќе ми биде, за после 3 дена да неможам да се поместам од кревет со гадење до бескрај. Болни гради сеуште имам,замор исто, е сега почнав да јадам баш онака убаво, а одбивност имав кон се, моментално немам, ама тоа се ќе си варира.
Здраво девојки, Нова сум на темава, имам позитивна бета и сега чекам прво ехо за срцева акција. Малу сум нестрплива, сакав да прашам да ли е првиот преглед вагинален и што точно се случува, каков е прегледот? Да ли тогаш ви кажуваат за суплементи и како што понатака? Ви благодарам! ♥️
Честитки! На почеток прегледите се вагинални, на првиот преглед докторот потврдува бременост со ехо и ти кажува кои витамини да ги земаш.
Зависи и кога ќе ти биде првиот преглед рачунато од последна менструација. Можеби ќе слушнеш и срцева реакција Честитки и со лесно!
Јас да неколку пати, стресот беше поштетен од апчето, не сфаќам што прашуваш ако мислиш колку долго смее, че си зборниш со доктор, јас по потреба 2 месеци. @Batterfly93 јас иста бев ако трпев 15 мин ми се чинеше (и болеше) бешика ко саати да сум трепела.
Рано ќе е, има случаи ама ретки. Најчесто е од 8ма до 10та недела. Јас пример 8+ некој ден отидов прв пат и немаше уште ама за 2 недели од тогаш се слушна.
Јас со третово имав баш овулација како по книга на средина на циклус (бев на пап и ехо на средината на циклус пред да забременам и затоа точно знам) и срценце имаше и во 6+3.. Со првото и второто немаше таа недела (покасни овулации). Не се слушаше јако, едвај го фати матичната и рече дека само што се активирало. На екран си се гледаше дека пулсира Инаку до преглед земи фолна пиј, а друго ќе ти препорача матичната. Со лесно
Јас цела сум во грч дека после 8 години прв пат имам успешен трансфер и све ми минува низ глава, овие две недели ми се мислам уште потешки од тие до тестот.
Знам како ти е. Може не после толку години ама го знам нетрпението. Само биди релакс. Пиј си фолна, за другото почекај од др што ќе ти даде. Одмарај си, кулирај си, опушти се. Ти посакувам лесна и убава бременост
Докторот рече ништо до прегледот, само здрава исхрана па ќе каже дента. И терапија иста како до трансфер.
Јас во принцип сум човек што трпи за мочање, незнам зошто ама веќе ни мозок не ми испраќа информација дека ми се мокри. Кога ќе дојде веќе на крај да не се издржува тогаш трчам во ВЦ. Ама сега во оваа ситуација ако помине некое време да се стискам и да не отидам веднаш да мокрам, тогаш имам преголеми болки кој знаат да траат. Навечер не можам дури и да заспијам. Легнувам на стомак си го топлам некако и така потонувам во сон. Е сеа незнам дали ова мое стискање може да му наштети на плодот?
Која недела си? Кога веќе ќе расте меше и да сакаш нема да можеш на стомак да спиеш. Јас си спиев ама веќе некако не иде. Нелагодност ќе осетиш. Инаку јас рака си ставам на стомакот и од топлината ми поминува. Гледај иди почесто не стискај.