Женички кажете ми дали смеат апчиња а се пијат во текот на бременост, веќе сум 2 месец само што дознав претходните 2 недели имав остипација од синоќа страшна дијареја немам јадено ништо само вода тече пиев електролити и линех смеам ли др да земам дека има јаки болки со хемороиди и неможам да издржам од синоќа на шоља сум
Некој вирус да не те фатило... јади полесна храна, варен компир, банана. Прашај доктор дали смееш смекта. Таа брзо смирува дијареа... На гугл проверив, пишува дека смее во бременост и доење.. ама пак гинеколог прашај.
6 недели сум, сеуште немам големо меше, па не ми смета и можам да спијам така. Се учам да одам почесто во вц, иако најчесто мокрам малце како да не сум се испразнила доволно…
Можеш и диастоп, тие баш ми се ефикасни а и гинеколог ми ги дозволи. Варен морков, електролити за деца…
Ооо на 6 недели си спиев на стомак. Тоа е една точка само. И неможеш да му наштетиш на бебето , не се плаши. Јас еве 10 та сум и сега почна да ми смета малце, како нелагодност. Мене ми смета со прекрстени нозе да седам, не ми е пријатно и почнува стомак да ме боли.
Жени шо мислите за резултатов? Бев на скрининг кај матичниот според мерките се е во ред, сега му ја пуштам приската ми вели не е баш најдобра дојди ќе видиме. Ова е само статистика колку шо знам си пиши лоу риск, дали чоеков ќе ми нуди пренатален некој па затоа ми го мати умов или вистина нешто не е во ред, се напнав
Дали ехото е добро, дали има нухален набор? Не знам зошто упорно си ја мачите душата со правење приска само да си правите стресови
Да бе пред приската бев кај него на скрининг вели се е супер, рече има нухален набор мереше таман рече според димензиите, има носна коска, главче мереше од една до друга слепоочница сега ми крши филм, незнам и јас зошто кај него праев скрининг, убаво си планирав во државна ама ај памет за др пат. Ме гледаше пола саат ми вели се е во ред а после ми вели ќе видиме приската како ќе е ако треба ќе напраиш пренатален. Мислиш без пари е тој па ај ќе го праиме. Богами ич не требаше ни да ја прам, за првото праев ама не дека многу и обрна внимание тогашната матична.
Стварно е најбитно ехото. Јас бев денес и на скрининг во Ремедика за да ми е мирна душата. Се детално си прегледа докторката, од глава до пети бебе, органи, протоци, постелка, мозоче. Се е во најдобар ред и покрај ниското PAPP-A кај мене. Ниско е рече и она без да јас си прашувам, ама бебе и се друго на ехо е одлично. Си видов и приска од првото детенце минатата недела во картон кај матичната, исто со ниско PAPP-A било и статистиката исто така полоша. Кај второто детенце приската освен годините се е па 1:10000. А кај третово исто како и кај првото... Баш е само статистика и вадење од памет. Дознавме и пол денеска иначе, ама петок и матичната да ми потврди па ќе соопштам
За болката не можам да ти кажам, ама моите повраќања почнаа тек после 9та недела до кај 14/15. Fb hcg исто е покачен, затоа те насекирале
Да сега споредував со приската за првото повисоко е, ама пак гледам до 200 е горна граница. А шо значи тоа уствари?
И мене ми беше прелоша приската- повишен фб хцг и општо др резултати, ради тоа правев пренатален. Скрининзите ми беа супер.
Папп-а кај мене па сега повисока вредност за првото пониска, абе реков не се замарам само видов лоу риск пиши и ај реков ќе му пишам и сега се напнав под стрес сум у пм и приска и глупости
Zdravo zencinja dali ima ovde nekoja clenka sto odi na ginekolog kaj Tatjana Hadzievska vo poliklinika Idadija...Dali raboti seuste dali znae nekoj?