Да, умрев додека излегоа резултатите. А скрининзите пред и после си беа во ред… и прва бременост ми е и имам 31
Јас за првото не направив, исто отидов кај добар доктор за ехо, со второто правев НИПТ, ама и да не правев, немаше да одам за приска, глупост ми е тоа
Вервам и јас сум под стрес сега, иако пак се навраќам на прегледот и мерките се си беше во ред. Месецов и јас полнам 31 Живи и здрави да се, памет за трето ако сакам приска не
Ќе издржите до петок ајде Треба да е изненадување и за други, а ме знаат доста од форумов.. дури и сестра ми е на форумов
Јас како да се подреков вчера, денес цел ден сум во кревет, имам постојано болки по пределот кај матката помеѓу јајниците, како менструални болки ми се, поспана сум и немам сила да мрднам.
Остави тоа до сега што било, сега е друго Честото мокрење е цела бременост нормална појава, бебето со стегањето нема врска ниту му штети. Кај мене зависи од положбата ако е карлично дури и влошки носев не додржував, кога се сврти со главата надолу ми беше подобро.
Дали имате искуство со ранецов? Иако делот со легнување ми е чуден малку и непотребен при количка Не знам дали доволно собира. Или подобар е оној од Локо Кроко?
Мене ми го поклонија зошто сакав ваков ранец, сама го одбрав и 1000 пати се покајав. Делот за лежење искористен 0 пати, не ми изгледаше стабилен нити па комотен за да лежи/спие. Плус бебето не ми спиеше само, не се најдовме во ситуација да го ставам надвор некаде да легне во ранчево, а за дома не ми е логично. Поради делот со креветчето првиот дел на ранец е ограничен, горе отворот стегнат да треба све да вадиш за да стигнеш до нешто. Цел ранец е тврд не е мек флексивилен кај страните, туку по цврст за да стои убаво делот со лежењето. Јас бев понесена од золвата, она има ваков само без дел за лежење, го утепа од користење веќе 6 години за две деца без прекин. Од одмори до обични прошетки. Ама се отвара убаво горе делот со патентот, широк е, флексибилен цел ранец. Ене го ми стои со месеци, би го подарила ама ќе се лутат тие што ми го земаа..
Има едеен ранец на Lovely Bag, како штепуван, мене многу ми фаќа око и може да се користи и понатаму кога ќе пораснат децата, ама 3900 е
Честитки, живо и здраво големо да расте Мојов Чиполино, околу 1500 макс го земав ама од Бугарија тогаш. Маста извадена му е, уште е читав. Ама како што кажав, дека тексас и избледен е многу. Ама носен каде не... на прошетки, на пикник, на плажи, перен во машина неколку пати Ако пат ве носи натака продавницата е https://www.bambino.bg/chanti-za-kolichki.html
Разочарана сум. На скрининг ми рекоа супер е сѐ, пред малку докторов ми вика, па имаше 172 срцеви отчукувања во минута и тоа е ризик. Се надевам ќе ги разберете референтните вредности. Комбинација се од ехо и Приска. Што би направиле на мое место?
Гледам бета хцт ти е добро, papp-a ти е добро. Што не беше добро за да дојде до ваква статистика? Носна коска имаше? Вратен набор гледам NT 2.20. Која недела го правеше скринингот? Ако пак е се во ред на ехо со бебето, не се вади од памет со статистикава... Види како ти кажат на лекар, така терај.. ама смирено
Да, пишува носна коска 3,2 мм. Таму кај што пишува nasenbein. На ехо он ми рече супер е сѐ. Ако сакаш и Приска да направиме, викам може. 13+6 бев, ова во понеделникот правено. Е сабајлево кога ми се јави, ми вика ризикот за твоја возраст (35) за Trisomy 21 треба да е 1:400, а Trisomy 13 1:1000, а кај мене се 1:221 и 1:422 и демек во среден ризик сум спаѓала со статистикава. Плус ми вика не ти спомнав, дека срцевите очекувања се малку над нормалата, демек и тоа е ризик. 160 е граница, кај мене 172. Ми вика имаш опција, да не преземаш ништо, втора опција амниоцинтеза и трета пренатален.
Оф леле. Значи само ради срцебиењето е... Второ мислење можеш таму да бараш? Нормално дека колку повеќе год имаш, толку е статистиката полоша... ама тоа не значи ништо пак. Пренатален ако правиш, мислам и тој не е 100% сигурен и дека и после таков, пак и амниоцинтеза ќе треба да правиш. Вратниот набор за таа недела е супер. Носето ете е супер.. зошто вака паничат незнам. Јас на твое место би отишла и кај втор доктор. Пак убаво да го види бебе од глава до пети, органи, срценце, мозоче... Јас така направив сега. Пренатален нема да правам...
Можам и второ мислење да побарам, мислам не е проблем. Ама за докторов прочитав екстра мислења, башка ривјус на Гугл има премногу, а оценет е 5.00. Не знам, стварно не сум паметна. Се мислам за пренатален, мислам рече сите се над 90% точност. Ќе полудам од мисли.