Незнам таму како е. Ама вака тука од искуства и читање тука имам сфатено дека ако резултатот на пренаталниот не е добар, треба и амниоцинтеза да се прави за 100%. За мирна глава, ако си секако во можност.. направи си пренатален. Тука др ми рече ако нешто има, ќе се види и на ехо нешто сигурно и тогаш препорака за плус испитувања даваат. А бебево на ехо е се како што треба. Од мозочето се правилно развиено кај хемисферите, очињата растојание, колку што и разбрав кај срцето има правилна поделба на 4 коморен пресек. Стомачето на пресек му го гледаа, сите органи се на место каде што треба да се и правилно развиени. Папочна, постелка, се живо е одлично. Ехото е најбитно од се.
За приската јас многу не би се секирала, тоа е само статистика. За срцевите отчукувања, моето бебе во таа недела имаше 185, па еве го здраво, веќе три месеци не радува. Како напредуваше бременоста се намалија и отчукувањата на околу 140. Ако си во можност направи си пренатален за мирна глава. Јас воопшто не направив приска, јасно ми беше дека на 42 години ќе ми даде некои вредности што ќе ме извадат од памет.
Аман со таа приска баш ко шо имаа пишано во друга група во последно на секоја втора лоши резултати, стварно нема смисла стресови да се прават на трудници и тоа со компјутерска статистика
Еве, пак се слушнавме сега. Ми вика пак ти гледав резултатите од ехото, одлични се. Му спомнав дека се мислам за пренатален, ми предложи две варијанти. Vanadis, само трите трисомии ги испитува и пол - 400€. Или, Nifty Plus - 60 ставки, трисомии и микроделиции - 600€. До понеделник треба да одлучам.
1:200 значи 0,5% шанса да има тризомија 21, а 1:400 е 0,25% шанса за тризомија 13. Ако просечна жена на твоја возраст има дупло помала шанса за овие аномалии, тоа би било 0,25 и 0,13 посто шанси. Ако вака ги размислиш бројките, плус фактот дека носната коска била со нормална димензија, сфаќаш зошто е џабе паничењето и зошто во текстуалниот резултат ти пишува низок ризик (без разлика тоа што рекол докторот)? Теоретски имаш дупло поголема шанса за аномалија, ама зборуваме за пола процент шанса. Секако дека од пренатален тест или амниоцентеза нема посигурно, и ризик постои при секоја бременост, ама веројатноста дека има проблем е буквално кај една во речиси 500 жени со истите резултати како твојот. Да биле резултативе 1:50, и во текстуалниот дел ќе пишува висок ризик, и на ехо веднаш ќе реагирале. Барем за Даунов синдром многу ретко се пропушта на ехо.
Jas se mackam so pavloviceva (taa rozevata so bebeto) i vnatre izmesano edno celo sisence AD kapki - 30ta nedela sum sega seuste nemam ni edna strija na stomak, se mackam navecer pred legnuvanje i sabajle uste se osekja ubavo hidrirano "mrsnicko" mesheto
Честиткии! Мене првиот преглед ми беше вагинален на приватно а срцева реакција имаше во 5та недела После тој преглед ми правеа само ехо до сега сум немала вагинален преглед. Не се разочарувај ако нема срцева реакција можеби е рано, но може и да има па држиме среќа
Дали ако постелката е созреана а немам болки за започнат процес на пораѓај се закажува царски? Имате ли искуство со тоа? Би сакала да е природно, но на последниот преглед ми кажаа дека постелката веќе е созреана а главчето му е поголемо за 2 недели.. Би ми значело ако има некој искуство исто или слично да го сподели со мене
Мешиња, јас како го родив првото пред 9г, често со анемии си се мачев. Качи до 15, спушти железо на 2. И во втората бременост како останав трудна, ми се качи до кај 28 мислам (само со пиејќи пренатални, а можеби и јадење повеќе). Третава бременост како останав трудна го проверив и беше 9,10. Како проверувам крв од тогаш навака е се погоре. Пред 10 дена беше 28. Денес е веќе 33. Зошто вака? Што во ваков случај? Во Премама има 15мг железо. Да земам некои без железо пренатални? Ако има такви...