не знам искрено, не ја имав проверено од причина што имав позитивен тест и после една недела закажан преглед. Уште на првиот преглед имавме срцева реакција
Железото може да варира. Ако веќе ти се купени пренеталните пробај намали со храна што има железо како: грав, леќа, граѓок, зелени салати, какао, цвекло. Изгуглај храна што го апсорбира железото
Istovo i drugarka mi kaza. I mi vika i posle poragaj uste eden mesec mackaj . Ke zemam bash od apteka ad posle.
Јас со месеци терав со обичните фармерки само со ластиче на копчето и подолга маица да не се познава дека не е закопчано. Кога веќе треба поише место ради мешето, вреди да инвестираш во труднички фармерки ако при крај на бременоста те факаат ладни месеци. Ако си поголема на лето, подобро ќе поминеш со фустанчиња што можеш да си ги носиш и по бременоста.
Па купени ми се, Пре мама пијам ама може да ги паузирам и фолна да продолжам само. Па понатаму ќе си ги допијам... Се си јадам умерено, не претерувам... А глава ме боли чоече 3 дена чудно, како мозоков да ми е стиснат. А притисок добар. Може од железово да ме боли?
Женски кажете ми денес 18 недела од кога станав сабајле ме исцеди како вода пролив пролив .. што смеам да земам да пијам? Ми е страв да не направам проблем некој со проливов ..
Пробиотик земи. Диастоп е дозволен а е ефикасен. Варен компир, ориз, морков. Кока кола голтка по голтка, ама глеј она кога ќе отвориш првото што тече како пена тоа да го испиеш. Леблебија исто земи си.
Машала 33 е високо можно е дека не си навикната на толку високо железо па затоа да те боли глава, пиј си само фолна и млечни производи повеќе па ќе видиш како ќе е. Кај мене сега треба да проверам ако е повеќе од 14 убајна.
Моево има над 170 срцебиење и матичниот ми рече дека е супер. Според висока бета на приска ме тераат да правам нифти или амниосимтеза. Им реков дека нифти нема шанси да правам, амниосинтеза може. Резултатите од приска се со низок ризик ама бетата ми е висока, и затоа што сум речиси 35 има ризик. Ептен се изнервирав.
Со високо железо знам дека препорачуваат крв да се дарува, ама сигурно на бремени не даваат. Сестра ми исто имаше баш високо железо, башка вегетеријанец е. Консултирај др што би те советувал.
Кога се проверува таа бета? Исто другарка ја испотресоа и извадија од памет, па правеше нифти и еве ја лепотица каква шета до неа здрава права.
Па со приската, ова што е под PAPP-A, високо е и затоа има ризик. А доле се е со низок ризик. Вака доаѓа дека сите што сме повозрасни треба да правиме нифти. Мене уште од прво гледање, уште точка беше ми запнаа за нифти ама категорична бев и сум дека нема да правам.
Е па, во право се сите што пишаа дека најдобро е Приска да не се прави. Само резултати од Ехо да се следат, па ако има потреба пренатален. На крај излегува и дека срцебиењата се ок, па работава е само од Приска да се направи пренатален. Ама ептен сум на мисла сега и веројатно ќе правам во понеделник, само не знам уште каков да одберам. Си викам па да не паничам после од тие другите параметри.
Може и од друго да е главава Ама буквално станувам од спиење со таква тешка глава, некој притисок до уши. Реф вредност и тоа до 26 е. Мн е ова, особено за мене... Јавив на докторот од Ремедика, ми рече Премама да ги прекинам и да земам само фолна да пијам. Па ќе видиме како ќе биде понатаму. @LiquidLuna зш бе женски само Јас имам едно машко, едно женско. Мислам што и да ми кажеа, ќе бев посебно радосна Утре по 13ч ви кажувам официјално што е
Ако веќе сакаш да правиш некаква проверка, зашто не нифти место амниоцентеза? Освен финансиски фактор секако, пренаталните тестови се побезбедни од амниоцентезата, мислам дека општо секогаш се прв избор.