Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.091
    Допаѓања:
    22.236
    Пол:
    Женски
    Јас сум 32 год и матичен гинеколог и на Гак беа со ставот дека немам потреба да правам освен ако нешто поинаку не искочи, ама ако ми плати некоја од нив. Форсираат а не прашуваат дали имаш 30000 ки и повеќе за тоа.
    Не паничи, ти пишав која паника на другарка и ја направија, а на крајот од денот и тие се 99% не се 100% сигурно.
     
    На WhiteCat33, warrior, merriel0 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Затоа што од прв преглед ме тера да правам нифти со образложение дека сум стара, а на ехо бебе убаво се развива.
    Секако прво ме прати на консултации во Гак, да ме прегледаат, па и они да видат дали има ризик и потреба од понатамошни прегледи.
    Имам закажано и второ мислење, па ќе видам што понатаму.
     
    На H.VAGA и Spidy им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.091
    Допаѓања:
    22.236
    Пол:
    Женски
    Прв избор ако секој има да си дозволи. Многу е лошо да се наметнува а да не се воочи финансиската состојба и да се ,,набива” грижа зошто не е направен.
    Еве не ме сфакај лично, нафрлаш дека де побезбедни, прв избор , ама ајде стај се на мое место каде што ги немам тие финансии и да имам грижа на совест дека не сум направила. А никој не ги покрива тие испитувања…
    Ништо лично против тебе, само еве се надоврзав на муабетот.
     
    На WhiteCat33, Spidy, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Загин треба да го има јас од таму го имам купувано, секаде го има, честитки и гушки за бебе и мама
     
    На Maja92@ и Stela123 им се допаѓа ова.
  5. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Женски
    Mene me cudi kako moze vo vtor cas da e povisoko od prv cas. Sto znaci toa?
     
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Јас сум со тебе во истиов кош, и мене ми кажа матичната да го направам бидејќи иам 32 скоро, иако на скринингот беше се во ред. Приската секако од памет ме извади. Нема логика. Навистина неможе секој да си дозволи. Јас секој ден се будам во паника зашто не го направив тестот... Се надевам дека ќе биде се во ред... Гушкам :f:
     
    На WhiteCat33, BellaBibi и flower55555 им се допаѓа ова.
  7. Bubamara87

    Bubamara87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Здраво,
    Инфо и искуства за кој пренатален тест е најдобар?
     
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    4.990
    Пол:
    Женски
    Еве и јас од вчера сум со страв шо како е а баш си бев опуштена, со таа пуста приска и мене ме исплашија. Ама јас ке одам и на второ и на трето мислење ако треба а да правам пренатален баш и нема.
    Добро бе мајка ми ме родила на 31 сестра ми ја родила на 38, свекрва ми исто па незнам на ехо дали ги гледале а не па приска скриниг па и пренатален, нека се гонат у пм жими се се напнав од докториве, само во државна никој не те форсира на ништо овие матичниве кај не се способни уште пари си праат од трудниците. Мојов 500 ден ми наплати скрининг, сега ко ќе одам ако пак сака преглед нека ме прегледа слободно ама дека ќе добие пак пари за прегледот тешко, не ми е за 300/500 ден ме нервира шо не прат будали.
    Се испукав јас можи ќе се потсмирам малку, на мм досадна сум му веќе :D
     
    На merriel0, MeowMeow, warrior и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    11.359
    Пол:
    Женски
    Стара 35год!? Боже боже..јас родив на 34, цела бременост напредно бебе, и ден денес 2ипол месеци си е напредна. Постои ризик за сè и на 20год не дека не, ама нема потреба така да ти коментираат и да те плашат. Не значи на постари год ако се раѓа дека децата не се ок. Ако имаш сигурен доктор, стручен, му веруваш и знаеш што гледа на ехо, немаш потреба од пренатален. Јас и покрај стручен доктор правев пренатален паничев дека прво па така помирно спиев. Ама здравје за второ не би правела ако докторот видел сè што треба.
     
    На Anyshka, marama и flower55555 им се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    14.517
    Пол:
    Женски
    Само ради возраст да се прави пренатален тест и мене ми нема логика. Јас сум 34 год, со една нормална бременост и еден спонтан, и мене ми спомнаа да правам, ама реков нејкам. Сакав да кажам ако од било која причина имало смисла да се прави дополнителна проверка од редовното ехо, јас би одела повеќе на пренатален дека нема никаков ризик кон бебето, за разлика од амниоцентезата. Ама мора да се земе во предвид и тоа дека амниоцентезата е бесплатна, а тестовиве се над 500е....

    Не е баш нафрлање дека е побезбеден. Пренаталниот е тест на крв од вена, амниоцентеза е боцкање дирекно во матка, си носи одредени ризици. Затоа реков финансиски фактор на страна, сепак и тоа е дел од одлучувањето. Јас можев да направам, ми спомна и гинекологот, сите околу мене направија за вторите деца, јас не сакав. И мислам дека не е неопходно освен ако нема индикација (проблеми при зачнување, повеќе спонтани, претходна аномалија на плод итн). Ако има пари за давање, попрактично ми е да ги дадеш за чување матични клетки него пренатален тест. Затоа и постои втора (бесплатна) опција амниоцентеза, јас чисто искоментирав дека само ради возраст на мајката да се прави тоа ми е некако бессмислено. Ни прва ни последна нема да биде што родила над 30.
    Една дополнителна работа што треба да се земе во предвид е начинот на кој гинеколозите зборуваат за пренаталните тестови е токму тоа дека ти ствара грижа на совест дека од финансиски причини не можеш да го направиш, а реално некои од нив имаат ќар од тоа да се прават тестови. Ако може да ми каже дека еве ова не е во ред, било која мерка на бебето, и имам сериозен ризик од некаков проблем, па и кредит да земам за тест. Ама малце си постара и убаво е да си напраиш за мене не се легитимни причини.
    А ако имам вишак пари може да си направат тест дури и само пол да дознаам, ама тоа нема никаква врска со износување на здраво и право бебе.
     
    На Thor, Skyler, Skyler81 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.094
    Пол:
    Женски
    Не се нервирајте околу приската, јас на ГАК правев добро беше ехото, кај матичен пак добро, уште еден гинеколог исто добро. Приската некои броеви си дава. Се нервирав, па матична вика ок е, другиот гинеколог вика прави пренатален. Не направив.
    Мајка ми ме родила на 43 години после преживеан стрес (и починал син некои 6,7 месеци пред да остане бремена со мене) па еве ме здрава, права.
    Со првото 32, сега 37, не правам ништо освен задолжителните.
     
    На flower55555, intj_girl, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Пренаталните се форсираат последниве години зашто матичните гинеколози лапаат процент од лабораториите. Работам во тој сектор, така се функционира. Другарка ја исфорсираа да направи на 24 години ама ја осетија дека има пари.
    Јас ни со првото правев, ни сега со второво правев, а на попуст ми е пренаталниот. Едноставно ако нема индикација да се прави, лоша генетика, последователни абортуси и лоши мерки на ехо, не гледам зошто би се правел. Помодарство стана, а ако нешто не е во ред со плодот, не верувам дека некој би абортирал врз основа на пренаталниот, туку ќе трча одма на амниоцинтеза.
     
    На WhiteCat33, MeowMeow, warrior и 6 други им се допаѓа ова.
  13. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мајка ми имала два спонтани па ме родила мене на 42 години. Ни приски ни чуда, одлична бременост и јас фала богу здрава права.
    Јас имам 29 години веќе еднаш породена и без причина ќе ме праќаат да правам приска (уште немам прв скрининг направено). Реков не, ама ајде подобро е сите испитувања да се направат добив одговор.
    Нека биде, нека ми кажат на скрининг како е, па резултатите сами нека си ги гледаат. Пари за тестови немам, во ризик не ми се става бременоста, а и што и да биде на крај Господова работа е. Се почесто гледам и по ФБ групине како паничат жени, а коментари долу исти како и овде.
     
    На 5678m, flower55555, intj_girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
    Јас имав срцева акција 6+0, еден ден претходно bhcg беше 16900.
     
    На MikaV и NoraMK им се допаѓа ова.
  15. Monas95

    Monas95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Ајде искуства, Кога им ја соопштивте веста на вашите најблиски дека сте бремени:) ?
     
  16. NoraMK

    NoraMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2020
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    2.649
    Пол:
    Женски
    Јас незнам колку ќе биде тогаш бета, пошто е испитав на 14 ден после трансфер.
    Ќе биде уште плус 14 дена.
     
  17. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.056
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Na soprugot odma, na svekrva mi naredniot den a pak na drugite posle 2 3 nedeli.
     
    На Martka и Monas95 им се допаѓа ова.
  18. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Во врска со приска и пренаталните тестови :) Јас правев само приска на ГАК и излезе се супер, пред тоа 2 мислења за прв скрининг, еден приватно и еден кај матичната каде се беше како што треба.
    Искрено, доколку нешто на ехо не беше океј или лоша ми излезеше приската секако ќе правев пренатален, па колку и да чини. Зошто не за џабе се прават и приска и нифти и сите тие тестови, има некоја причина не се само статистики како што кажувате.
    Пред скоро време, другарка на братучедка ми си плати пренатален 600 евра без никаква индикација само за да го дознаат полот во 12-13 недела (facepalm).
    Друг случај - на другарка исто другарка, останува бремена со ин витро, приската и нифтито излегуваат со лоши резултати, иако на ехо се е океј. Таа решава да си ја тера бременоста иако самите доктори и кажуваат за ризиците и што тие резултати значат. Доаѓа 20 недела и гледаат дека ништо не е океј, веднаш го роди..такада, мој совет е да учиме на туѓи грешки и да си ја поминеме бременоста најспокојно што може, а не во постојани стресови и стравови, доколку истите може да се елиминираат со преглед/тест/земање крв или што и да е. Ова е мое мислење и не мора да значи дека е исправно, само сметам дека наукава, медицинава и сите овие испитувања не се дојдени до тука за џабе...
     
    На Misskirova, ALISA0000, Monas95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.091
    Допаѓања:
    22.236
    Пол:
    Женски
    А да ти е се ок од сите можни испитувања и да родиш и додека лежиш на бокс да ти кажат извини мајка ама детето е со даунов? Ај за утнување пол па и еве за мене не е битно ако е живо и здраво, ама другото?
    И утнати полови од нифти знам.
    Абе се е ок и нифти , ама ајде нека биде бесплатно? Или ајде матичниот ако ми го става црвот да ме јаде нека ми плати…
    И доста помлади од мене имале аномалии на плодот.
    Јас матичната ја одбив за скрининг зошто на клиника ми е бесплатно и далеку постручна др ќе ме гледа. Јас на матичната и верувам многу, супер ме води, веднаш останав бремена после лутање 3 години, она е исто дека немам потреба од нифти, НО знае дека идам кај доста добра др на клиника, ја знае и која е и ми вика и она самата да не си помислила да смениш друг др.
    Па молим лепо али на 32 не сум стара. На светско ниво се поместени границите за раѓање, они тука на 32,35 год ќе не прават стари, абре марш.
     
    На MeowMeow, CarrieBradshow, Stela Maris и 3 други им се допаѓа ова.
  20. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    4.990
    Пол:
    Женски
    Точно нека ми плати матичниот одма одам и ск ако треба и ќе напрам пренатален.
    Колку и да си велам се е во ред и да не се нервирам, потсвесно не сум ок неможам да спијам. Значи матичниве ко секта некоја кај кој и да одиш сите ти вртат филмови за пренатален. Па пред 5 години ко бев бремена кај 3ца доктори одев ниту еден не ми спомна за пренатален, не ни знаев шо е, ова сега психички ќе те измалтретира за да подпадниш под влијание и да се позајмиш и да појдиш.
    И дај ве молам погоре читам примери од рекла казала приската не била добра скринингот добар и после во 20 недела го губи бебето, значи две страни наназад се испишаа од 10 жени можи шо сме во таква ситуација, и шо треба сега да се отепам шо неможам да си дозволам пренатален.
    Во ред блазеси ви на на вас шо можите да си дозволите :bow: ама да се шири страв и тука на форумов не е убо, и јас сакам да сум спокојна како вас ама ете неможам да си дозволам. А јас да видам не верувам дека скринингот е во ред и ради приската се десило шо се десило ама ај.
     
    На WhiteCat33, .brm., CarrieBradshow и 3 други им се допаѓа ова.