Би ти препорачала бисглиценат, најдобро се апсобира и не прави дијареа. Јас лежам од 21ва недела и морав да примам 1500мг на ден. Цитратот ме цедеше и воопшто не ми одгивараше и правам комбинација - 1000 глиценат, 400 цитрат
И мене ми е страв веќе сум 22 недели непланирана бременост. Имам 23 години со дечкоми сме скоро 2 години заедно не пазевме и ете се случи. Среќен е ќе стане татко и јас сум среќна прекрасен човек е но он е постар 30 год и веќе и време му е. Јас сум 5та година медицина како ќе полагам како ќе учам со дете како ќе биде се имав толку планови за иднината специјализација па странство па кариера и сега се падна во вода. Уште не сум им кажала на моите дома не ни знам како да кажам без да ми кажат дека сум разочарување дека ништо исправно не направив нели прво заврши факултет, вработи се , најди партнер па брак.. а не одма детето. Сакам детенце не викам не го сакам тоа мало нешто али се во мене вика дека избрзав, многу ми е тешко не сакам да се откажам од мојот сон и иднината на која сум се посветила цел живот...
Девојка од генерација што ми беше, исто 5 та година роди дете. Заврши факултет, работеше општа , па запиша специјализација. Паралелно роди уште едно ама си ја тера специјализацијата и нема намера да се откаже. Доколку имам подршка и помош од партнерот ништо не е невозможно. Верувам дека и родителите ќе ти помогнат со детенцето, за да се посветиш паралелно и на учењето. Верувај дека сите коцки ќе ти се наместат. Кариера и со дете се гради.
Фала ти ми даваш надеж но сепак можеби порано раѓале млади , сега сите стануваат мајки на отприлика 28,29,30+ ете едноставно кога ќе им се среди животот и се чувстуваат стабилно и си имаат среќна бременост а не исполнета со грижи и непознато..
Животот не е ни приближно среден на 30 години... Па посебно не со работа во здравство, со чекање сто години за решение... Никогаш нема да се осеќаш стабилна и спремна за дете, а понатаму може само повеќе да се искомплицираат работите. И јас сум во здравство, ми требаа 10 години за да се вработам, кога конечно добив решение на 35 години и почнав да размислувам да правам нешто на тема деца, фати пандемија и пак неизвесност. Сега нити сум мирна, нити уживам во бременост, цело време сум во страв да не се случи нешто лошо. Затоа биди среќна зошто немаш никаква причина за загриженост верувај ми. Најдобро поминаа тие што забременија апсолвенти, и факултет завршија и сега имаат полнолетни деца.
Јас првото на 22г го родив, второто на 24г и на 25г дипломирав. А истата година подоцна и за кола положив. Децата ми даваат сила, се што сакам успевам да си завршам. Може е потешко, ама без откажување. Ќе биде се како што треба А на твоите да кажеш, шанса нема на такво нешто некој да не се израдува. И на моите и на маж ми неговите кога соопштивме (двајцата по 22г), се израдуваа. @снежана2023 од Стружанка од Автокоманда. Ќе ги сликнам утре, само незнам на слика колку ќе доловам какви се..
Втора бременост, од првата доењето ми заврши пред 10 месеци. Сега сум 11 недела и брадавиците ме пржат како после доење. Исто на брадавицата кај што беа каналите гледам исушено бело (најверојатно млекце). Да мачкам нешто од сега или рано е? Ќе прашам и доктор ама до термин имам уште 12 дена.
Па имаат само хеланки (тегет и црни) и тренерките тегет. Од Автокоманда тој, што е во редот со слаткарницата Мандарина, на странава кај кафичот Аристократ. Имаат и маици труднички, ама тоа не ми требаше и не ги ни видов тие... Тренерките се со ластик убав растеглив горе. Спојлер: Тренерки А хеланките се подесуваат како расте меше (со ластик и копче) Спојлер: Хеланки Мокри се уште дека ги перев одма, неможам да ви се сликнам со облечени сега. Ама прееска ги пробав кога ги донесов дома, тренеркиве ептен мерак ми направија, како панталони стојат. Памукот одличен. Јас среќна што и висока сум и тешко наоѓам нешто што ми одговара, а овие топ ми дојдоа @gothchick и јас од старт имам по брадавиците така белко и исто такво чувство имав се до скоро. Дури еднава ептен ме чешаше еден период, а сега веќе ми се смири 14+5 сум. И јас тогаш малку се подзамислив и мислев на феминава да прашувам, ама случајно и на апликациите прочитав дека за тие недели тоа дека нормално било кај некои жени да се појави. Само си ги чистев со водичка на бањање и толку... Едит: Дури и во прслук внатре имав белко перутаво (засушено млекце најверојатно).
Отсекогаш сакав да бидам млада млада мајка, ама Господ имал друг план. На 33 здравје се да биде во ред ќе станам мајка. И апсолутно не ми е се под конец средено, ама еве директорката што ни е во фирма бркајќи кариера е 55 години и вика животот ми отиде по кариера , не стигнав ни да најдам некој ни да си родам дете. Ме наврати на една девојка што ми правеше нокти пред 10+ години. Средно медицинско учела и останала бремена. Дечкото ја откачил, млад и тој. Завршила школо. Вика сама научив занат, си положив за кола, запишав факултет и за кратко се префрлам во таа бранша, ако имам време ќе работам дома. Подршка имам од моите , помагаат со детето и можам и ќе успеам се. Ти можеш, вие ќе успеете, само слога и подршка еден на друг. Па и надвор од државата не ти е пропуштено. Фамилијарно можете да се преселите и да успееш во се. Се ќе биде, верувај не се откажувај.
Ние сме по две години разлика, па терале некако. Финансиски е тешко дур пораснат, ама еве сеа па ние им помагаме на нашите. Ги изненадуваме со патувања и слично. Кога се венчававме во црква попот врза два чвора ( нели колку чвора толку дечиња ) и му викам врзи уште два ја сакам 4 деца и стално викам господ четири да ми даде. И кај сите да даде, ако не толку барем по едно да се радуваат. Зошто секој втор пар се мачи со неплодност.
Ај по втор пат да се пријавам во темава, вчера правев тест, позитивен е. 4та недела сум според последна менс. Да закажам одма кај матичен или да почекам уште недела две? Првата бременост ми рекоа после 5-6 та недела, претходно мн рано било
Со лесно! Најдобро за 2 недели закажи. Ама и тогаш може да е рано за срцева реакција... да не се грижиш ако тогаш не слушнете..
Значи сонувањето во бременоста ќе ме уништи. Сонував како сум го изгубила бебето, се изнаплакавме во сон со мм, а бебето мрда. Дури и инсеминација ми правеа пак. Леле што ти значи психа и тешко минато (борбата со неплодност 5год) Станавме од кревет и двајцата, ме виде дека сум вознемирена и си седнавме кафе да си пиеме пред зори. Многу ми е поддршка значи, се повеќе и повеќе го сакам. Не знам зошто викаат луѓето- како поминува време бледее љубовта останува само навиката Добредојдовте нови ајде да се собираме што е можно повеќе И со лесно да се изоди патот.
Нормално е во бременоста да се сонува повеќе,и тоа многу живописни соништа баш пред некој ден слушав една емисија за тоа, не се секирај сите ги имаме. Опушти се и уживај во бременоста, само позитивни мисли и релаксација.... ќе биде се во ред. Инаку за љубовта и јас често си мислам дали со доаѓањето на дете таа ќе ни се намали или преминува во некој друг вид на љубов...поради немање толку време за посвета еден на друг. Нека кажат тие што веќе го искуствата тоа.
Јас сум човек што и пред да останам трудна сонував многу. Откако одтанав трудна тоа беше страшно, со тоа што од седми и осми се намали интензитетот, но деновиве почна повторно. Страшно! Те разбирам како ти е, ама at the end of the day, сон е, уживај си во бременоста, имај убава мисла и сѐ ќе биде во ред