Кажувајте спас за болки во долен дел на стомак, ни магнезиум не помага. Не верувам да е нормално вака постојано да ме боли. 15та недела сум. Имам дома и мало дете од 12 кила што го кревам често во денот. Знам дека не смеам ама едноставно нема како
Имам упат за на ГАК на специјалист за да ми дадат мислење. Дали можам наместо на гак да одам во систина на обичен преглед и да им кажам да ми напишат “мислење”? Дали се плаќа нешто плус? И дали ако еднаш отидам таму, ќе мора постојано да вадам извештаи (пошто нели, вадам патолошка). Немам инаку проблем страв ми е на гак да не не ми дадат
Можеш да си закажеш ехо преглед во систина,на прегледот на докторот да му кажеш дека ти треба мислење за боледување и ќе ти даде. Мене не ми беше ништо повеќе од прегледот наплатено. Не е битно од каде е мислењето,битно да е специјалист. Потоа можеш од гак да си вадиш. Ама ако немаш некоја реална причина ќе ти требаат врски на гак,за да ти напишат нешто.
и мене исто, не дека се болки туку некои нелагодни повремени боцкања..15+3 сум..почнав и мг ама не ми проаѓа Сите околу мене ми викаат нормално е дека прва бременост, матката и се си се шири.. Инаку ме гребе грло и поткашлувам, пијам топло млеко со мед ама ми треба и нешто за на работа. Читав да ги земам пантенол пастилите на Галеника, во зелено пакување. Смее така? Или стрепсилс?
Мене 2х250 ми рекоа да пијам, ама пак сум и јас со грчеви некои, особено навечер... Мене и колкови почнаа да ме фаќаат, ми се здрвуваат од болка и додека се раздвижам после седење или лежење боли како ножеви да ми боде некој Истово го имав со колковите и со другите бремености, ама подоцна во бременоста. И јас сум од денес полна 15та..
Ми препорача докторката чај од жалфија (бев мн болна цела недела грип, кашлица) 13 недела сум инаку А овде некаде читам дека не е препорачлив во бременост... Имате некој пиено? Исто така и сируп од темјан и јаглика на природна база за кашлица , ама еве џоа и за тоа на своја одговорност да пиеш оти немало истражувања за темјанот и јагликата.... Аман И да додадам дека живеам само на чај и некоја трошка попара леб и јогурт. Немам ич апетит. Незнам до кај ќе се оди вака , загрижена сум за себе си
Мене за кашлица многу ми помогна сирупот Алпенкрафт на природна база е мислам околу 750-780ден е 250мл.
За намалена плодова вода ме индуцираа во полна 36та. Не се отворив повеќе од 2цм. Ме породија царски 36+2.
Nekoja so papochna hernija vo bremenosta?Nachin da se ublazhit bolkata dodeka da se porodam I da se napravam operacija?
@Besbes24 те мислам Иако трета бременост, прва во мојата возачка кариера Сум читала и видела видеа дека не е убаво каиш на стомакот доле да се става, па има некој додаток за побезбедно врзување. Се наоѓа такво нешто кај нас или само на Али? Или некоја финта за побезбедно врзување со каишот?
Најбезбедно е под стомакот. Ако си во сообраќајка и ти е нагоре на стомакот или надоле со тие додатоците, значително се зголемува ризикот од внатрешни повреди. Треба точно на карлицата и преку градната коска да биде. 39+4 денес, си возам најнормално. Со првото дете сама и си возев до болница кога ми пукна водењакот.