Јас кога отидов на контрола после првите 10 клексани, резултатот за димерите ми беше 1800 и веднаш ми ја прекинаа терапијата, само ми рекоа да дојдам пак на контрола за 2 недели. Па после 2 недели испадна дека се покачени на 2700, и докторката ми рече дека во случај да бев 8 месец, ќе беше сосема нормално, ама како јас го завршувам 6 и имам уште доста до крај, ми препиша уште 10 за да се намалат димерите уште малку. Од моето искуство, сметам дека немаш потреба за клексан,ама пожелно е уште неколку пати да ја провериш крвта во наредните месец- два за да видиш дали остануваат на исто ниво или растат. Инекциите се многу мали и не се болни воопшто, по состав им пишува дека се антикоагуланти, успешно ги разбиваат димерите и ја помагаат циркулацијата, може дома било кој да ги стави, а фонд за здравство ги рефундира парите после некој месец, така што и тоа не е толку страшно, немој да се паничиш. И јас првиот пат кога дознав се извадив од памет и се трескав од земја 2 дена, ама не е крај на светот.Бебето ми е супер,со инекциите знам дека му помагам полесно да диши и да се храни. Консултирај се со втор гинеколог и одлучете како мислите, мојот совет е за 2 недели да ги провериш уште еднаш и доколку растат, тек тогаш да примиш терапија, инаку 1790 е сосема добар резултат според мојот трансфузиолог и доктор.Јас кога имав 1800 одма ми ги прекинаа инекциите. Јас последниов месец исто не се чувствувам пријатно при сексуални активности. До 5 месец немав гајле, ама сега веќе и јас ја губам желбата и потешко се возбудувам, најверојатно бидејќи мозокот ми работи на друга фреквенција и си прави филмови за друго. Мислам дека немаш потреба да се плашиш, нема да остане така до крај. Не мораш да одиш до крај со сексуалните активности, уживај само во предиграта и милувањето, задоволете се рачно или орално без пенетрација и другото ќе си дојде само по себе со тек на време, не го форсирај ако не доаѓа спонтано.Јас барем така си правам, па за понатака, ќе видиме.
добро утро мешенца. Јас со кафенцето пред мене да ве зирнам ( очигледно само јас пијам кафе ко луда ) хаха.. КОлку што повеќе ве читам толку повеќе свакам дека јас не сум на истата бранова должина со вас останатите мешковци. очигледно вие повеќе се пазите а јас не обраќам внимание. хммммм...ви праќам поздравче
Добро утро и од мене мешиња. Јас наместо со кафе во рака сум со чајче во рака и пред лапотопот набрзинка да ве читнам па одам во град на прошетка. Денес времето е ту сончево ту облачно и ладничкооо таман за прошетка. Ве поздравувам и се читкаме покасно
Е сега конечно добро утро и од мене Станав со болки во половината и во колковите ко да ме згазил камион ама полека поминуваат...времево тука катастрофа ладно мрачно дожд ветер страшно Денеска имам некое страно чуство ме фака страв дали ке биде се во ред на контролата во понеделник дали ке има срцева реакција чудно чуство..... се надевам се ке биде во ред ...... Ви посакувам убав ден
ете сум и јас тука, ве поздравувам , денес сум се излежувала до кај 10:30 во кревет а тоа непамтам од кога не го имам правено,хеххехе инаку се мислам утре да одам до на лекар, од сношти некако го осекам згрчен стомакот, неможам да се исправам баш убаво, се надевам дека нее ништо страшно ама не сум ич мирна а за испитувањата јас мислам не од град до град, туку од доктор до доктор се различни... а во однос на темата односи немам што да искоментирам ич не сме активни на тоа поле
мамички ајде повелете кој е гладен направив ручек и сега го чекам мм да си дојде домче да ручкаме инаку noellePage i meu да ви се живи здрави и весели бебчињата . леле меу а јас пак си викам рано ни е значи може во секој момент и моето срцуле да дојде се надевам дека се уште ќе не дружите ви посакувам пријатен ден мешиња
добро утро и од мене јас дури сега ставам, денеска се наспав убаво.Денес сум пак на преглед, и да ви кажам веке се изморив од овие прегледи на секои 10 дена аман векеее ке ми се створе фобија од лекари ама за малечките бебиња мора се да се прави. ве и
Ми се чини или од сите трудници тука само јас одам на работа. Кој се излежува, кој си шета, само јас работам и ве читам и ви завидувам. Ама ајде ќе издржам уште месец и пол, два, па после ќе уживам и јас. Што и да правите, имајте убав ден.
Подобро е што одиш на работа и се движиш. Плус немаш толку време да се замараш да гледаш дали имаш стрии, колку си се поправила, и слични работи. Aјде уште малку па ќе се гушкате со буцето и ќе уживате заедно.
И јас полно работно време од 8-9 саати и читам овдека и си замислувам како би било по цел ден да лежам, шетам и пратам труднички муабети
лелел не си само ти, јас треба сега од наредната недела да патувам два пати неделно до охрид и назад, ама се тешам дека тоа ке биде само октомври, додека да најдам некој за таму за канцеларијата да работи мешенца дај кажете ви се случува и вам некој ден да го осекате малку бебенцето??? кај мене сношти и денес малку еактивно, ама викендот секоја секунда го осекав, да не се изморило шала на страна, сериозна сум, или може има врска со тоа што го осекам и мешко некако згрчен
И јас сум со полно работно време. И да, морам да користам секојдневни влошки (иако знам дека нечини) затоа што неможам по 3 пати да се мијам и менувам гаќи ете така да си знаете
Јас не употребувам секојдневни,ама морам да признаам дека ми е смачено од замивање и гаќи менување.Од порано користев секојдневни повремено,за специјални прилики,кога излегував или кога одев на некаде.Сакам да прашам мешиња каква боја ви е секретот? Мојот варира,некогаш е млечно бел,некогаш жолтеникав.
Ај ние што сме работничката класа да си попраиме малку муабет. Како ви е планот со работното време до крајот на бременоста? Мене ми рекоа на работа до крај на 7 месец дека рачунаат на мене, после тоа да доаѓам скратено работно време по неколку саати до официјалното одење на породилно. Така што имам уште еден месец нормално и после тоа веројатно ќе доаѓам по 4 саати на работа. Кај вас како е?
И јас се нервирав додека бев времена сто пати миење и менување долен веш. И кажувам на гинекологот и ми рече да си носам секојдневни да не се замарам толку. Само да гледам да не се парфимирани.
И кај мене варира, некогаш е само водест и се суши, некогаш е погуст, ама со оглед на тоа дека брисовите се ок, не се замарам со тоа. Дури некогаш и различно ми изгледа според бојата на гаќите , ама со оглед на тоа дека сериозен процес се случува во стомакот, на сите течности и промени во организмот, овој се исцедоков е ситница
Добар ден и од мене до сите трудници и ме интересира дали е можно докторот да го згреши полот на бебето, односно до сега бев на преглед во 16 нед. и 20нед. на скрининг и 2 пати ми потврди дека е машко ама овие денови ми се врти помислата дали е можеби грешка нешто или јас само си умислувам работи, инаку на преглед сум за 2 недели па пак ќе го препрашам, затоа што знам случаи каде што докторите прават грешки.
Еве сега уште нешто да кажам бебушот е супер, пораснал машала. Плодова вода има доволно, плацентата е супер и најважно од се женската се свртила со главцето надоле. Значи денес докторката не испофали, само да продолжи така. За работно време еве јас во осми влегувам и работам 8 саати ама на поштеда сум па работам само ако морам, да си бидам искрена. И докторите се луѓе и тие грешат ама тоа е ретко така да би ти рекла олабави се што сака нека биде само да е живо и здраво!
Па тоа викам и јас дека се сосема нормални и дека нема потреба да се прима никаква терапија а за понатаму може да се направи и второ и трето испитување нема никаков проблем. Зборев и со други двајца гинеколози кои според мене се многу по стручни од матичниот кои ми рекоа дека навистина нема потреба да се прима сега терапија и дека би било ненормално сега да се боцкам бидејки нема потреба. За инекциите навистина не се плашам и не ми е ни за пари ни за ништо, туку сум изреволтирана што така од ракав ти ги избацуваат наодиве и терапииве а воопшто не ги земаат во предвид сите околности. Како и да е решив да не ги примам и знам дека господ е на моја страна и дека нема да биде ништо страшно , тоа од внатре го чувствувам па затоа здравје за некоја недела ќе направиме пак испитување па ќе видиме што ќе биде ... поздравче и тханкс... убав ден