Зошто им потќутнуваме на докториве?Речи си слободно, бебе да си видам ајде да видиме колку се здебелило не им се плаши. Јас не заминувам еве ти кажувам дури не си распрашам се.
@Pavlovska Jovana да си смениш доктор. Породи се , живи здрави бидете и да си смениш после. Еве јас денес последен пат бев кај матичната на контрола ( 36та сум продолжувам на цтг во чаир ) брисеви ми зема, на ехо ме гледаше, и 20 мин ми објаснуваше кој се вистински, кој лажни контракции, што да правам ако ми пукне водењак, техники на дишење и кој се причини за да ти закажат царски. На крај ми рече ја цитирам " за што и да ти треба мислење, совет , подршка да се јавиш и да дојдеш " . Секогаш викам најважно е да имаш доверба и добра комуникација со докторот што си го одбрала.
Може пак ќе си биде природно, а и царски не е страшно, ниту пак значи дека нема да можиш ништо да правиш. Јас 5ти ден дома како пуштаат одма скали си качив, дете си капев, не се ни свиткав, опоравувањето беше деновите на болница, може зедов еден,два кетонали дома не се сеќавам. Совет од мене ако дојде до царски почни да шеташ од 2ден не залегнувај, тоа е спас.
Дај Боже пак да биде природно, само тоа сакам! Имам неколку гинеколошки операции со многу тешки закрепнувања, а и знам дека не смееш долго време да креваш...не би издржала да не си ги држам двете бебиња во раце
Добро утро... Пред 2 недели имав крварење (црвено и кафено помешано во старт), а после 3,4 дена ми се доцедуваше кафен исцедок само и скроз ми престана. Значи некои 10 дена немам ништо веќе. Сабајлево станав и ме пресече некоја болка, како се вртев во кревет така ме тегнеше како бодеж. Станав, се раздвижив и ми се смири. Ама бев до тоалет после, на гаќи океј бел исцедок.. а на бришење бел исцедок со светли крвави конци. Да се сеќирам или? Сте имале вакво нешто? Ништо вака не сум имала со првите две, па незнам што да правам... Да следам ако недај боже прокрварам, да одам на лекар? Во случајов само со конциве крвави ништо да не превземам? Болки, грчења, тегнења си имам повремено, ама за тие сметам дека е па нормално...ширење на матката.
Така ми беше и мене со втората бременост (сега ми е 3 бременост)и докторката но бидејќи се преселивме и морав да барам друга докторка. Оваа сега ми изгледаше за пристојна жена и нормална ама искрено премногу е непромислена и се гледа набрзина ама ај викам ми остана уште малку да не мењам сега доктори а и потешка е процедурата за да се смени матична кога веќе една почнала да ти ја следи бременоста... Ситно бројам ке издржиме
Пред некоја недела имав и ја така конци на бришење. Веднаш отидов на контрола зошто се плашам од претходна бременост бев со скратено грло. На преглед докторот виде мал хематом и ми рече да одмарам барем во најмала рака до 14 та недела. За да ти е мирна главата тркни да те зирнат. ќе биде се во ред.
Уф, многу пати веќе бев на ехо периодов и да не е штетно веќе толку ехо за бебето Ќе видам во теков на денот ако пак имам, ќе отидам..
Живо здраво мајка. И јас бев разочарана дека завршив царски ама нема никаква врска ќе заздрави рана, важно сте добри двајцата. Чекај сега да ти го донесат на гушкање
Не е штетно ехото прашав јас, оти одам и кај матичниот на преглед и кај специјалист за извештај за клексани, некогаш ке се погоди 2пати во 10дена зависи од терминот. Јас па немам никакви болки, и затоа ме фаќа паника малку сите вие пишите дека сте со минимални болки кај мене ништо не осеќам, а стомаков машала посебно навечер ко во 5ти да сум..
Имав и јас скоро светло крвави конци на бришење, излезе дека е пукнат капилар. Ми препорачаа само повеќе одмор и без напнување.
Го разбирам првичниот момент, сепак е операција, но најбитно бебето е живо и здраво и си го гушкаш и мирисаш Здравје Боже следното може ќе биде природно, зошто да не
Дали има некоја трудница што се боцка со клексан или фраксипарин ама преку еден ден? И за каква индикација ви го дале ? Јани сега ме остави цела бременост со клексан ама така уз муабет дали ова би било терапија за секоја бременост во иднина доколку би сакала, рече не мора да значи, може да ги дадеме и преку еден ден ако напредува плодот. Најмногу ми го даде заради протоци, зошто со првото имав проблем ваков, инаку генерално за тие мутации што ги имам, сакаше само со аспирин секој ден да ме остави како терапија