Мој совет. Немој да одиш кај различни доктори нонстоп. Зашто ба скрининг кај еден па кај друг? Мислам твое си е,ама според мене не менувај често. Оди кај двајца ама да ти ја знаат цела состојба. Мене освен матичниот и Ремедика за скрининг никој друг не ме виде.
Другарка од четврти месец имаше лакуни на постелка, живо здраво дете роди како јунче е. Непушач и она. Мислам дека и повеќе созреана постелка за неделата која беше имаше па си го износе до 39та недела. 3900 се роди бебушот. Мене во чаир ми рече еден доктор калцификати ( мислам дека така беа) сум имала ( пушач сум) ме испиначи, отидов кај докторот што ќе ме пораѓа ми рече дека за неделата што сум постелката ми е супер така да некогаш само лаат на празно да не исплашат.
Не е страшен. Јас мерев ваков по 2мин 130/80 варира, апче ми рекоа ако не мрда од 140 подолго време. Прво мерење да е после 10мин седење и пак две три мерења се неопходни, едно не брка работа, освен не дај боже ептен висок да е.
Пред еден саат ми беше 156/89, испив две апчиња наеднаш. Главава ме скина. Не знам дали треба да одам на дежурен или да чекам да делуваат апчињата. Тек сум 16+6... Не знам како ќе биде понатаму...
Кажа на матичниот гинеколог за притисоков? Иста бев како тебе уште од 14та недела ми се качува. Јас пишував на некоја членка што се ме прати докторката од ГАК да испитувам ама не знам ба кого беше. Твојов притисок воопшто не е за занемарување. Доколку се качува цело време во период од 3 недели после дадени метилдопа по потреба, почнуваат да се пијат како редовна терапија.
Кажав рече бедоксин да сум се напиела... Па да се правеле опсежни испитувања дали имам притисок... Дрн дрн... Сега лежам, легната кога мерам понизок ми покажува ама осеќам дека имам уште. После колку време делуваат апчињата?
Максимум после саат. Би требало и побрзо. Направи ги преку крв испитувањава и нека те прати на ГАК, цел оддел имаат за ова таму. Не дај боже може во преекламсија да прерасне, многу е сериозно. Јас сум на боледување моментално, ми се качуваше на работа многу.
И јас сум, до сега немав некои тегоби, ама очекував вакво нешто, покрупна сум и во години и се знае дека сум за боловање. Фала за советов, ќе побарам упат за ГАК, па ваљда сум во сигурни раце.
29ta nedela si seuste 7mi mesec, vo 8mi se vlaga od 32ra nedela ☺️ Jas sum 31+3 momentalno i isto taka nemam seuste nisto kupeno i pocnuva da me fakja panika deka nema da stignam sve da kupam, sredam, isperam, ispeglam i naredam na vreme, pogotovo bidejki seuste odam na rabota i sum utepana doma koga ke si dojdam a za vikend punam baterii pa ne mi se mrda neka me utesi nekoj deka ne sum edinstvena....
Почни да си купуваш на време зошто мн ситници се, поготово ако ти е прво и ништо немаш купено. Како што ќе доаѓаш при крајот верувај нема да имаш желба за долго пешачење и пазарување. Јас тогаш мочав на 5мин, кичма болеше, бебе тежи, едвај се движев а бев со нормална килажа, така да собери сила и полека на шопинг
Оди си на доктор да ти дадат терапија. И јас качив во второ тромесечие никогаш до сега сум немала. Ми дадоа метилдопа на 6 часа и дијазепам навечер. Го регулирав околу 120-130 се движи, ми кажаа ако е уште висок ќе покачат доза. Ќе те пратат да направиш и лабараториски анализи. И боледување даваат без проблем. Мојот доктор го сфаќа пресериозно, ми рече да не ми е над 125, иако некои викаат од 120-140 е нормален кај трудници. Сега си сигурно и испаничена, но не се секирај со терапија ќе си биде океј. А во случај на многу висок ми кажа исто докторот да скокнам до болница да ми удрат инекција дијазепам за веднаш да го спуштат.
@Tea SK @intj_girl Какви симптоми имавте па да мерите притисок? јас до сега не сум мерела ич, освен во прво тромесечие кога имав јаки главоболки.. Сега да не треба често да се проверувам?
Искрено да ти кажам јас и немав никакви, сите контроли и скрининзи ми беа океј. Случајно мереше свекрва ми со дигитален апарат и викам ај и јас гледам 167 и не поверував зошто не ми беше ништо. Мислев апаратот не и е океј. За една недела бев кај матичен на редовен преглед и таа не ми спомна туку јас на неа. Викам може ли да ми измерите притисок и таму ми беше околу 150. Ми даде два пати дневно метилдопа, аспирин и магнезиум и да мерам да и запишувам како делува. Јас бев исплашена и вознемирена пиев лекови ама не мерев од страв, во недела и понеделник мерев пак висок и отидов на специјалист во Систина. Таму исто висок, ми боцнаа дијазепамче. Се стабилизираше уште таму, спиев дома, продолжив со зголемена терапија и така сега си одмарам и пијам лекарства и добар е притисокот. Не знам зошто не е практика кај матичните на секој преглед и притисок да се мери кога знае да направи многу компликации.
Општо треба да се мери притисок во бременост, барем еднаш месечно, па ако покаже зголемена вредност и само еднаш, тогаш и секој ден се следи, зошто ако еднаш се качи, понатака во бременоста има шанса и континуирано да биде зголемен. Гинеколог од Чаир во првата бременост ми рече ако добиеш 3 последователни зголемени вредности (над 140), треба да се реагира. Симптоми може и да немаш, ама обично на многу високи вредности се жалат на главоболки.
Здраво, кога го осеќате бебенцето на мрдање во кој дел од прилика е тоа?Јас некако како многу ниско да го осеќам или нормално е тоа? Баш одма некаде над срамната коска кај препонот тука некаде, дури во Сабота сум на контрола и втор скрининг кај докторот кој ме следи, поминаа 4 недели бидејќи така ми кажа, за 4недели да се видиме и сега во мисла сум цело време дали е се во ред незнам како ќе издржам до сабота инаку утре ќе бидам 20недела
Дали мислите дека е нормално секој ден по два пати ми пука капиларче во нос, го осеќам капка две се собира и како неугодност ми е затоа и го приметувам. Не ми течел крв од нос интензивно досега во бременост нит па и предходно. Притисок у глобала ми е 90/60.
Јас со првото немав никакви проблеми со носот, ама со второто секогаш ми тече крв од носот или кога и да чистам или било што имам дамки од крв.. како што прочитав сето тоа било нормално во бременост ама ми требаат искуства , секако ќе прашам и во петок на контрола. 23+3 недела сум
Не се грижи, матката моментално ти е до папокот и бебето се осеќа од таму надолу и затоа имаш чувство дека е многу ниско. Лесно на скрининг и барај да ти мери грло- мене тогаш ми мереа- на 21ва едит: јас од тој период го осеќав буквално на клиторис, прејезиво беше