Мене ми бучи главата, пулсирања осеќам во слепоочници. Кога ќе се качи над 140 ми светка пред очи. Еднаш дур и повратив од тоа.
Мене непцата често ми крварат, и во првата бременост и сега, ми рекоа нормално е зголемена е циркулацијата. Пиј си витамин Ц.
Е убаво се качил, иако најопасен е долниот што не е сега многу кај тебе, пиј си Метилдопа по мене редовно не по потреба ама доктор ќе ти каже најубаво. Мене матичната секој преглед ми мери кај неа е ок попладне ми се качува така да сама регулирам со магнезиум и б6 или дијазепам. Мислам периодов жени не страдаме само ние од што е февруари топол слушав општо страда цела популација.
Da obavezno da ti napravat ispituvanja da ne imas preklampsija.Odi na Gak i bez upat veruvam deka nema da te vratat
Женски, давајте совет. 15+5 сум, цела вечер ја поминав со страшни болки во цело тело, темп до 37.2, и ненормална болка во грло и нос..Се напив далерон зошто не можев да издржам. Општ матичен утрово ми даде сируп од исландски лишај, оперил за деца и далерон по потреба на 8 часа. Гинекологот ми одобри, рече во ред е. Сега мерам 38.1 температура, никогаш не ми било волку лошо се плашам и за бебчето.. Освен супи, цеден сок и туширање што да правам друго? Од кревет не можам да станам, мислам дека главата ќе ми се распадне..
ми беше исто и мене во 15та недела. Освен витамини, супа и туширање мене ништо друго не ми беше препорачано да внесам. Парацетамол ми спомна ако можам мах 2 пати на ден, но ако можам да издржам и да не го ни внесам. затоа мој совет повеќе витамини овошје и зеленчук, би требало да помине за 2 дена. Околу бебето не би требало да се развие никаков проблем, но консултирај се со гинеколог
Devojki imav pregled na 6 ti fevruari i tek sleden na 28 mi .t.e naredna nedela Da ne e mnogu tolku vreme bez eho se mislam ?
Мене главата ме боли, не можев да заспијам колку и да се трудам, а и вратот ми се укочува и тогаш знам сигурно дека ми е притисок.
Бев ноќеска на ГАК, таму ми беше 157/87. И со Дијазепам инекција не се спушти под 140. Ми рекоа метилдопа 4х2. Испив сабајле и сега по две и сега дури ми е низок притисокот ама подобро вака. Фала ви на советот и добро што отидов вчера. А бебето клоцаше на ехо па заборавив дека ми е лошо
Мајка ми е со многу висок притисок и на терапија со години. И скоро земала некои апчиња на природна база од лук, ем терапија ем тие и и спуштил притисокот нормално, а од што е научена со висок со таков неможе да функционира А знае да и биде висок и покрај терапија... Прашај дали смееш и од тие апчиња да зимаш...
Ќе видам, ова инцидентно ми рипна и ќе видам ако немам потреба ќе пијам помалку, сега за сега еве има ефект метилдопа.
За температурата да се симнува ставај алкохолен оцет на чорапи или помага исто белка од јајце подели ги белката и жолчката и чорапите натопи ги во белка и облечи влече температура по мене поубаво од оцедот. Ако си затната неможеш да дишиш купи од аптека кристал од ментол и во солена вода стави 1-2 кросталчиња и инхалирај се. Јас кога бев затната ми рекоа капки освен аквамарис ниедни други, парацетамол 1-2 максимум на ден ако мора ако не да гледам да не пијам. Цеди сокови лимон портокал, петле супа со многу лимон и бибер да гори на грло за да поминува и еден бабин лек што јас нон стоп го правам за болно грло на марама или крпа од кујна што е поголема и можеш да ја ставиш на врат за позади да ја врзеш и да ти стои смотај ја како правоаголник стопли ракија да биде млака и ставо на неа па одозгора врз ракијата стави бибер колку бибер ставиш толку ќе пече и влече така да пробај како за почеток помалку бибер и врзи на врат чувај додека не се исуши. Јас обично ставам пред спиење легнувам спијам и сабајле станувам суво е, така правам негде од 2-3 дена зависи колку ме боли грлото. Со лесно се надевам ќе ти помогнам во нешто со работиве што ги пишав
Фала многу девојки Кашлицата престана ама главата уште ќе ми пукне мислам..температурава се поткачи на 38.3 и испив далерон..Се истуширав, легнав па ќе видиме..
Парацетамол смееш Смееш и аналгин и Бруфен,по консултација со доктор. Јас ги пиев за јаки главоболки.
Бедоксин за трудница за притисок скоро 160? Извини ,ама која е таа докторка жити све ? Оди си на лекар . Ваков притисок бара терапија ,а не БЕДОКСИН.Страшно значи. Обавезно на секоја редовна контрола кај матичен гинеколог мене ми мереа притисок. Јас дома апарат немав. Ми рече матичната да купам кога бев трудна. Трудници мора да следат притисок. Не смее да е многу висок ниту пак низок.
Здраво девојки денес бев на преглед 36+1 недела и на цтг докторката прво ми спомна има тахикардија да каснам благо нешто и да се вратам. Пак цтг и исто пак тахикардија и сега ме советува да одам утре на болница да ми направат пак цтг да не чекам до понеделник затоа што за тогаш ми е упатот. Некоја да се соочила со вакво нешто.. ме остави во мисла и грижа..