Мене ми се случи нешто слично, среќа незивесноста траеше кратко. Мислев дека сум 6+ а уствари испадна дека сум скоро 2 недели поназад. Искрено имав запишано последен ден од циклус и некако верував на тоа, ама зошто имав доста бурен период со патувања можно е и да сум утнала. Мене ми направија beta hcg и бројката се поклопуваше со мерењата на ехо. Плус ме гледаа и на некое по детално ехо и успеаа да го видат плодот. Еве сега 14 недела и се е во ред, се надевам и кај тебе ќе биде исто.
Мене ми се случи нешто слично, среќа незивесноста траеше кратко. Мислев дека сум 6+ а уствари испадна дека сум скоро 2 недели поназад. Искрено имав запишано последен ден од циклус и некако верував на тоа, ама зошто имав доста бурен период со патувања можно е и да сум утнала. Мене ми направија beta hcg и бројката се поклопуваше со мерењата на ехо. Плус ме гледаа и на некое по детално ехо и успеаа да го видат плодот. Еве сега 14 недела и се е во ред, се надевам и кај тебе ќе биде исто.
Дали сте имале ниски еритроцити во бременост? Денес правев крвна слика и ми се под нормалното а хематокритот на долна граница, железото е во ред
Се надевам дека и кај мене ќе има среќна завршница, дека вистина сум 5 недела. Сите други резултати ми се супер само уште ембрионче да видам во четврок.
Баш сега си проверив на последната крвна слика, еритроцити незнам како се обележани неможам да најдам. Ама хематокритот малку испод долна граница 37-54 мене ми е 36. А железото пишував тука 33 10 дена не пијам веќе ПреМама и сакам да повторам крвна слика наредната недела... Мене гледам креатининот ми е мн ниско 53-97, мене ми е 38. Никогаш не сфатив што е креатининот... Ама ми ја видоа крвната доктори, ништо не рекоа..
Најверојатно ми мерат, незнам не сум во МК па да си прашам се што ме интересира, бидејќи сум слаба со јазик, но вчера док ми рече дека од крвта што ја земавме ќе провериме дали растат вредностите, сигурно мисли на бхцг, колку точно ми било претходниот пат и сега нз. Ќе прашам кога ќе одам следен пат.
Мене со години креатининот ми е под граница. Повеќе доктори ми имаат кажано дека е ок да е низок, поврзано е со мускулна маса. Може и ти како мене немаш многу мускули. Јас сум вегетаријанец па ми имаат кажано дека е до тоа што не јадам месо. Во секој случај покачен не е добро, намален е ок.
Здраво, дали има некоја трудница на метилдопа? Јас се консултирав со м.г. ама мира немам сепак сабајле пиев терапија но во текот на денот ми падна притисокот на 112/66 се напив кафе малку се качи на 128/75 но еве го пак се симнува на толку и последно што мерев беше 106/68. Инаку пиев кафе со помалку кофеин но овие денови намалив зошто не можам веќе да го поднесам. Па ме интересира дали ваквото опаѓање е нормално при таква промена дали некоја се соочила со вакво нешто?
Еве јас сум од скоро, мене ми беше 160/90 скоро и ми дадоа многу јака доза првиот ден (4х2). Не испив толку, со 2х2 успеав да го симнам на 115/70 отприлика. Бев и на нефролог по препорака од гинекологот, таму ми рекоа да почнам по едно апче на ден. Ако со едно апче не успеам да го држам под 140 притисокот, тогаш ќе се напијам и второ, ако и со второ не се симнува под 140, тогаш трето апче итн. Сега пијам едно сабајле и едно поручек и мислам дека ми е доволно. А прашав дали е подобро да е малку понизок од нормален, ми рекоа нема проблем тоа, само да не е висок.
Јас до понеделникот бев на амора па ме префрлија на метилдопа и джсомпретходноте никогаш не ми се симнал волку притисокот, мене ми дадоа по 2 на ден ако се качува по 3 или пак 4 по потреба но ова ми е многу ниско и се чувствувам исто како да ми е 150/90 срцево во грло го осеќам а пулсот ми е од 70-80.
И јас не сум имала никогаш под 120, првпат вака понизок малку, ама не е страшно, не е многу низок. Мене па супер ми дојде вака добро не сум спиела одамна ептен ми се погоди терапијата. Пулсот и мене ми е поголем, нормален ми е 90, не го ни осеќам, кога сум во гужва и брзам гледам ми се качува до 110, исто не го осеќам.
Јас пијам на 6 сати или 4 апчиња дневно ама не ми го симнува толку многу ми го држи 120-125:80. Јас изгледа да не ги пијам 4 пати ќе ми оди нон стоп накај 140-150 штом толку спушта.