Јас сакав да си одам на работа и си побарав да ми олеснат за да можам да одам, ама не можеше... немаше решение. Премногу ризична и непредвидлива работа имам, а трета бременост... едно крварење имав и не би да ризикувам. Сега сум на боледување, а ќе продолжам и на патолошка...
Она прва ме праша дали имам напорна и физичка работа. Реков не, ама се деси што се деси на работа и се јавив со липтање од плачење и сама она кажа да не си се појавила веќе, дојди утре да отвориме боледување. На Гак знам другарки што ваделе без никакви врски и немале проблем никаков. На комисија на основ од конзилиарното ти продолжуваат боледувањето. А на породилното ти е како платата.
Чекајте малце, патолошка нели се вади ако ти е ризична бременоста или си имал претходно спонтани?! Како туку така лесно може да се извади ?
Баш лесно се вади, кога си третиран како најголемо го**о и кога си на секој начин со тортура и под стрес. Кога те доведуваат до степен да мислиш дека е страшно и грев да си бремена, да ти трескаат по биро, да ти се дерат, да те тераат да работиш во просторија со бои и лакови и да креваш тешко. Не сум принцеза и несакам така да ме третираат, ама не сум ни ѓубре собрано од пред контињер.
Јас искрено сакав еднаш во животот да бидам обесена на државна цицка пошо сама си ја пуштам платата ама маж ми е суеверен, вика заборави тоа, со сила болна да те правам Ништо од бизнисот
За тоа постои закон. Работодавачот е должен на трудница да и обезбеди безбедно место за работа. Баш кога бев трудна го читав цел закон за заштита на трудница. Незнам мене некако ми е језа со сила да се праам болна @Skyler се слагам со маж ти.
Епа така. Работиш физичка работа. Или ке се снајдеш да отвориш патолошка или даваш отказ. Попросто здравје.
Ако нема каде да ти обезбеди место? Не да не сака. Работното место е тоа. Законот е едно. Реалноста сосема друго. Да видиш во какви нечовечки услови се работи.
Ако бременоста ти е уредна, работата не е физичка и не ти предизвикува стрес нема потреба да не одиш.
Кај мене со првото беше стварно за лежење ради пукнат хематом. Арно ама кога веќе се беше во ред, не ми се враќаше на работа да стојам цел ден 6 дена во неделата, тогаш ни беше финансиски ок да сум на патолошка со 70% плата. И знам на еден комисиски преглед ми се погоди Самарџиски и ми вика ти девојче зошто си на патолошка? И јас му кажав за хематомите, ама дека се е ok sega no deka stojam so saati na rabota a ne smeam da sedam i sam mi rece aa ke si prodolzis ti so patoloskata.
За закон во Македонија јаххахахахха Да не се лажеме. Јас ги знам законите со точк и подточка, ама каде и за кого важат? Фирмата толку е со мито целата, што секоја инспекција е убаво подмитена и на крајот тој што пријавил јаде стапот. Секакви газди има, а моите несакаш да знаеш што луѓе се, што можат и која моќ ја имаат. Живото пекол може да ти го направи ако му погрешиш. Него му е битно дека он мене не ме плаќа, не му е битно дека не сум на работа. Штом не ме плаќа за да сум дома он е раат. Не треба повеќе да зборам, доволно е.
А кај мене дека ,, се ептен по прописи” ме имаат пријавено со позиција што не ја работам, ама сега ми е кец на десетка. И тоа испринтано го носам со мене.
А пример се пазите дали патувате ? Излегувате од град,држава ? Пошто сепак е боледување? Ве проверуваат од работа ?
Странство,патувања јас не,не одам,а и не сакам,а онака шетање,кафе со пријатели,пешачење со ќере колку можам да,не се пазам.Секако мора и движење. И со првата бременост бев на патолошка и сега и со втората.Од работа не ме проверуват.
Со втората бременост ќерка ми ја носев во странсто. Но имав потврда со мене. Тоа беше при крај на бременоста.