Не ме проверуваат од работа, зошто најбитно е дека не сум му товар и тоа е тоа. А не патувам, не ни планирам и ни од населба ме излагам освен по прегледи и до кај моите. Дали два пати да сум отишла негде на друго место ама дека требало и морало. Не би да излагам надвор од држава.
Дали некој вадел фиксни протези во бременост? Докторката вика нема да боли и нема потреба од апче за болка ама мене искрено ми е страв и најверојатно ќе пијам некое апче за болка пред тертманот. Ако има некој да сподели искуство и совети би му била благодарна.
Воопшто не боли вадењето фиксни протези. Сигурно до сега ти се одлепувале сами некои. Не ти треба апче за болка сигурно
Здраво девојки ми се појави некој осип под градите. Дали ви се има појавено на некоја од вас ? Инаку сум 24 недели...
Ни јас не излегувам. Секако имам и две школски деца, па нема ни кога да излегувам и шетам. А и не ни планирам. Многу пари и за прегледи ми одат, ќе ми скратат еве доста и од платата (70% ќе зимам само), па немам ни пари за трошење за шетање Подобро е во секој случај да си одиме на работа... и финансиски ќе сме подобри, слобода поголема, социјализација. Ама ете... ќе гледаме највеќе за доброто на нас и бебињата
Јас само на едната, баш под града имам некој ситен осип...баш сакав да прашувам тука ама се заборавам. Мене и ме чешка.. само десната града е. Ама имам и некој егзем на дланки и горе под рамената (блиску до пазуви, не на пазуви).. ваљда си е нешто од бременоста...
Да не е како потпарено или спурено? Мене еднаш ми се јави летото во рана бременост и ставив крем за газе со цинк, за два, три дена ми помина. Местото треба да е суво
Пробај со кристален камен од ДМ или зегин, супер е и антибактериски, јас тоа користам медто дезодоранс. Ставам во лето и под гради
Додека си на патолошка 70% ти даваат така? па после кога ќе се отвори породилно ќе ти исплатат како плата во просек од 12 месеци или ? да не испадне после да е помалку како на патолошка ( пошо се зема во предвид просек од 12 месеци) мене ми треба подетално објаснување околу тоа..
70% зимаш на патолошка, мене некои 10000 плус месечно ќе ми кратат... А после на породилно си зимаш просек од цела плата 100% (без разлика што еве 4,5,6 месеци си била на патолошка, исто и за тие месеци рачунаат цела плата).
Каков вит Ц од 500 мг пиете? јас синоќа купив од тие обичните на алкалоид и испив една, ама да не треба други специјални за трудни ?
Да, синоќа бев на клиника и ми рекоа дополнително вит Ц да си пијам дека има малку во премама заради болките кои ги имам, отоци, проширени вени имам до срамна усна а бебушот е добро, си мрда
Дали имате зголемен воден исцедок повеќе кога седите отколку кога лежите? И дали од vagilact таблети имате исцедок? Првпат ставив ноќеска, дури сега наеднаш ми потече нешто, ама пообилно. Може да е од вагиналетите?