Болки денес накај лева страна од кај јајник накај препон и надоле до колено па дури и на страна на спојлерот како здрвување од пладне од кога станав попладне накај 14:30h веќе како грчеви кога ќе фатат на мускул сабајле пиев магнезиум сега пред спиење се напив пак незнам дури како да опишам од што ли може да биде дури чим легнам на лева страна како уште повеќе да се здрвувам. Денес 21+1 сабајле да напоменам во 10h бев на скрининг кај Димчев беше супер се многу беше задоволен од се. Дали некој има или имал нешто вака слично ..
Здраво мамички сакав да прашам дали некој го има до крај или барем некоја недела пред крај бебето го имате износено со скратен цервикс 3.4 во 17 недела , со лежење и со примање терапија Докторот ми вели дека неможе да се прави Серклаж и се плашам да не го изгубам малечково ве молам за совети ❤️.
Бев кај 2ца доктори на мислење и викаат дека доколку сега е краток воолку ке се скратува повеќе понатака во бременост , Примам Прогестерон инекција и исто така Утрогестан 200 2х1 , исто така и на допир ми е омекнато и поради тоа ми е кажано да не се движам многу ама помислата ќе ме убие прва бременост ми е.
Серклаж не се прави на ваков цервикс бидејќи не е скратен. На колешка сестра од 20 недела со 23мм цервикс издржа до крај со строго лежење немаше серклаш а во 30 недела и беше цервикс 19мм. Ако ти е омекнато грлото појди си на 3то мислење ако можеш и приватно кај Дракулевски, Сарџовски мое мислење сепак да знаеш државна не ставаат серклажи лесно ..
На мене кога ми го види докторот кажа дека е мек а на ехо не сум сеуште отворена и незнам што да правам . Не е сеуште скратен многу но се плашам како што ќе расте бебето да не се доскрати а да немам Серклаж и да се породам пред време. Прва бременост ми е и во паника сум многу , дај боже да издржи барем до кај 36-та недела❤️
Зошто не може серклаж во 17та? Мене ми е поставен во 21ва но на должина 23 и почетен фунелинг внатрешно
Многу од нас. Јас еве, фала му на бога денес 38+1, лежев од 21ва со грло 19мм до 34та и некој ден после станав и се движам сѐ уште. Од 19 се качи на 23/24мм седеше така 7 недели и почна да паѓа после 30та. И кај мене немаше потреба за серклаж бидејќи немав фанелинг или отварање. Докторката ми кажа дека според истражувања, серклажот и утрогестан вагиналетите имаат ист успех во третирање на скратено грло, со што серклажот е сепак зафат и постои ризик за компликации. Ако се вратиш наназад да читаш ќе прочиташ многу успешни приказни и тоа од минатиот месец. Многу е битно да го фатите на време и да го третирате. Јас примав утрогестан вагиналети два пати, голема доза на магнезиум за олабавување на матката (1400мг), но спа таблети кои помагаат за контракции (ова го пиев 3 пати на ден по две, јас немав ниту еднс контракција до сега), ферона и пренатални витамини. Некој од нас примаа и цикглогест- прогестерон од 400 (утрогестанот е 200). Многу е важно да се лежи и да се следи ситуацијата. Не можам да ти кажам да немаш стрес, пошо асполутно невозможно е, ама ете пробај и прочитај што сме пишувале минатите месеци. Поздрав и секое добро
Ќе удира во бешика до крај... Јас бев на ехо поради мокрење често, напон чуден... мислев уринарна некоја да не е, ама чисто беше се. На ехо ме виде интернистот и бешиката смачкана од бебе беше, дури и бебето на ехото се гледаше, со глава во бешика Сега кај матичната кога бев, пак и се пожалив дека ниско го осеќам... стомакот ми е чуден ниско надуван. Рече јас да видев да е ниско, ќе ти кажев. Добро е поставено, се е одлично..
Епа исто, никој не спомнува дека е ниско, а јас го осеќам како да си седнало на бешика. Исто трчам во тоалет често, имам дури и болка откако ќе мочам од двете страни лево и десно ( се надевам дека се кружните лигаменти), уринокултурата беше чиста.
Исто урина чиста стакло, уринокултура чиста, а јас осеќам чат-пат како некоја бактерија да имам. Неможам да се домочам, а ми се моча цело време. А уствари бебево стиска.. Висока си?
Епа и тоа ми рече матичната... вие високите луѓе и така ги носите бебињата, имаат повеќе простор. Јас 180 сум... Второто да најдам слика ќе ти пуштам, буквално во скут и меѓу нозе ми доаѓаше стомакот, удоле цел. Нели демек викаат ако можеш да ставиш на крај рака на рамно под гради.. демек се спуштил стомакот и ќе биде раѓањето за брзо. Јас рака, две раце можев да ставам недели уназад од раѓање (родив 40+8 ). дупка имав меѓу гради и стомакот, како лизгалка ми беше стомакот Пиши во лп, јас неможам.. да видиш стомак лизгалка
Како сте девојки? Дојдов јас пак само да се жалам како и секогаш искрено не очекував ваква депресивна бременост не можам да си се вратам во нормала. Сите ме нервираат се ме нервира само плачам. Чуствувам некои болки чудни како со нож да ми го сече некој стомокав болки болки низ цело тело. Како некоја тежина огромна да носам на мене не можам воздух да земам од таа тежина Сите бремености ми беа со повраќање ама оваа ја чуствувам најтешко најлошо немам желба за ништо да направам Не замерувајте ми ве молам за негативноства само сакам да се исплачам негде