Добар ден мила не си сама и јас сум иста дури и сопствените деца не можам да си ги поднесам...ниту самата себе. Многу сум емотивна ситници ме излудуваат ама уште малку ми остана мора да бидеме јаки и позитивни.
Леле вчера големата имаше приредба во училиште за денот на мајката 1000 пати ме праша дали ќе одам да ја гледам срцево ми се кинеше. А јас одвратно суштество во 4 ѕида затворено желба за ништо. Се мразам што сум таква ама не знам веќе што да направам. Мене ми се чини оваа бременост ми трае 2 години Господе боже
Поради хормоните е мислам. Јас веќе влегувам во 36недела помалку почна чепот да ми паѓа почнуваат и болките и се радувам што ми се ближи пораѓајот и ми се плаче се ми е испомешано. Ама тоа е ке помине.
Девојки дали некоја од вас се соочува со болки во колкови при лежење?? Незнам дали тој дел спаѓа баш во колкови, од позади но ниско веќе фаќа накај задникот. Јас ги имам една недела веќе а сум 23 та недела навечер кога спијам... Повеќе ги чувствувам како некој вид на грчеви, кога спијам на една страна и почнувам да чувствувам болка и се вртам на другата, е тек кога ќе се свртам боли уште појако, болката се шири низ цела нога, краткотрајна е како грч ама е неподнослива... Ни магнезиум ни ништо не ми помага.... Дали е нормално од тежината ама само 4кг сум поправена.
Знам дека е тешко ама мораш сила да собереш и да излезиш од дома. Шетај со децата, чисти нешто по дома, ќе смениш мисла поубаво ќе ти е. И јас ко ќе лежам се осеќам како без корисна, и ништо не ми се прај ама за инает станвам и се фаќам за нешто. Еве завчера мажот ми замина во странство, сега сме скроз сами со син ми, првиот ден се исплачив убо, вчера шетав дури се преморив, денес се фатив генералка ќе правам. Ако седам ќе мислам многу и ќе западнам скроз, вака мозокот го оптеретувам со друго нешто и полесно е. Не дека и мене ми е најсјајно, посебно навечер ко ќе си легниме сами, уште се будам на штрек го барам мажот ми, ама се борам некако самата со себе
Fala ti na odgovorot. Dali znaesh ako idam ponedelnik dali ke mozam da gi zemam ili ke treba da cekam sleden petok? I dali ima tocno vremenski period od koga do koga se zemaat rezultatite?
Еве сега маж ми ме моли да одиме малку на планина неколку дена на воздух само да излезам од дома. Немам никаква желба да излезам воопшто ама ми е жал за него и девојчињата ги затворив и нив во 4 ѕида заради мојава хаотична состојба. И не само кога лежам овие 5 месеци се чуствувам сварно безкорисна. Почнав 1 недела на работа ама повторно почна повраќање и еве сум пак дома на боледување. Никој нема корист од мене ни дома ни на работа ќе си пукнам заради тоа
Ооо да имам кај да одам одма ке појдам, овде сум скроз сама, моите се скроз на друг крај на исток, и не ми е баш лесно. Тие шо ги знам си имаат обврски се гледаме ама не многу често, плус шо немам уште положено ме кочи абе хаос. Ама за децата мора да се држиме, ајде собери сили, спремајте се и одете уживајте. Ке смениш мисли убо ќе ти дојди, значи психата е зафркната работа, ако се препуштиш на лошите мисли цело време ќе ти е лошо,мораш да се бориш и за себе, за децата па и за мажот ти
Мене од тежината ми беше така иако шо викаш малце кила ама претиска бебе на кичма, колкови. Пробај со перница меѓу нозе да спиеш помага. Можеш и под стомак пешкир или ќебенце. И магнезиум тој период по 2 пиев по препорака од гинекологот. Исто исправена постура и движење низ текот на денот.
Ќе станам сега да се спаковам иако нозете ми се враќаат назад ама морам да соберам сила во право си. Ти благодарам за сите зборови многу ми значат. Добро е што ве имам сите вас на форумов да си се тешиме плачиме жалиме охрабруваме итн
Ти благодарам ќе му спомнам за другите таблети што ги наведе , сеуште но спа и ферона не ми ги дава ама сигурно ќе почне по натака , ти благодарам малце ми олесна ќе лежам немам друга опција само здраво живо да го износам , дај боже колку тебе да издржам и јас . Поздрав што поскоро да се гушкате со малечкото
Ич да не се секираш. И моево на 28ма недела мереше со главче како за 30та, си викам како ли ќе го извадам вака ако продолжи на 32ра недеала си беше веќе со нормални димензии