Ако ти е наместено како моево во 39та не пулсирање ќе осеќаш дека секој момент ќе излезе. Тоа пулсирање го осеќав негде во 8 ми месец. Сега осеќам притисок
Иста сум и јас ,пулсира од сите страни Докторот ми кажа дека ми удира на бешика и затоа. А ,дали се норнални стомачни болки ниско на стомак ? Како растам се повеќе притиска ...27ма недела сум
Не ми закажаа наредна контрола вајда, а за како сум не прашувај, ме фаќаат паники хахаха знам од прилика што ме чека болки и ред други работи, ама се тешам ќе можам кетонал да се напијам после тоа и нема нервов толку да ме боли
Здраво девојки, бев на контрола кај матичната и таа ми кажа дека стомачето на бебето е помало за 2 недели. Ми препорача да јадам повеќе месо и ми даде упат да проверам д димери. До тогаш би сакала да прочитам и туѓи искуства па ако и на вас ви се случило ве молам пишете, ме загрижи..иначе 31 недела сум
Подобра сум мислам Ти благодарам што праша Се спакував одвај ама собрав сила да излезам ќе одиме неколку дена на планина. Дури и баварски кифлички два плеха направив пуштив малку музиче ги послушав вашите совети
Така треба само позитивна мисла и напред имаме мали сонциња мора да сме добро за нив. Мило ми е дека си добро. Убаво да си поминете поздрав до тебе.
Јас имав такво искуство, бебето после 34-та недела почна да касни со обем во стомаче. Испитав ддимери и хемостаза. Димерите беа супер но едното време APTT ми беше многу малку скратено, примав клексани отприлика 3 недели по што се нормализираше времето. Бебенцето продолжи да касни но раснеше. Совет имав да внесувам повеќе протеинска храна. Поради намалена плодова вода се породив само што влегов во 38 недела, царски поради папчаник околу врат. Бебувка се роди малечка 2500, но беше одлична во се остнато и супер напредуваше. На време излеговме од болница, така што се се заврши добро. Само позитивно и со среќа
Не, к група се зема во тие просториите до трансфузиологија, ќе ја заминеш трансфузиологија и од твоја десна страна ќе видиш амбулантиче со црни врати, последно беше мислам во редот. Тука ќе влезеш, тука издаваат резултати
Во ред фала ти многу, навистина ми значи одговорот бидејќи немам кој да прашам а и сестра та кај матичната не знаеше точно.