Мајки, ви одговараат ли мерките на сликичките од ехо со тие од апликациите според тоа која недела треба да биде?
Генерално да, ама нормално е да биде плус минус некој ден. Мислам и до 2 недели толерираат без да ти рече некој дека има проблем.
Па, малку ме чуди. Матичната вика ок е сѐ, само уште е доста ниско и дека норм. треба да си закажам втор скрининг. Ама јас сум денес 17+6, а меркиве никако не ми одговараат, за жал отпосле видов, не успеав да прашам.
Мене од почетокот до сега (17+6) секогаш ми се разликувале со една недела(и во големина и тежина на бебче) Секој преглед прашувам за истово Нормално е, толерираат без никаков проблем до две недели отстапки.
@CvetCvet Кај мене горе на сликичката пишува 9.4 см, а сум 17+6, според ова одговара меѓу 14-та и 15-та, а јас сум скоро 18-та. Не ја приметив дали мереше цело тело, само глава ја приметив дека мереше, ама па ни за глава не ми одговараат меркиве, се насекирав.
и мене малце ме замисле ова..на последниот преглед според циклус и апликација си бев 16+4, а на ехото автоматски го израчуна 17+ 5 ради тежина/должина и баш прашав дали е ова во ред, рече се е добро не се секирај. Првичниот термин според циклус и апликација кажан ми беше 09 август, а сеа на ехото 03ти август пишуваше ради новите мерки..Сепак ми рече дека апаратите си имаат некој свој алгоритам и ќе си се водиме според 9ти
Во оваа фаза се мерат главче, стомаче и бутна коска и врз основа на тие мерки вади компјутерот тежина. Тоа 9,4цм не знам што би можело да биде.
Искрено не знам што е и не верувам дека е поврзано со мерките на бебето. Барај ги овие ознаки што ти ги пишав.
Што мачкате против стрии? Има ли некоја слушнато за смеса што се приготвува од павловичева, јекодерм, кокосово масло и уште некои две состојки, не знам кои, ако некоја знае, нека сподели. Сте пробале ли?
Обично на извештајот ги пишува сите мерки. Ова е сосема нешто друго, има објаснување на гугл и за TI и MI ама нема врска со должина и големина на бебето. Обично поради тие доцни овулации, рани овулации, должината на циклусот, датумот со менструација не се поклопува со мерките од бебето и затоа +- до кај 10 дена не ги загрижува докторите. Битно пропорционално да одговараат сите мерки. Главчето е нормално да е поголемо, па тоа сеуште може да се разликува од другите мерки. Кај мене сеуште е главчето поголемо. Ама и другиве дечиња така ми беа. Јас бев 17+2, меркиве одговараа горе доле за 17+6 на сите други делови, а главата 18+4. А утре сум кај докторот во Ремедика и баш ќе видиме и он како ќе измери. Мислам и тоа мн значи, како ги поставуваат точките за мерење... Баш сега гледам и на сликичките од Ремедика каде бев на скрининг во 14та има десно 14цм. А сигурно бебето не било толку во 14та нед Нешто друго е тоа....
Ништо, празно е. @mariz, ви се верува дека не ми даваат вакви извештаи мене? Не знам зошто, може пракса им е. Ќе видам сега дома во матичната книшка дали пишува нешто, ма да не ми се верува.
А на сликичките нема други мерки? Матичната не ги вади сликичките, инаку се што мери на екран на сликичката се дава мерката. Па сликичката ако ја извади, излегува со се мерката која ја измерила во моментот. Ама после ми дава извештај со све. Она ми вади 2,3 слики. А Афродита се што измери, за се имам сликичка, со мерка запишана посебно на секоја сликичка... 16 сликички имам од неа
Кај нас таму ја пиши должината и неделата на која одговара, значи кај тебе не е таа димензија, треба црл да пиши.