Види во десниот агол долу на сликичката дали имаш мерки, барај СRL ознака или сите други ознаки што ти ги пишаа другите членки. На извештајот од прегледот треба да ти пишува се.
Апсолутно никаков извештај не ми даваат и на сликата никакви други мерки нема. Ова се единствените запишани мерки во мајчината книшка. Преведов сега и изгуглав, одговараат на неделите и се смирив малце.
Ќе варираат не се плаши. Главчето е поголемо , па после доаѓа како што треба и нормално е тоа. Сите не водат по последна менструација, но никој незнае точно кога настанало оплодувањето ( исклучок инвитро и инсеменација како во мојот случај каде се темпираше и е +1-2 дена од стоп инекцијата и инсеменацијата). Ти мајка ми да знаеш како ја воделе, се смее мајка ми, вика па не сум кобила една година дете да носам. Си знаат докторите што мерат и секогаш +- 2 недела да варира е нормално. Инакуууу и резултати од приска се супер. Иако ехото ми беше најбитно, направивме ради реда со др што ме води на Гак. Едвај чекам следен преглед во понеделник, да си видам бебе, па може и пол ќе дознаеме. Ќе си пукнам од радозналост за да земам некоја облека. Иако ако е девојче опремени ќе бидеме до 1 во одделение Па и за машко де, само да е се во ред.
Мене ми кажа матичниот гинеколог пред брисевите утрогестанот да не го ставам вагинално туку да го испијам.
Женски искуства со ферона капсули? Матичната ми ги дади бидејќи имам намален цервикс, а денес осеќам многу ниско дека е бебето и клоца дирекно на цервикс. Во паника сум многу
Здраво мешиња бидејќи темава е најактивна а и незнам каде да пишам се одлучив за тука. Сакам да прашам кога почнавте да купувате за бебушка која недела или кој месец? Најдов количка 2во1 која многу ми се допаѓа и е многу практична па се мислам дали е рано да ја земеме будејќи сега е плус на попуст во локо кроко 12.000денари. Сакам ваши мислења .. И да ме интересира од која недела почнува 6 а од која 7 месец
Купувај ако сметаш дека треба да купиш. Индивидуално е, нема правила. Јас сум 26+4 и сеуште немам купено ништо. Некако си велам чекај уште еден месец Инаку 6ти месец започнува во 22 недела, 7ми месец започнува во 27 недела, 8ми започнува во 31 недела
Здраво, да прашам дали некоја од вас е била со дијагноза дискус хернија во тек на бременоста? Многу ми е страв за пораѓајот. Помош..
Дали јадете јајца на око полу пржени? Мислам имав читано негде дека не треба па во првата бременост не јадев, сега неможам да одолеам да можам само јајца ќе јадам, па да макам од жолчката мх мх..
Дали некоја од вас пие аспирин навечер и да не има некој лош ефект? мене заради вагинални проширени вени ми препорача докторката што ја планирам за пораѓај да почнам да пијам навечер ама некако ми е страв и ми рече да испитам сега ддимери и хемостаза
39та недела. Бев на преглед, ме прегледа и ми кажа оти сум 1.5 цм отворена со добро омекнато грло. Прегледот ме болеше и кога си дојдов дома малце имав болки ама послаби. Од сабајле имам појаки болки како менструални ама не се на постојани интервали. Како да знам дали се Braxton Hicks или вистински болки? До сега само ме затегаше стомакот ама не беше толку болно колку сега. Имам и малку крв сега. Осеќам долу ниско како менструални, во половина не. Дали да одам на преглед или да почекам? Матичниот ми е на 40ина мин, а болницата каде ќе се пораѓам на саат.
За истирте симптоми пиев сируп Медогал во носот прскав Оперил и смукав пастили за бремени од Зегин Пренален Гардло Имуно. Се по препорака од гениколог