BabyGal pavlovicevata na Galafarm + edno celo sisence AD kapki izmesani vnatre - 35 nedela sum uste strija edna nemam
Во првата бременост користев Eucerin и немав ни една стрија. Во вторава бременост користам Mustela и Gaia и повторно немам стрии за сега.
Здраво девојки. Дали некоја се соочила со циста за време на бременост? Ја имам цистата и пред да останам бремена, вчера бев на контрола 8ми месец сум бремена и видовме дека цистата е зголемена.
Јас… вчера докторката виде циста ми рече дека во бременост била многу честа. Требало да пукни а и да не пукни ми рече не. Е опасна . Само јас сум ептен на почеток мислам ако докторката не ти има речено ништо не е опасна мм се чести
Чоколадната циста во бременост се намалува, кај некои и скроз исчезнува. Матичната ми кажа дека цистите немаат значење во бременост.
И јас исто пиев метил фолат 1000 и плус пренатални првите три месеци и предходната и оваа бременост. Во пренаталните има помала количина фолна киселина а и сите не содржат метилирана фолна затоа и ми даде матичната плус метил фолат во првите месеци.
Циста не е наивна работа особено ако пукне за време за пораѓај. Во бременоста може не прави приблем, но при пораѓај може да направи.
Друштво,денес бев на контрола и по циклус треба да сум 7+2,а плодот одговара за 6та недела и има срцева слаба акција и ќе имам уште една контрола другата недела. Сакам да прашам дали некоја трудница имала успешна бременост или тоа е тоа и уште едно прашање,дали ќе се исчистам сама после прекинување на терапијата,или медикаментозно со апче или ќе имам китеража,со да оглед дека е рана бременост. Ви благодарам,не знам што би правела без Вас
Најдобар лек за ендометриоза т.е чоколадна циста е бременост. Јас имав во првата бременост и самата исчезна во тие 9 месеци. Сум имала и корпус лутеум и водена меѓутоа тие не се опасни и сами се повлекуваат за неколку месеци.
Зошто одма мислиш дека тоа е тоа? Можи си имала покасно овулација и затоа е 6 недели, а најдобро срце се слуша после 7ма Само позитивно се ќе биди во ред Со лесно да ти е
Ќе рипнат да ми кажат да не давам примери и да плашам трудници, ама не се сите исти. Другарка со ендиметриоза остана бремена. На сред пораѓај, во моментот кога го вадат бебето пука цистата и доаѓа до крварење и итна операција за да се санира тоа. Цистата поклопена од бебето, никој не и ја видел на ехо прегледите. Не е животнозагрозувачки, но не е и дека е наивно.
Ај, и тука да прашам пошто е поактивен муабетот. Имате ли препорака за спф крем кој е безбеден во бременост? Се мислам меѓу два од корејските, ама демек имаат хемиски филтри. На Cosrx Aloe soothing sun или Beauty of Joseon. Ако не па да си земам од минералните за деца.
Кај мене и со прва и втора бременост беше така. По менструација 6та 7ма нед, плод за 4,5 нед одговараа... Успешни бремености. Чим има срцева реакција, се е добро.. Само подоцна си овулирала, подоцна се имплантирало и не одговара со датумот од менструација. Мене матичната не ме ни водеше тогаш по менструација. Ми додаде од слушањето на срценцето плус една недела и така ме водеше со тој датум до крај.