Мешиња јас сум ептен во паника, вчера имав краток контакт со лице кое денес испадна дека има Варичела, една минута муабет и ми поддаде нешто преку прозорец од кола, а не се поздравивме, за прележано незнам, бидејќи како мала прележав сипаница ама незнам која, за рубеола сум вакцинирана мајками не се сеќава која била сипаницата, јас сум во голема паника, 6ти месец сум, дали некоја имала вакво искуство? Ќе полудам од грижа
Ако ти е ептен страв оди утре направи антитела на варичела, ако имаш немаш гајле. Инаку заразна е многу варичелата. И од краток контакт се пренесува.
Крупната сипаница се вика Варичела? Пишува во книшката и во картонот која си ја прележала. Јас и крупната и ситната ги имам прележано.
Во книшка ми пишува и морбили сум прележала, а за рубеола (само за жени) незнам, пишува II ревакцина.
Направи антитела за сигурно, а иначе варичела е таа што како деца ја фаќавме најчесто, башка знам мноогу случаеви по саати заедно, на гости,во затворено па ништо од пренесување.
Рубеола не е варичела. Рубеола, морбили е ситна. За варичела нема кај нас вакцина. Имунитет само преку прележување.
Знам дека рубеола не е варичела, јас и крупната и ситната сум ги прележала, значи варичела и морбили. Фала ти.
@Wanna.be.mum @Tea SK Прашав во Болницата каде што одам на приватно и не прават такво тестирање за антитела единствено утре на државно да прашам..
мене во книшката ништо не ми пишува единствено имам антитела на рубеола последно матичниот што ме испрати со торч испитувањата во 12 недела и рубеолата беше и толку
Јас прележав Варичела во 28ма недела со второто. Незнам ни од каде ја фатив (најверојатно од маркет, мол некој, дека никој немаше сипаници што познавав.. башка беше 2ри 3ти август кога ми избија во сред лето). Бев страшно осипана од глава до пети, дигнав и температура 2,3 дена и ми дадоа ацикловир на инфективна да пијам зошто осипот ми беше страшен. На 100 страни бев тогаш и сите рекоа дека опасно е да се фати до 12та нед и на крај од бременоста (да не се породиш, па да фати новороденчето). Бебето ми беше добро, еве ја женска од 6г здрава и права. Дури од инфективна не знаеа дали бебе има антитела и дали и тоа прележува во стомакот, ама не добило антитела.. си потврдивме на 5г Ја однесов намерно кај другарка чие девојче имаше Варичела за да фати.. и фати
Дали со вакви резултати од хемостаза сте примале терапија? Иначе сум 31 г.н.а д димерите се добри. Трет пат проверувам, на секое испитување ми се скратени двете времиња, гинекологот ми кажа дека не треба терапија. Да не е нормално да се скратени во бременост? Некое ваше искуство?
Леле ти благодарам на споделеното искуство ме утеши ептен јас сум 23 недела ама се надевам нема да фатам, цела ноќ не сум спиена цела ноќ ми студи од стрес, се отепав плачење ноќеска сите можни филмови си ги направив
Ako se e vo red na eho, bebeto da napreduva spored nedelata, ako ima dovolno protok do bebeto i plodovata voda ako ne e namalena togas ne bi trebalo da primas terapija, ama ako mozes konsultiraj se so transfuziolog
Не се грижи. Мене тогаш ми објаснија сите доктори (дури и тој од Грција, дека таму избив).. дека опасно е да се фатат до 12та нед кога бебето сеуште е фетусче и се развиваат сите можни органи. После тоа дека нема ризик. И дека крај на пораѓај ако фатиш, па да не се породиш и пренесеш на штотуку родено бебенце... Јас цело време бев во страв да не фати тогаш синчето, па да не ми пренесе, за на крај јас да фатам прва и него да му пренесам после (он 2год беше). Сестра ми сеуште нема родено и намерно и она доаѓаше кај нас за да фати.. за да не ја дочека истото како мене... и фати и она на 23г.. И на комшикава првото и фати, а она бремена 6,7 нед со второ и не беа сигурни дали прележала. Ама па не фати она тогаш, океј беше се понатаму со бременоста и има живо, здраво девојченце.