Може да ми каже некој каде има плацеви каде што растураат Опел? Ми треба да купам половен теписон ама никако да најдеме..
Со гадењето се смири? И кај мене на скринингот како за машко личеше, па вчера ми рекоа девојче. Се смеам со мм дека кога ќе се роди, најсигурно ќе знаеме.
Вие што пиете Дабростон/Утрогестан во исто време ги зимате? Мене ми намалија на едно апче и само навечер пијам ама секој ден различно некогаш во 8, некогаш 11 или измеѓу. Витамините гледам од сабајле да се ама и тие некогаш после 12 дури ги пијам. Дали за сите други освен за антибиотици треба да пратиме време? Со првата бременост бев дисциплинирана па не ни помислував да се напијам нешто во различно време или период од денот а не па и да заборавам (како што е сега случај). Инаку бебето го осетив уште во 14 недела еднаш, сега сум 15+4 и скоро секој ден го осеќам по еднаш два пати. Дури фатив мал пулс (удар од внатре нели) и на камера. А со првото тек во 16 недела и тоа не бев сигурна дали се црева или бебето па во 18 повторно осетив. Ама постелката ми беше на преден зид. Едвај чекам следен преглед, може ќе дознаеме пол а и лакуните ме секираат до каде се дали се шират.
Zeni koga vi merea cervix? Mene ednas vo 25ta nedela, ok bese. Sega koga treba naredno da otidam kaj matocnata?
Јас не пијам, вагинално ставам утрогестан и се во различно време. Навечер тоа од 9 до кај 1 знам да го ставам, а сабајле тоа од 8 до кај 11...
Aко може некој да сподели искуство, бебето ми е 10 дена поназад, сега сум 33 + недела, дали има простор за паника.
Чурам денес. Земав слободен ден за крвна група да проверам и имав преглед закажано кај матичната. Прво упатот за крвна група важел една недела, тоа не ми го кажа. Ај викам тоа е што е. Одам на преглед и сестрата ми вика па не ти откажав? На сите им откажавме, еве и ти си шкртната. И кажувам дека сме се чуле минатата недела бидејќи имав многу лоши болки и дека не ме примија туку ме пратија во државна. Епа вика се подразбира. Термин за преглед немаат до 5ти април, а јас веќе треба втор скрининг да правам таа или следната недела. Нели е многу матичен да не ме види речиси два месеци? Прегледот во државна беше ок, во 5 мин. видеа дека бебето е ок, јас ок ама сепак се 5 мин преглед. И сега не знам што да правам...
Не знам кај да прашам, се решив во оваа тема бидејќи најактивна е. Дали некој користел масло за масажа на перинеум? Поточно маслото на веледа? Има ли надеж за спас од епзиотомија со помош на маслово или било што друго?
Јас на твое место би сменила матичен. Многу лош однос некако... Чим заборавиле да ти јават требало да те примат за преглед денеска. Плус што со болки не те прими да те прегледа, те праќа во државна... Мојата прво она ќе ме види па ако недај боже нешто треба ќе ме препрати во државна... Со првите две на 3 недели си закажував
Јас искрено би одела на приватно да ме види некој за скрининг или пак надржавно ако си од Скопје и таму читам има добри доктори, јас искрено на матичен не верувам премногу..
Не можеше да ме прими, не беше таму. Не знам дали да менувам, ќе ми биде трет матичен, а и стручна си е. Ама па од друга страна ми треба доктор кој ќе биде достапен. Нема смисла да давам пари на приватно кога веќе имам матичен барем за редовен преглед.
Направив бета по барање на гинеколог, денес 19ти ден од инсеминација. Резултатот е 1519,9. Би требало во четврток да се види на ехо мислам.
Ако си сеуште кај што беше, јас ти кажав..Катастрофа се со еден збор во секој поглед. Мене матичната сама ми закажува на 3 недели преглед, сама ми дава упати без да побарам и притоа ми кажува колку време важат ( и јас сеа бев за д димери, хемостаза и крвна група, секои 3 недели ми дава за уринокултура во прољече и крвна слика во авицена, сама ми бркаше термин кај Самарџиски на клиника.. ) буквално го прави тоа што треба да го прави - ми ја води бременоста, без јас да барам/молам за нешто што треба да го правам..како читам овде гледам дека ништо не испуштила никогаш.. Мој совет, смени матичен и за втор скрининг ако не сакаш да фрлаш пари закажи си на ГАК кај добар доктор ( Ливринова, Самарџиски, Данева мислам беше и уште некои не им ги знам презимињата, ќе најдеш по темиве, има членки што се презадовилни ). Јас првиот скрининг лупнав 4000 и за 3-4 дена испаднаа скроз истите мерки и кај матичната, се што ми кажаа приватно ми кажа и она Доколку не дај боже нешто има, ќе си одам и приватно секако, ама сега ќе си терам вака
Нели фоликулите ти беа од страната кај што ти е запушен јајцеводот колку што паметам? Акое така еве уште еден доказ дека нема правила има Господ