Мене ниту еднаш не ме прегледаа со рака оти немаше ни потреб, имав болки породолни и тогаш ме прегледаа со рака за дали сум и колку сум отворена, тоа беше во 39 недела, со породилни болки. Верувам дека ако има некои причини што биле во текот ма бременоста, грло и тие работи... би те прегледувале и порано, тоа најдобро го знае твојата матична и најдобро прашај си ја оти реално знаеме колку ни е на сите мисла за тој преглед, ради болка, ради дали да одам средена итн.. така да прашај си и не си ја стегај душичката
Zdravo, dali nekoj vo prvo tromesecie ima problem so zadisuvanje pri dvizenje, nedostatok na vozduh i pritisok. Inaku sum 13 nedela.
Охооо…на 100 м што сум одела, воздух едвај зимав. Она длабоко зимање воздух и сега уште го имам, 15 та недела почнувам.
Имам некој проблем при качување по скали, при движење не. Ама тоа знам дека е од улежаност, зошто мачно прво тромесечје имав, од кревет едвај станував. ЕКГ правев пред некој ден, тука кај што сум во редовни испитувања во бременост спаѓа, супер беше.
Девојчиња многу ми е сува кожата околу брадавиците и на градите Скоро сум 23 недела не е рано да земам крем за брадавици или да продолжам со обичен крем да се мачкам?
Јас на градите се мачкам со лосионче од Еуцерин со 10% уреа и многу влажна ја прави кожата ама на брадавиците не ставам шубе ми е
Јас користам смиљ со маслиново печено на сонце месец дена, дома правено. И на стомак и на бутки и на гради со се брадавици се мачкам после бањање кога сеуште ми е влажно телото, скроз натурал. 22ра недела сум. Мислам дека и чисто маслиново да ставаш на тазе бањато ќе ти има дејството.
И мене ми е сува и ме чешаат, ништо не мачкам незнам шо смеам. А за мачкање баш на брадавици на школата за трудници кај шо бев во првата бременост ни рекоа смееме со ад капки од 36та недела, порано не треба оти со самото допирање и масирање на брадавиците се стимулирале контракции на матката.
До кога ви е план да одите на работа? Јас со првото одев до една недела пред да се породам. Ќе идев до крај ама август беше 45 степени. Сега со второво, некако преморена се осеќам. Влагам во 7ми, имам 2.5 годишно немирно девојче, кое го земам од градинка после работа, ја средувам, се тегнеме, се караме, се влечеме и некако многу уморна се чувствувам. Маж ми вика да отворам патолошка, јас се мислам. Работата ми е седење во кацеларија на компјутер, апсолутно ништо напорно. Ама како да ми се собира се.
Па можеш две недели матичен, две специјалист и макс уште два пати по 15 дена да ти дадат од комисија. Со патолопшка знаеш дека отвараш 45 дена пред термин породилно. Ако сакаш и имаш можност одмор да користиш , па после боледување малце и ќе поминат месеците.
Си ги знам опциите само не знам дали сакам дома да седам. Го почнав муабетов зашто ме интересира дали има уште некоја ко мене што и се иде на работа или само јас сум излупана во главата . Отворив боловање прошли месец, па го затворив за 10 дена...ем уморна сум ем не ми се седи дома...и јас не знам што сакам
Јас сакав да идам, ама сами си направија да е вака. Ако се чувствуваш ок за да идеш, иди. Јас би идела да бидам во можност.
Иста ситуација и јас бев.. и се решив зедов 2 недели од матичен.. т а до крај на месецоб.. имам закажано штип за специјалист да ми продолжи се надевам ќе ми дадат 30 дена цел април.. па после ако ми дадат од матична една нед па ке си птворам породилното.. се молам бога да издржам април 8ми месец после кога сака нека е
Термин за пораѓање ми е 16ти август, ако сум ок планирам до 15ти јули да одам на работа. Немам директна релација до работа и мислам дека последниот месец ќе ми биде тешко да функционирам како сега.
Термин ми е 9ти август, 20 недела од петок Најнормално си функционирам, планирам до крај да одам Работам во образование имам одмор после 20 јули такада..најбоље вака. Работата ми е на 5-10 мин со кола, не ми е напорно.
И јас си одев на работа. Во цела бременост дали 3 пати користев боледување ,кога стварно не бев добра.