Дали некоја мајка се соочила со плацента превиа маргиналис и како сте поминале на породување, во која недела ве породија. Јас сум 34 Нед со ваква дијагноза и за брзо ке ми го закажат царскиот.
Полека, смири се прво, не размислувај за пораѓај уште од сега, постелката ќе си се крене нагоре, само со строго мирување. Не значи дека сега ако е доле, дека пораѓајот ќе заврши царски. Јас имав болки и абдоменални и јаки во цервикс од инфекција, плус се отворав пред време, но со терапија се среди. Мене ми дадоа антибиотик, ама на ГАК не, таму ми рекоа дека има блага инфекција и ме оставија така, замисли, као еве гледаме и слаџ(немав поим што е тоа ама не ни добив објаснување) и пак ништо не дадоа. Отидов на приватно, ме држеше стравот, таму ми дадоа терапија. Ако не можеш да одиш на приватно, оди во Чаир, можеби таму ќе ти препишат терапија. Во секој случај инфекцијата е ризична за грлото, може да почне да го крати. мора или вагинален или орален антибиотик. Ама ако си во можност, оди на приватно, пари се печалат, знам дека е скапо ама нека има лезет. И пиши што си направила
4тата исто близначка кај мене заврши со спонтан, едноставно видовме дека така успевам да останам бремена, 5тата јас ја избрзав ептен од нетрпение,грешка ама тоа е, и отидов на 6та успешна. Тогаш немаше потреба од друга метода, затоа терав е сега за второво со годините не се павтаф со инсеминации, веднаш на ивф и прво успешно.
Зошто во ваква рана недела за брзо царски? Јас имав со првото плацента превиа , по 2, 3 недели се помести, сосема се тргна на страна, родив царски ама не заради тоа.
Незнам, имав крварење кое се стабилизира, можеби сакаат да избегнат дополнителни ризици, во вторник сум на контрола и ми спомнаа дека можеби и царскиот ке го закажеме набрзо. Моментално сум на строго мирување, бев и хоспитализирана.
Аха и дополнителни фактори, јас 40+некој ден се породив, плацентата се помести од цервикс, си се качи нагоре памтам тоа и кај мене 35, 36 недела беше. Ајде мирувај и нека биде како е најдобро за тебе и бебето.
Па во понеделник сум кај матичната вече закажана однапред, ама утре ако не се смири може ќе одам до Систина. Најблиску ми е и со првата бременост таму ми ставија инекција прогестерон додека на ГАК ми рекоа не е ништо ќе си се исчисти само(за хематом се работеше). Знам некогаш и даваат дополнителни работи за парички па затоа не избрзав за таму. Постојано имам болки не знам што да правам, не прекинуваат.
Претходно го мислев ако не го осетам да мрдне, ама вечерва не прекинува..стварно сум загрижена дали е нормално ова? Удира убаво го осеќаме и јас и мм.. Во 10 минути некои си 5-6 пати, после малку пауза ( 10-15 минути ), па почнува пак Ова трае веќе 2-3 часа и стварно ми е страв нешто да не се случува.. 20+1 сум инаку..
Да си се самоцитирам и апдејт @Konstrakta пак посетена итна заради повеќе крварење и ми кажаа 50-50 се шансите и се зависи од “природата” како треба да биде, ќе биде. Прогестерон инекција ми ставија, утрогестан и магнезиум терапија. Причина? Сабајле ништо страшно не видоа за сега да видат отворен канал а цервиксот 4цм должина така е добар, ама отворен. Постелката е долу па истекува. Парчиња, делови со друго име ми ги кажа ама од неа паѓале и тоа било крварењето. Освен инекцијава и строго мирување друг лек немало. Или ќе се крене со терапијава и ќе се затвори или ќе добијам спонтан и ќе биде како менструација. Некоја со иста или слична ситуација ако може да ми пише?
А кај мене па денес е доста мирно, осеќам поместувања повремено, не знам дали има врска со инекцијата за зреење што ми ја ставија
Немам искуство само сакав да ти дадам подршка, нека ве чува господ, со позитивни мисли и терапија ќе се среди.
Ако некој сака и ако сеуште има места, пријавете си се. @ina..ina оди во темата за плацента превиа, има таму со искуства и можеш и лично да им пишеш на тие што се породиле така. И јас сум моментално со плацента превиа ама во 18та нед ми ја видоа. Сега сум 20та скоро и едвај чекам контрола. Пред тоа не ми беше доле... Кога прашав дали ќе се качи, ми рекоа тешко. Ваљда има различни случаеви, поставеност.. па да знаат докторите кога би се кренала, кога не. Убаво се гледа и кај мене на ехово од мерење на цервикс дека лежи над цервиксот... Иначе вчера седам јадам и еден удар од бебево ме извади од памет Незнам што направи ама така јако ме удри од напред што подрипнав Со нозе надоле беше, а сега ударов го осетив горе кај папокот.. изгледа се свртело Среда сум на контрола и едвај чекам!
Дај боже се да биде во ред! Јас лежам периодов со перница под гз, убаво да сум крената со тоа што матката и бебето накај горен дел од телото да оди. Лежи и ти така. Не сум со слична ситуација ама сум со плацента превиа и малку скратен цервикс... Те прочитав дека и болки имаш.. мене за болките ми дадоа NoSpa, ама еднаш се напив при појаки болки. Деновиве, сиг една недела веќе.. немам грчења и болки..
Zenski 27 nedela sum od utrovo ko ke odam osekam bolka vaginalno kako da me sece nesto ima mesto za panika? Ili bebeto tezi pa taka se oseka iskustva nekoi
Jas sum 31 i mene veke edna nedela naednas kako bodezi, stabbing pain e na angliski..pisuva deka e normalno na internet. E sega zavisi kolku silno i cesto ti se deshava..
За болки ми помогна инекцијата, веќе немам. Лежам така знам од минатата бременост имав скратен цервикс иако истражував премногу дека не помага нешто ама психички ми е подобро. Многу ми е тешко 13месечно бебе имам, а страв и за ова. Ужасно, ама да не ја полнам темава со негатива, се надевам ќе ви пишам нешто убаво периодов
Девојки прашање, вчера имав многу гадна болка која траеше скоро минутка. Дури солзи ми се слеаа... Болката беше ко од средина на абдомен цела линија надоле низ таквата, буквално ко нож.... А баш бев легната на лева страна, и ко што ми помина болката така вкочанета седев дур не осетив бебе да мрда... А и пред болката бебето беше апла активно па се мислам дека удрило на некој нерв. Мислење?