Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Некој нерв, околу 20та недела ми се укочуваше од половината надоле по ногата не можев да мрднам ни напред ни назад, магнезиум цитрат и за некоја недела се намести сам од себе
     
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Фала ти, се надевам дека е тоа. Ќе и се јавам на матичната да ме види од понеделник. А деновиве почнав да пијам магнезиум и насабајле и навечер зашто ми е згрчено цело тело... Ама веќе цел месец ми траат грчењава јаки и мене. Чим одмарам ми се грчат нозете, чим сум активна имам некои смотани болки.... Инаку 22ра недела сум... А ко што спомнав и предходно бебушкава е дифтарче.
     
  3. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Јас си пиев од оние ќесите магнезиум директ, а кога го имав тој проблем земав стрикно цитрат демек се апсорбирал најдобро и најбрзо, сега сум пак на тие ќесичките исто сабајле и навечер. Такви грчеви што фаќаат во сон почнаа во трет триместер, ептен ми е језиво.
     
  4. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
    Дали се знае која инфекција го причинува тоа и дали ти дадоа антибиотици. Тоа не го спомнуваш а е многу битно. Ако има опција да те хоспитализираат и венски антибиотик да примиш. Серклаж исто е опција ама претпочитаат да е чисто.
    Дај боже се да биде добро!
     
  5. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Имав уреаплазма пред една недела завршив со пиење на Еритромицин и Ацидосалус вагинални пробиотици. Ми рекоа рано е за нови брисеви да почекам 10 дена од испиената терапија па тогаш да ги повторам, тоа би било оваа недела. Серклаж не е опција зошто постелката е кај грлото. Не ми се крати ама е отворено ваљда има слаџ од инфекција ова е моја претпоставка, тоа се средува со соодветен антибиотик ама дали ќе бидеме брзи и успешни, здравје.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
    Позитивна мисла и бидете упорни, ако имате можност оди на второ мислење на приватно, лежи во кревет, те прочитав имаш мало детенце, најди некој да ти помага да го чува, никакво движење. Строго мирување!
    Брисеви сум повторувала и на 7 дена види да не чекаш 10. Личи дека инфекцијата не е долечена и мислам дека побргу треба да продолжиш со антибиотска терапија.
    За жал уреаплазмата тешко се третира, се лечи со доксициклин но во бременост не е дозволен. Но должината на грлото ти е добра, да се запре само прогресот на инфекцијата и ќе се среди (fingers)
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Пишав во друга тема но не е баш активна па не го добив одговорот што го барав:D да пробам и тука од поискусните некој да ми каже дали станува збор за лажни контракции. Повремено чувствувам од десната страна како стврднување но мислев дека е бебенцето и дека се мести така со грбче/газе, некоја минутка па пак се враќа стомакот во нормала, значи не е цел стомак туку од една страна. да не е тоа уствари лажна контракција? Прашувам бидејќи вчера имав дешавка па ме приклучија и на цтг иако сум за некој ден 32 недела и покажа контракции одеа до 40 ама некако неправилни беа. Докторот рече може се лажни, може матката се спрема и вежба за пораѓај но за секој случај ми даде инекции за зреење да сме на сигурно. Е сега јас ни лажни контракции не можам да распознаам дали ова погоре што го опишав е всушност лажна контракција?
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    5.054
    Пол:
    Женски
    А која недела си сега? И зошто не те задржаа во болница?
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    77.423
    Пол:
    Женски
    Вистинските се на скроз ист интервал и кога ќе почнат, не запираат... пример почнуваат на 3мин, стега јака болка грч што и да е и пушта.. па пауза 3мин и пак стега пушта, пауза 3мин итн. Доколку интервалот се намали на 1мин пример.. почнува стегање пуштање на 1мин итн.

    Лажните се скроз неправилни, не се на точно време, знае да држи долго грч да не пушта, не се на точен интервал. Кај твоето цтг скоро и да нема пауза, додека си била приклучена матката постојано ти се грчела без паузи. Може биле лажни некои контракции, а може па и бебе нешто да се вртело тегнело и матката на некој начин си се мачи (па детектира нешто цтт).
     
    На Mihaela123456 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Ден не знам кој беба многу мирна. Се сврте со главата нагоре, цел стомак ми е сменет :D па најверојатно ради тоа движењата не ги осеќам.
    Моите ми викаат да не паничам, дека во овие недели општо движењата не се многу чести, па може спие итн... ама и да спие нели се буди некогаш :^)
     
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Сега сум 16+ 2. Зошто искрено само во државна бев, Систина бараат 4800 само за ехо, а кај мене треба повеќе и немам услови да давам 8000+. Ме гледаше два пати специјализант таму(гак) , кој бил знае ги праќаат нив па им се јавуваат на доктори за дијагноза и терапија. Утре сум кај матичната и имам повеќе надеж дека ќе го види точниот проблем и дека ќе даде решение. Нека земе брисеви и да го исчистам тој слаџ и така мислам дека ќе е средено. Па постелката нека е долу тоа не ми е така стресно овде читам многу со таква дијагноза. Специјализантот буквално ми кажа природата ќе одлучи што ќе биде со плодот нема што да се направи како што пишав прогестерон инекција примив, утрогедтан вагинално ставам и тоа е тоа. Серклаж не може, брисеви според него беше рано да се земат иако според мене тоа е решението ама верувам дека утре ќе средам.
    Инаку викендашки, специјализантот беше истиот и во 8 сабајле и во 3 вечерта и во 8 ми рече ништо не е, а во 3 можеше да го види проблемот, немам коментар за Мк државно здравство. Се јавив во Чаир една успана ни кажа индиректно да одиме во државна рана бременост сум имала подобро било таму, изгледа требаше она да ми направи прием па ја мрзеше..
    Ако и матичнава ме разочара ќе одам во Ремедика, сигурно не е 5000 само за влез.
    Да дополнам го пратија мм во 3 сабајле веќе недела фаќа да бара прогедтерон инекција, во ниеден Зегин и Еурофарм ја немаше, направи хаос се звонеше по телефони на крај во Виола Аеродром ја имало и за мочани 94 денари се изнамачи и он после стресна ноќ, среќа со кола сме, а тие без?
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    @gothchick оди во работно време во државна. Два пати сум била до сега и презадоволна сум од односот.
    Првиот пат беше на 1ви јануари, многу смирен однос, културни, ме прегледаа, ме смирија и срце слушнавме.
    Вториот пат беше пред 10тина дена, со многу лоши болки не ме прими матичната, ме прати во државна. Ми се погоди некоја ептен фина докторка - Ева. Убаво ме прегледа, ме смири, ми објасни што како, ми даде упати за крвна слика и за урина и ми даде терапија.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    3.275
    Пол:
    Женски
    Jas ne znam sto e so lekovive...mene taka mi se pogodi da nema kleksani, edvaj da najdam. Kaj ne se 100% vrateni parite pa use i gi nema
     
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Не не на односот греота да се пожалам, фини одма достапни дотрча тој од шиење смирен позитивен. Сестрата ми понуди да лежам, па ме тешеше и даваше совети. Стручноста ми е под прашање зошто не праќаат доктор туку некој што се учи и мисли дека не видел ништо..а имало доста за гледање. Знам дека и тие треба да научат, не осудувам ама кога се деликатни случаеви може да дојде и доктор:)
    Јас сум идела порано и во државна и во чаир, сум имала секакви искуства, доаѓале и доктори долу на преглед ама за стручност ова е втора утка во гак. @Konstrakta едни женички ми посочија аптека во Чаир спроти Верото, се имало а тоа што немало порачувале.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    77.423
    Пол:
    Женски
    Е знаеш и јас се жалев... исто беше со нозе надоле, глава горе и чуден стомак, ниско удари. Од вчера е весело, осеќам и стоечки удари. Еве правам американски палачинки и ме тресе :D Мислам е со глава надоле сега, дека удариве погоре ги осеќам. Вчера каков удар добив во седечка положба, ме запрепасти како може во 20та нед таква јачина да има :rofl: Преку стомак излезе некој дел 100% :rofl: Очекувај и ти за макс 4,5 дена ова ќе те снајде хахаха
     
    На merriel0, marama и .brm. им се допаѓа ова.
  16. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски
    На англиски има еден термин 'advocate for yourself', ако нешто осеќаш дека треба да се направи поинаку, преговарај го, бори се, не значи дека ако се лекари дека тие секогаш се знаат.
    Имав и јас уреаплазма, мене ми велеа да се мијам со камилица (facepalm) и тоа лекар од Систина, ама за тоа во некоја друга прилика.
     
    На Emilia937, gothchick и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  17. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    5.054
    Пол:
    Женски
    Оффф со помин и со лесно, се да си биди во ред до крај да си ја истераш бременоста. Незнам шо да кажам и не се разбирам многу, само господ со вас па ќе се најди лек. :l:
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Јас сум 31 недела и некаде 28 нед почнаа да ми се стврднува меше..не секој ден и не многу.. има денови повеќе пати има денови два пати.. исто на десна страна и сменам положба и помине...со првото истото го имав и добив зреење... сега нз што да правам дали да видам на матичен да ме праќа ск...ум немам
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. .brm.

    .brm. Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Мојава матична не е многу загрижена за стврднувањава, додуша и не е многу заинтересирана за ништо... Дали само ова било индикација за примање инекции за зреење првиот пат или имало и друга причина? Тек за две недели сум на контрола. Баш се исплашив што ви препорачуваат инекции, а мојава абер нема од ништо...
     
  20. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Јас имав стврднувања кои се зачестија денпт кога ме провери докторот омекнато грло и ме испрати за ск.. рече наводно била инфекција во прашање