Доколку си во можност би ти препорачала да одиш во њу борн кај д-р Татјана Гуржанова, многу стручен доктор е. Трудничко ехо е 3500ден.
Најтопло ти ја препорачувам др. Гордана Петровска од Систина. За стручноста нема збор,ќе те смири,ќе ти ги каже сите опции,ќе провери се што треба и ќе те покрие со секаква неопходна терапија. Не знам зошто мислиш 8000 дека ќе потрошиш,на мене ми гледала и цервикс и со рака преглед,и ехо на стомак па наплатено само ехо. Во две бремености,два пати одев кај неа со различен проблем.
Имам одено кај неа, супер впечаток и супер преглед, прв скрининг со првото дете правев кај неа. Фала ви мајки и momies ti be не можам да ве тагнувам ама се префрлам во друга тема. Не било пишано да го држам во раце ова бебе ама 29 години сум и не се предавам ќе си има ќерка ми братче/сестриче еден ден Со лесно на сите, смирено, без стрес и паники за пораѓај, сите маки и труднички и породилни ќе поминат кога ќе се породите
Не знам каде си пишала во друга тема, неможам да те најдам никаде.. ама ти праќам големи гушки, не губи надеж Остани силна, чувај се
Само едно ќе кажам, пазете каде одите на лекар!!! Дали има некој начин да се тужи доктор (специјализант) или да не се чудиме кога ќе има убиства на вакви квази доктори??? Ќе го изгубев бебето, ми рече крај е, постелката излага од грлото, почнав дома дури да давам напони за дома да го породам! Не сакам да опишам што све се случуваше, може и да се одјавам од форумов, психички сум уништена. Толкав стрес за мене, плачки, сите блиски под стрес… Жени, мајки, и јас и бебето сме добри, постелката е горе, цервиксот затворен, бебето витално, инфекција нема, ништо нема никаква опасност освен скратен цервикс 2,6 во 16+3 недела. Ќе примам инекции прогестерон редовно, утрогестан и мирување, ќе биде се добро. Здравјето нема цена! Државна болница ГАК да можам ќе ја бувнам во вис!
32 nedela почнувам од утрр. Бебе мрдљ ккга мрдне непријатнп ми е доле.. ем како во бешика ем како во вагина ме удара така осеќам... паничам да не е доле ептен иако досега никој не ми рекол така.. вие како ги осеќате мрдањата оваа недела ? завртени сме со главичка надоле ние веќе 2 недели кога бев посчедно на преглед
Многу ми е мило што сте добри и двајцата! И жал ми е што си морала да го поминеш тоа. Јас треба за скоро да се породам на ГАК, те молам може ли да ми кажеш за кој доктор се работи? Може и во инбокс.
Мора да има начин, лекарска комора, нешто, било што ! Тој специјализант на извештај стана печат од доктор, не свој, колку е крив специјализантот повеќе е и докторот што дозволува негов колега да користи негов печат без да го надгледува. Истото ми се случи мене, кога госпожата специјализантка ми збореше дека бебето напредува супер и има срцева реакција и дека се нормални менструални болки, а тоа плодот беше мртов 3 недели. Дома го абортирав во голем шок. Не бев финансиски спремна и не сакав да одам по телевизии иначе мамичето ќе им го расплачев. Само да сте вие добри, кога ќе се породиш ќе спласне овој стрес, но ако можеш, да да бараш прием кај директорот на гак и да инсистираш да има казна за специјализантот.
Не знам, доктор не се симна само искомуницираа на телефон ама според податоците што неписмениот му ги кажа. Сега гледам и дека е жена во прашање, ама ни сабајле ни вечерта не дојде жена доктор. Извинете на сите што идете редовно таму или ќе се пораѓате ако ви направив стрес, не беше намерно. Сестрата го викаше ДАРЕ детево човеков, ако има некоја инфо за таков специјализант нека ми пише. Јас ќе го најдам и ќе го пријавам, тоа секако не му бега. Во нервозата бевме спремни и полошо од пријава да направиме. Не може да се пуштаат на итни случаеви сами!! Ќе почекам пола саат плус ама нека дојде и докторот! Најлошото е што неговите зборови и дијагнози ги нема запишано има запишано дека е дадена терапија заради крварење и што понатаму да користам. Ќе биде мојот збор спрема неговиот за тужби и сл работи. Имав веќе лошо искуство со првото таму кога сестра не знаеше да го стави цтг па ми рече плодот го нема не е активен сега ќе дојде итно доктор. Кога да дојде да види дека не е наместено добро и и рече да смени хартија. Пустата не знаеше ни да смени па замоли некој човек што се маткаше тука не знам што беше не беше во лекарско облечен. Кога го пушти бебето супер. Ми се смируваат емоциите ама и покрај добрата вест јас сум потиштена уште не можам да се израдувам, го прежалив бебето а тоа здраво право.
Оф леле, неписмени... Јас ако слушнам информација за таков човек ќе ти пишам. Сега опушти се, смири се заради бебето.
Heferol dali piela nekoja? Dali ima gadenje od niv i zapek, i onaka go imam toa Hematolog mi preoiša po dve dnevno
Смири се мајка, мада знам стресот ке те држи уште неколку дена нема да си скроз опуштена ама ќе биде и тоа. Правдата да си ја бараш !! Само сега за вие да сте добри мисли позитивно и гушкај меше, ти кажав господ е голем тој ве чува, а овие не писмениве нека ги казни
Sega za sega taka preku eden den odam, malce so napor, ama ok, ali ko kje počnam železo haha koj znae