Ги пијам и во второ тромесечие, одам на контрола секој месец на трансфузиолог, не ми спомнал ништо до сега за витамините, само ми ги продолжува.
Јас ги пијам и ми рекоа никако прекинување додека не се породам и плус пијам фемибион 2 веќе сум 24недела
Јас ќе сменам малку тема..т.с машки имиња... Имаме неколку на ум ама не можеме да се одлучиме ич... Тино ( фаворит на мажот ми ) Јаков Антониј
Ааа па ти си била бремена Честитки и со лесно. Иначе ви ги читав муабетите за полот моја другарка две машки се уби од повраќање. Јас женско, повраќав али не толку колку што имав гадење 24/7 дури и во спиење. Мигрена имам одамна ама до 4ти месец во бременоста беше неподнослива болката често завршував на дежурен. После тоа исчезна. Е сега сите ми велеа дека бременоста многу ми годела и дека сум била многу разубавена. Ај може и кај тебе ќе биде девојче како во мојот случај
Дали некој бил до сега на Отворен ден на гинекологија во Ремедика, да сподели инфо дали е корисно? Дали има нешто како едукација/предавања или само шетаат низ собите/салите? Јас сакам да одам, ама ги знам повеќето доктори бидејќи веќе сум била хоспитализирана во Ремедика на Гинекологија па се мислам дали би ми било корисно.
Вие сте одлучиле да не правите, тоа е ваше. Само ете јас жив пример. Бебе цело време си беше таман со мерки по недели. Шеќерот никогаш не ми поминуваше на гладно 5.1 кога и да испитав крвна слика. Немав вишок плодова вода. Буквално никакви индикации, ама испитав скриен шеќер и оп таадааа честитки имаш гестациски дијабет. Не за џабе е воведено тоа испитување. И малку глупав совет сте добиле на гак. Бидете живи здрави и да биде се во ред. @merriel0 да си го направиш испитувањето без разлика дали имаш/немаш индикации
Јас се породив пред 10 месеци. Инаку бев на диета. Имам доста пишувано во темата гестациски дијабет, барај ме таму да ме читаш и мене и многу членки со овој проблем.
Породена сум веќе, ама сепак фала , да сте живи и здрави вир и да растете големи Инаку освен на ГАК и во Систина водев бременост каде што секако побарав 2 мислење, ми рече докторката дека не мора да го правам, нејзе одлучив да и верувам. Фала богу еве не здрави прави
Јас пијам Дабростон од почеток, 2х10mg. Сега сум 29та недела и баш ќе прашам наредна недела на преглед до кога се пијат
Девојки добро утро како сте? Вие кои сте при крај какви ви се симптомите јас сум 38недела навечер тешко заспивам имам повремено грчење во долниот дел на стомакот а и чепот ми паѓа веке две недели и се си мислам ајде денес утре и ке се гушкам со синчето ама ништо ...Се надевам за кратко време ке биде.
Со лесно.. симп може да постојат ама може и не.. кога се пораѓав јас ден два имав вртоглавици .дали притисокот беше, гледав тв и се ми се матеше сликата, нз точно ама не го поврУвав со пораѓај бидејќи бев 36 +1 ...ама ете тој ден ми пукна водењакот.. а чеп, ни чеп видов нити ми паѓал...со лесно мајка
Уште едно прашање за утрогестанот, колку треба да е разликата од вечерното ставање до утринските вагиналети? Јас на пример навечер ги ставам во 22.30 кога легнувам, а сабајле во 7.30. Дали е ок вака? Вие кое време ги ставате?
Фала ти. Јас со првото дете ни чеп видов ни ништо хаха,за второто ми падна чепот утрето ден се породив а сега две недели ми паѓа абер нема да излезе.