@Ceneva @Konstrakta @WhiteCat33 @flower55555 И незнам уште кој ми одговори за скриениот шеќер. Фала ви на одговорите. Мене матичната ми вика немаш индикации, следна контрола ми е крај на април, а моментално 23та терам. Незнам како да постапам за да ми го даде испитувањето...
Не сум ве читала претходно, ама по протокол секоја трудница треба да направи. Јас со никакви индикации имав гестациски дијабетес. И не дава матичен гин. упат, секако е на приватно, можеш без проблем да испиташ ако сакаш.
Сонц мислам дека психички ти врзало тоа што ти кажале дека си слаба. Секое тело е различно, и различно износува бременост. Јас мислам дека немаш простор за грижа. Пренаталниве витамини ни даваат а тоа што е потребно, да земеш на сила да јадеш пак може штета ќе направиш, може да си го оптовариш организмот и желудникот. Само лека и без грижа. Варијациите се нормални.
Јави се Биотек / Авицена прашај која цена се. Мислам дека не беше скапо. Пристапна цена беше. Јас прашував еднаш во Биотек, ама само да те излажам за цената. Ако сака @AngelOfArh мислам како да ја запамтив дека во Биотек има правено, да сподели. Ако сум грешка нека ми извини.
Ајде баш ќе се јавам ќе прашам. Ми стои на глава, имам интуиција некоја дека треба да го направам. Фала ви
Извини што улетувам, а дали за трудници е поефтино? Јас прашував во Биотек, ми кажаа 3200, пак се прејавив после неколку дена ми кажаа 3100, им нагласив без инсулин. Во Авицена ми кажаа 3600, сега брзо се прејавив, им нагласив без инсулин, 3060 ми кажаа и само во Тафталиџе испитувале. Не знам, тука читам 500-600 им земале, за трудници да не е тоа?
Со втората бременост повраќав 9 месеци нон стоп бев само 6 кг поправена бебе се роди 3600. Со првата бев поправена скоро 25 килограми се си јадев и благо и солено и понездрава храна бебе беше 3200. Воопшто да не си се сеќираш поубаво што си послаба и поподвижна секако ти си внесуваш се што му е потребно на бебушка. Сега сум 24 недела и сум поправена 5 кг само зошто повторно гадење и повраќање имам нон стоп. Секој организам е различен и секоја бремост е различна. Да сме здрави и живи само и ние и бебушките наши. После пороѓај па полесно ќе ти биде да си ги вратиш килограмите ако и воопшто имаш потреба ако не маникенка ќе си секако
Ај утре ќе поминам ќе прашам. И така ми е блиску и ќе идам натака, баш ќе влезам и ќе им појаснам што конкретно треба. Знам ми рекоа посебна просторија е каде што и нели се чека и дека однапред треба да резервирам 4-5 дена. Ќе прашам и ќе ви пишам тука да знаете сите.
Да, и мене ми кажаа треба да закажам. И мене ми се во близина и Авицена и Биотек, скоро секој ден поминувам од таму и заборавам да влезам. Сепак фала ти. Едит: не ми се брза мене, кога ќе почнам да собирам документи, тогаш и тоа сакам да испитам.
Огтт за трудници на приватно со три мерења е 550 во авицена а со упат од матичен има само две мерења и мислам се плаќа 100 и нешто денари
Појди си на приватно и испитај не е многу скапо. Имаш време да си размислиш до 28 ма недела. Ама мој совет ти е да го направиш. Не сум само јас без индикации која имала гестациски дијабет. Не те набедувам само тоа ти е мој совет ништо повеќе.
Не е кај сите исто може чепот да ти падне и при раѓање како што знам јас со првото дете ни Ч од чепот не видов Главоболка мислам дека е нормално ама за секој случај кажи си на матичниот кога ке одиш на ЦТГ. Контракциите се нормални си се спрема телото за процесот и јас имам ама издржливи се. Ајде уште малку па ке се олесниме само стрпливи да сме.
Чим вака е, ќе го направам. Никакво набедување, си прашувам зашто сакам и имам интуиција да го направам. Фала ви
Вие што пиете магнезум..колку пати на ден пиете и од кокку милиграми ? Влегов во 8ми и се зачестија стврднувањата на меше веќе и нервоза ме фаќа
Јас поради неугоди грчења кои ги имам во долниот дел од стомакот денес бев со лекарски упат од матичната на EMG на клиника на одделот за спортска медицина. И си изнапраив муабет со жената. И на моите грчења ми кажа да пијам до 1500мг магнезиум дневно, збогатено со Б-комплекс .Толку бил лимитот. Ми кажа сабајле и навечер обавезно по 400 пиј, а ако имаш грчеви и измеѓу. Значи тоа доаѓа на 6часа по 400 мг.
Б комплекс или б6 исто ли е ? Јас пијам два пати од 250 мг.... сабајле чистев малку купатило ептрн ми беше зараза врќе не бива нервирав се не сум се мн напрегала и почна да ме сгега од тогаш... пијав прееска мг и срга сум океу еве ги нема поминаа.. ама нервоза ми ствараат
Јас го пијам овој магнезиум и одличен ми е. Од прашок ми се лоши и ме тера на повраќање, а со овој немам проблем бидејќи е таблета. Помалце од 150 ден, во ДМ. Пијам од 2 до 3 на ден, зависи како се осеќам.
Епа затоа Б-комплекс сонц, тој смирувал. Инаку Б комплексот е комбинација на сите Б витамини. Во комбинација со повеќе магнезиум би требало да ни ги реши маките. Ајде баш ќе пробаме. Ќе си го купам овој, солидна е цената. Многу ми се скапи прашоците по 3 4 на ден да ги пијам...