Ви благодарам многу на сите што ми одговоривте, ептен ми олесна кога ве прочитав, за момент си помислив дека нешто грешно јас правам. Ве гушкам Инаку да се надоврзам за цената за скриен шеќер јас денес платив 200ден, ама ми кажаа дека треба да си купам глукоза, ама не сум од Скопје, незнам за таму како се движат цените
Немам многу истражување направено, ќе конзумирам тоа што е достапно кај нас на пазарот. Некој ако знае повеќе нека не просветли
И јас пиев од 250 мг дневно. Ама за да стигнам до 1500 треба 6 вакви да испијам... Секој со своите потреби.
Мислам дека магнезиумот е доста значаен во бременоста. Еве прочитај си. https://betty.mk/магнезиум-во-бременост/
Среќа немам никакви знаци на недостиг и немам некои големи потешкотии освен отоци на дланки и стапала ама јас сум веќе 36та недела. Како и да е, ќе си ја прашам јас докторката иако на крај сум. Фала ти
Јас го пијам овај по едно на ден . Но сега полнав повеќе да осеќам стврдување и пијам по две.. да помине 8ми месец без проблем после не се плашам дефинитивно
Јас пијам магнезиум цитрат 1 на ден од 200мг, заедно со Фемибион 2. Матичната ми го вклучи во 16 недела бидејќи имав доста боцкања во стомак, кои не се намалија баш и покрај магнезиумот. Претходно испитав мг во крв ( авицена 150 денари е ) и ми беше супер, без недостаток првите 16 недели. Пиев прво на Солгар, сега на Now. Тука се со цената, прилично поскапи од оксидот. Освен што мене оксидот ми прави страшна дијареа, не се апсорбира воопшто во споредба со цитратот, дури и тоа што го имам корисно ќе го исфрлам со него
Искуство со намалена плодова вода во 28 недела, и средено со препорака за пиење 3/4 литри вода на ден плус примав 4 дена системи физиолошки. Дали сте биле во ваква ситуација? Препорака од матичен лекар за мирување, преглед за две недели т.е во 30 недела. Гледам што повеќе да лежам, денес решив да попешачам пола саат и ципата лева ме уништи, буквално како здрвен ми е тој дел, кога сакав да се качам во автомобил одвај ја кренав ногата. Утрогестан ставам од 20 недела, пауза сама си направив две недели (ова уште пред да де појави проблемов со плодовата) незнам и јас зошто (немав никаква мака, а и ми се смачи секоја вечер обврска плус истекувањето наутро, по неколку пати под туш одев, затоа...) Сега еве пред три дена почнав пак да ставам..
Приватно за Биотек незнам ама за Авицена знам и е 550денари, еве и слика со ценовник нас ни треба ОГТТ само а не ИНСУЛИН ОГТТ
Си барала испитување за инсулинска резистенција. Да го испитуваат хормонот инсулин во крвта во рок од два часа. Треба да бараш испитување за скриен шеќер - OGTT, испитување на шеќерот во крвта, а не на инсулинот
Jas pijam edno apce nautro od 250mg i dve apcinja od 250mg pred spienje zosto navecer mi se grcese nogata. Od koga pijam taka mi e okej. Nekogas i nautro od 250 apce a navecer kesicka magneziym direkt od 370mg.
Јас испитував, 600ден со 3 боцкања е. Ти кажале за инсулинска резистенција, огтт и тримесечен заедно се, тоа е пакет, знам бидејќи внука ми го праеше и се 2 боцкања, на гладно и на јадено. Авицена е со две боцкања но за трудници е правилно со 3. Тоа е обичен шеќер, скриен шеќер со 2 боцкања е 100 и нешто и се важи како на товар на фондот а третото се наплаќа како приватно. Не е исто обичен шеќер и скриен шеќер. И на државно е 100 и нешто денари скриен шеќер.