Мене еднаш неделно обавезно ми крвари носот и тоа обилно, докторот рече нормално е, пијам и ц витамин
Вода и мене ми рекоа да не пијам и да не се движам да седам на столчето а толку ми беше лошо се препотував мислев ќе се онесвестам, едвај издржав гладна и конечно дома си направив смути демек нешто полесно и се исповратив
Девојки 24та недела од денес. Бебево денес многу слабо го осеќам да удира, многу тапи слаби удари и ноќеска не ме ни разбуди како по обичај. Претходно дури знаеше да ме здоболи и нонстоп се движеше. Дали е нормално? Вчера бев на преглед се беше ок. Не знам дали паничам беспотребно.
Здраво женски!25 недела сум,и мака мачам со столицата секој ден.Вчера вечер и желудник и стомак ненормално ме болеа,отидов во вц и 1 саат седев додека не завршив работа и после тоа подобро ми дојде.Денес така го осеќам надразнат желудников.Имате ли нешто да ме посоветувате да си олеснам работа?
Мене ми помага ладно цедено масло од лен, го ставам во салати. Го има во сите маркети. Но секако мораш да внимаваш и на исхраната, повеќе храна што содржи влакна, многу овошје со се пулпа да го јадеш, не цедено. Вари компот од сливи, не засладен и свежи сливи секако. Исто гледај да јадеш повеќе течна храна, супи, домашни манџи.
Истата сум и јас, 25 недела, вчера конечно бев во вц по три дена мене суви сливи ми помагаат најмногу до сега
Две вечери по ред некоја чудна болка во грбот од десна страна. Не ме буди, ама кога отворам очи после никако не можам да се наместам за спиење, ниту на грб, ниту на страна. Среќа преку ден не осеќам ништо.
Ај ве молам, според мене ми изгледа ко да немам ОГТТ.. ја прашав докторката и рече дека вредностите се гранични, да внимавам на исхрана и да направам дополнително анализа за гликолизиран хемоглобин? Може некој да ми каже каде е тоа и што треба да се направи, на гладно или што ?