Три месечен просек за шеќер е тоа. Го прават секаде, во сите лаборатории. На гладно ќе ти земат крв, резултатите истиот ден.
Гликозилиран хемоглибин е тримесечен просек од гликемија. Не се испитува на гладно, бидејќи не е моментална гликемија. Со крвна слика мислам дека би можел матичен да те прати да испиташ. Во Авицена се доплаќа нешто ако е преку матичен.
Кога сакаш можеш да се боцнеш, нема никаква улога тоа, ти гарантирам бидејќи го правам редовно. Не е моменталната гликемија во прашање.
Јас обично секогаш сум се боцкала на гладно, но и да идеш сега нема да направи некоја голема разлика.
Вчера бев на контрола 24недела бебо супер напредува 700гр се си беше супер само се замислив со главче е доле со газе горе од десна страна кај мојот папук па нели е рано за да е надолу со главчето или ќе се сврти??
И јас сум 24+3, кај мене на последниве 3-4 контроли исто е свртено надоле .. Др кажа не е страшно ништо,само може понекогаш да ме притиска на бешика или да го осеќам малку ниско .. друго ништо,рече да си функционирам најнормално..
22 недела се сврти, исто не ми спомнаа дека е рано или дека е некој проблем, само пречесто одев во вц
Не да идам во вц .. дури додека стигнам некогаш од спална до вц имам неколку капки веќе испуштено .. дали уште ви е бебо така свртено со главчето надоле или??
Леле,и јас си одам стално во вц .. спалната ми е на спрат,додека се симнам до доле до вц посебно навечер ептен ми е мака Инаку да,уште си е така свртено и го осеќам кога ме клоца под ребра,во желудник А и киселините ми се на 100ка пуштени моментално леееле колку мака имам
Ќе си се врти тоа цело време до крај, последно треба да се заврти со глава надоле и да остане така, ама тоа 9 месец.
Знам дека е забрането капки за нос, ама многу ли е страшно ако прснам навечер пред спиење? Ставам Марисол цело време ама навечер не се издржува и вчера ставив и септаназал.
Инаку девојки како се справувате со коментари од типот ,,лелее те видов како мече си се направила'' ... Па нормално,трудна сум ..како да бидам? Сега ..ниска сум останав бремена со 45кг сега сум поправена некои си 10тина кг, 24 нед.и некој ден сум.. башка со ин витро,еден куп терапија примив,нормално е да се поправам.. И добиваш таков глуп коментар од личност што го знае тоа .. Абе незнам што да мислам,од милост ли е, од глупоќа ли е или како да го наречам .. баш ме изнервира