Ти да возиш 100км или да те возат? 100км се проаѓаат за 1 саат, не е нешто долго не треба да има проблем до крај. Јас возев до крај со првата бременост.
Јас од понеделник почнувам 39недела сеуште возам. Ако ти можеш да си прилагодиш и се чувствуваш океј зошто да не.
Гледам јагоди почнаа по маркети, ме фаќа стрв , дали смеат да се јадат? Читам по форумов различни коментари и не можам да донесам заклучок.
Јас јадев 2-3 пати до сега цели канчиња, стоеа во жешка вода со сода некое време, а зошто би биле забранети? Немам слушнато нешто такво до сега
Јас се утепав јагоди јадејќи, баш сабајлево смути од банана и јагоди правев. Обавезно имам јагоди дома. Само убаво миење и нема проблем.
Бебево во различни периоди од денот различно го осеќам. Некогаш ептен ниско, некогаш околу папок. Веројатно со различни делови удира, така?
Извини што улетувам, не ти се раскашавија така? Јас еднаш ги ставив во вода со сода, ми се раскашавија.
И мене тоа ме чуди, во жешка вода и сода, џем ќе ми се направат Мене ми побелуваат јагодите од содата и оцет заедно. Треба да пробам само сода да видам. А колку време ги киснете?
да не стојат предолго и немаат гајле, 15-20 мин ги оставам само и пак ги премивам. Ако сакаш подолго тогаш воопшто не ставај топла вода оти и од топлата вода ќе се раскашават. Ако не ставам сода шубе ми е да ги јадам, едни од најпрсканите овошја се
Здраво, денес ми соопштија дека носам близнаци но исто така дека се сместени во десен рог на матката.Прашањето ми беше дали некој се соочил со вакво нешто?
Леле исто и на оние миените пакувани салати, дома ги киснам пак Некаде ми се појави видео дека ако исечеш портокал немиен, од ножот може внатре да влезат бактерии и сега и тоа почнав да мијам
Јас возам по 100 km во правец до работа и матичната ми има кажано дека е ок, возење не било ризик само по себе, бидејќи седиш. 29та недела сум.