За последно прашање незнам, ама за првото освен парацетамол ништо… Мене ми олесна ладен јогурт пиев многу. И јас целата горев од внатре и некако ме ладеше и убаво ми беше. Ако имаш некоја ментол крема намачкај на чело и врзи се со некоја марама. Ќе те пушти малце од малце. Ако ти се влошува кај матичен па може нешто друго би ти дал.
Јас пиев парацетамол, антибиотик, синомарин прскав во носот и инхалации со физиолошки правев, сето тоа дозволено од гинеколог. А д димери џабе ќе испитуваш можи да се високи од вирусот, и јас имав упат ама дури вчера бев се боцнав од како ми помина.
Да затоа и прашувам, незнам точно и што прележаа... да не ми се дигнат димерите додека сум болна.. Ќе оздравам па ќе земам нов упат...
Како се борите, кој ред го фаќате со спиење/неспиење???? Наутро сите се прва смена, сопругот, децава.. Јас секој чекор им го сеќавам, се расонувам во 6 и пол, после тоа ми се приспива во 9 некаде, а тогаш треба да сум расонета да им спремам доручек, во 10ипол/11 децава се враќаат. Ако преспијам то време, после то цел ден ми е КАТАСТРОФА ама стварно, безволна сум, до ништо не ми е. Ни кафе ни цигара ни ручек да спремам ни да се расположам. Си се смачив самата на себе озбилно! 30та недела влегувам в петок
Никаков ред немам .. едвај заспивам во 03-04h после полноќ, се будам од 11 до 14h правам нешто за јадење доаѓа мм ручаме и пак сум во кревет ако искочам да попешачам или негде да појдеме со сила и тоа .. така секој ден 24+6 сум.. имам пробано и сабајле да станам порано за да заспијам порано ноќескаа ама џабе не успева ...
И јас вака, двократно спијам откако останав трудна, заспивам касно околу 4, станувам еднаш сабајле околу 7-8, до 10 не спијам, после во 11 пак продолжувам уште три саати. Си се навикнав веќе
@flower55555 што антибиотик пиеше? Леле ич не сакам антибиотици во бременост ама... сабајлево плус грло партал, не можам да голтам... и плус десно уво ме заболува. Крш сум воспалена уво, нос, грло, ми иде фацава да ја откорнам. Ќе одам попосле до лекар..
Имам лесен сон, со силиконски тампони сум секоја вечер. Така да ако те будат рано кога се спремаат, препорака за силиконските тампони на Doctors Навечер ќе гледаш да легнеш порано, за да наутро се будиш наспана, се е навика. На почетокот ќе ти биде тешко, но биоритамот се тренира.
Их колку нови бремености убавини Ве гушкаме мешиња темава посебно ми фали,имајте сите лесна бременост и живи и здрави бебушки
Се согласувам дека се тренира, јас дури несакам толку да спијам, сакам рано да станувам и до покасно да бидам свежа и расонета ама дремката ме оборува уште во 22часот а насабајле ако не сум на работа којзнае до кога би спиела.. Деновиве како што се убави сончеви не ми се промашува ни еден саат во спиење и станувам рано ама никако да го истренирам мојот биоритам без аларм да се разбудам
Јас си спијам многу убаво Легнувам околу 21:30, 22 најдоцна. Ако се разбудам во текот на ноќта презаспивам одма. Имав неколку ноќи кога не можев да спијам ама тоа беше од болки или ако психата не ми дала Се будам околу 7 часот ама наспана сум, уште да не сум на тоа спиење Прво бев загрижена зошто толку спијам, сега си викам да искористам дур можам.
Исто и јас немам проблем со спиење, се будам ама одма презаспивам. Нема тука ништо за грижење, супер ни е
Јас немам проблем со спиење секогаш 22 30/ 23 си легнувам ми се спие и неможам повеќе а на сабајле последните недели кај 9 бебенцето ми мрда цело време и ме буди
Сумамед пиев, ке ми дадеше пеницилински некој ама пиев во февруари и не ми помина кашлицата па затоа овој. Инаку и со него пак тешко поминав,4 дена прелошо, и уште сум затната на моменти уште со шлајм кашлам. Ова страшен вирус беше истио е изгледа ко шо кажуваш
И јас спијам убаво, т.е на време легнувам ама се будам нонстоп во ноќта. Преку ден кога спие детенцето и јас со него обавезно, цело време ми се спие искрено хаха. Лоши ми влијае промената на времето,ме болат коските, главата и само ми се лега. Ноќеска толку лош сон сонував дека престанало срцето на бебето,многу плачев. Се разбудив и после пак сум го продолжила сонот. Повеќе од 3 недели го немам видено на ехо и секакви мисли ми се вртат низ глава. Барем да го осеќав кога мрда, ќе ме смируваше колку толку...
Инаку дека прашав погоре за утрогестанот и микробиолошките брисеви. Ми кажа гинекологот три дена пред да ми зимаат брис, да не ги ставам туку да ги пијам. После земањето да си ги ставам вагинално, како до сега. Чисто информативно споделувам, доколку ја интересира и друга трудница
Прочитав некаде дека со тек на време сликичките од ехо што ни ги вадат избледувале, има ли начин како да се заштитат да не се оштетат?