Анчетупанче, и јас си пијам кафенце понекогаш и повеќе од едно ама со млеко со многу млеко , искрено и не се пазиме сите толку ... знам дека сите трудници направиле по некој кикс сигурно и дека не се придржуваме до правила и прописи , (јас знам еднаш неделно од мајками едно цигарче да земам со кафенце (сигурно сега ќе бидам многу карана ) ама ми иде од внатре, а едно викаат ко ниедно така да уживај си .........поздравче И кај мене исцедокот некогаш знае да го има во бела накај жолтеникава боја но нема никаков мирис а има денови кога воопшто го нема така да тоа воопшто и не е страшно се додека нема чешање пецкање и миризба доле а секако и ако резултатите се негативни нема многу секирација. ШТо се однесува до секојдневните волшки јас ги користам од денот кога прв пат добив значи се на се (прв циклус ми беше на 18 години ) сега веќе 12 години и сите испитувања кои сум ги правела од тогаш до ден денешен се негативни, не сум имала ни кандида до сега. Само што влошките ги менувам почесто доаѓа од прилика на 1час до 2 максимум ...
Не е работата во тоа дали ВИЕ ќе се пазите, значи кога не си бремена одговараш само за себе а во бременост одговараш за двајца, тројца итн, мајка си од моментот кога ќе дознаеш дека си бремена и треба да се има одговорност за тоа бебе кое расте внатре, тоа зависи исклучиво од вас и никој друг, на сите ни било тешко да се откажеме од работи кои сме ги конзумирале секојдневно ама за здравјето на своето неродено бебе сме го правеле тоа. Пиење 4-5 кафиња на ден не е во ред и ќе си има последици на бебето дали тоа го прифаќате или не си е ваше право.
Мешиња и јас ќе бидам од страната на битерсвит и ќе ви кажам на тие кои пиете по 3,4 кафиња дневно и пушите по некоја цигара дека не е во ред и сега во бременоста барем треба да внимаваме малку повеќе, тоа ни го кажуваат и самите доктори уште на самиот почеток и нема тука толку страшно, па нема да се умре бре мајко му стара, јас од како останав трудна навистина внимавам на се, кафе и безтоа не пиев толку ама откако останав трудна пијам 2,3 во неделата а не пак дневно, цигари не пушев и не ни планирам во иднина да пушам, кафето и цигарите за мене се луксуз, не е нешто без кое не може да се навикне човек, таман работа, гледајте повеќе на исхраната да си внесувате што повеќе витамини,минерали и зеленчук и мислете на вашето бебеце кое расте во вас и прима од вас се што му давате . Ова не ми беше некој револт,не сакам да ме сфатите погрешно, туку едноставно еден најдобронамерен совет ви дава една идна мамичка па сега останатото е на вас и секој си одговара на своите последици. Ве и ви поскаувам убав ден
И за мене најодвратна слика што ми останала во глава е на времето кога ја видов во Дал Мет Фу ,Маја Гроздановска Панчева трудна до заби, како после јадење си запали цигара. Јас што пиев и пушев редовно, па ја запамтив сликата како лоша. Откако дознав дека сум бремена ни пушам, ни пијам кафиња,освен пола чаша вино само во посебни прилики. Имам другарки што пушеа цела бременост и пиеа кафиња и родија здрави,прави и преубави деца. Не ги оправдувам, ама мислам дека нема потреба да им се вади на нос едно кафе и една цигара во денот, на оние кои не можат да се откажат од тој луксуз.
Може ќе ме искарате но искрено ќе ви кажам дека кафето што го пијам е со многу многу млеко , повеќе млеко помалку кафе и е едно на ден,ретко ако некој дојде па да испијам уште некое , а едната цигара што знам еднаш неделно но не секогаш да ја испушам искрено најмногу ми е за да ми помогне да се олеснам. Немам запек немам хемороиди само отежнато одење во wc и од таа причина најмногу знам еднаш неделно да запалам цигара со турско кафе.Тоа и пред да останам трудна ми помагаше да се олеснам а тоа ми помага и сега. Пробав со чаеви со мусли со житарици и јогурт но не бива па затоа и решив да запалам цигара со кафе. ЗНам дека ниту една од нас не е совршена трудница колку и да им мислиме добро на нашиве бебушки кикс секоја од нас знае да направи колку и да не сакаме да признаеме. Одвратно е кога ќе видиш трудници кои пушат и пијат и не се однесуваат според труднички кодекси но секоја од нас има право да си реши што мисли дека е најдобро за неа и бебето. Не е за оправдување но не е и за осудување. Изборот го правиме сами...поздрав
Абе и со мене кога била трудна мајка ми пушела цели 9 месеци и дури кога ме доела пушела па не ја оправдувам на никаков начин и сум се родила здрава права, до сега фала богу не сум имала ни еден единствен здравствен проблем ама среќа било ќе речам, така се погодило, ама кога веќе сме свесни дека е штетно за нас па и за нашето дете , зошто да му го уништуваме здравјето уште сега сеуште неродено? И јас исто така не пијам, не пушам и кафе чат пат пијам, а сеуште не сум пробала велат дека пиво може да пиеме во бременист и чаша црвено винце, ама јас од пусти страв некако не ми се сака, не ме ни влече да се напијам
Е да може да згрешат некогаш до раѓање тврдаат за еден пол, ама кога ќе се роди детето изненадување и е друг пол.На другарката мајка и цело време викале машко, а кога се родила виделе дека е женско. Ама па некогаш и погодат на мојта колешка уште во 15 недела за двете бремености и викаа машки и стварно и погодија
Братучедка ми која се породи пред две недели исто така до последно и викаа дека е женско и она си се спреми за женско, со сите алиштенца и се потребно и на крај излезе дека е машко, истото со истиот доктор беше и со претходното, викаа женско а бидна машко. Тоа е до докторите, ако знаат да гледаат и ако знаат што гледаат ќе погодат, за на сестра ми гинекологот, кај кој планирам и јас да идам викаат дека никогаш не згрешил, и за сестра ми не згреши.
Во врска со пушењето во текот на бременоста...мојот матичен гинеколог ми рече дека смеам да пушам, само без претервање, 10 цигари максимум! Јас со изнендаување и задоволство ја прифатив веста, ама знаев дека 10 цигари дневно ми се многу. Пушев, ама верувајте месечно ми се собираа 2 пакети цигари. Во просек 2 на ден, некогаш ниедна - некогаш 3... Кога знаете дека пушењето не ви е строго забрането помага да не се впуштите во ситуација да претерате, па така сте апстинирале 2 дена и третиот цела пакета да се надохнади или пак криење од блиските дека не пушите..( имам конкретни примери за 2та случаи затоа спомнав). Друга трудница што ја познавав во првиот месец се откажа затоа што организмот не поднесваше - повракаше, вртоглавици имаше и сл. Секој различно реагира на пушењето па затоа нема потреба од споредување таа пуши, зошто јас не...Самото тело испрака сигнали доколку тоа не му одговара. Исто докторката ми кажа дека и наглото прекинување можи да е стресно и токму од тој контраефект што се добива не се препорачува доколку не можите да се откажите... Конзумирајте одговорно, јас ако се прашувам пробајте да не конзумирате, јас тоа го направив дента кога се породив (малку закаснав)
Сабатини истото и мене ми се дешаваше со соноовите еротика и само еротика а во последно време само глупости па се будев цела испотена и така... нормално е во бременоста затоа што сме психички оптоварени Aнце тупанче не ме плаши со утките за полот јас сум 27 недела и веке почнавме да купуваме за бебушката наша се надевам нема сурпрајз да ни направат ко на тебе Поздрав до сите мамички
Офф јас не знам што да мислам. Се нешто ми се врти во глава дека нешто не е во ред со мене . Има ли некоја друга феминка вакво искуство. П.С Јас не работам, но затоа секој ден одам на факултет , и тоа е нешто.
Леле ќути аман, мене моиве само ме караат за тоа...Само некои стравови ми се јавуваат неосновани, ``што ако се случи ова, што ако биде она`` и тоа се` за некои црни прогнози. Либето ми вика -мајчински инстинкт ми се родил, така само мајќите паничеле без потреба и си правеле филмови.
аа не сте сами, јас цело време сум позитивна, ама денес сум на нула многу ретко го осекам бебето, а и во стомакот мие некако чудно и се ми поминува низ глава, се мислам да одам утре на лекар да видам што ке ми речат, пред две недели бев се беше во ред, ама тоа е...
МeU и Noelle честитки за бебенцата, живи здрави и црвени како јаболчиња да ви бидат, секако честитки и до гордите татковци...Многу не изненадивте и двете, ептен некако ,,скришум,, ни се породивте.Ама факт е дека и двете си осеќавте неколку дена пред тоа, чудна работа сме ние жените. Меу,ти пошто си со царски, брзо да закрепнеш исто и ти Ноел, и само да си се гушкате и бакнувате со бебенцата, и ајде враќајте се побрзо на форумов да ни кажете како сте поминале. Додуша Ноел е тука чат-пат, ама нејќе да не плаши изгледа Бре што монолог си направив... Иначе за исцедоциве, и јас ги имам, некогаш како помочана сум, само како водичка некоја ми тече, некогаш како бело прање, некогаш како жолтеникаво прање , но гледам дека и кај вас е така, а плус и негативни брисеви...И јас кога носам секојдневни улошки, кога ставам по некоја палома , кога цик-цак памук... итн. Еве и јас да се пријавам дека идам на работа, по 8 саати, и така ќе си одам до 9 месец, пошто работам во државна институција нема да имам шанса да скратам на 4 часа дневно. Во јануар ми е термин, а јас здравје до нова година планирам да идам. Кафенце си пијам секој ден, по две теееенки, ама без нив неможам и нема причина да ги откажувам, штетни се поголеми количини на кофеин. Сега во последно време си пијам наместо кафе- какао, зависи од моменталната желба. Пошто идам на работа без кафе очи не се отвараат насабајле, и неможам да се одржам будна на работа, пошто нели сега трудни сме и ни се нанка почесто... А и притисокот ми е 90 со 50...и така... ај ептен се распишував... Поздрав до сите труднички, мајки и идни мамички...
јас бев на преглед, и се е во ред со бебушко, тежок е дури едно кило мм вика леле колку кока кола мала е и ич не беше умен на ехото едвај го видија. Битно бебушот е добар и имате поздрав и вие од него
Ете уште добри вести! Браво! Ќути твоето мрда, моево се изнамрдува пред преглед и на ехо спие (или се преправа од страв) па стално ме прашуваат абе детево мрда?
Браво миличка, баш ми е мило што малиот твој е супер, сега си посмирена верувам, што е и логично и нај нормално, така само нека си продолжи и нека си расте во мешето без гајле Него друго сега што ми падна на памет за тебе, пред некое време кога кажуваше за бубрезите на бебчето твое, дека едното било поголемо или и двете, не се сеќавам баш како беше имам заборавено.....сега во ред ли е? И тоа ли го имаше згрешено докторката кај која одеше? Не мораш да ми одговараш на ова ако ти пречи и се извинувам најдлабоко ако те потсетив на нешто лошо само баш ми текна сега па затоа и прашувам што стана со таа состојба за бебулето која ни ја кажуваше тука на форумов
Здраво мешенца, јас да ви кажам денес полудев од едни докторки.... Денес со уште 2 другарки отидовме купивме хелиум балони и играчка, со цел да ја изненадиме meU. Иако знаевме дека нема да можеме да влеземе, целта ни беше на пријавница да оставиме и некоја од сестрите да и го однесе до соба,а ние ќе чекавме реакција по телефон. Весели тргнавме најдовме балони играчка сок за неа...одиме на гинекологија велат неможе...како неможе, велат неможе ако не е во апартман. Идеме под прозорите колку да ја видиме...кога сто ќе видиме од една соба се гледаат балони ....аааа кога не фати инает. И господ ни прати една фина хигиеничарка ли што беше,влагаше во натре од споредниот влез, ја замоливме културно, на кесето од сокот и пишавме име презиме....и чекаме акција-реакција И ете ја meU по пет минути на мобилен, радосна насмеана весела ... што да ви кажам. А додека ја чекавме meU, гледаме како со јаже се мачат женине да тегнат до трети спрат. Па нели се греота, а не дека докторкине незнаат. Кога веќе знаат, зошто не направат термини во денот за достава на работи Искрено ми нема логика...али ај.
Леле и јас сакам некој така да ме изненади, јас за внука ми купив голем балон пеперутче, ама на излегување од болница и сите гледаа, многу бевме атракција тогаш во болница. Ах Меу наша, има уште малку до излегување нели, едвај ја чекам во породилни приказни како поминала. Си знаеш Сноу