Ne znam, ja ne sum prašuvala ni za vamu, me nervira deka vo Avicena e 2 bockanja, ama pa imaat uslovi
Nema mrdanje da, ama privatnive poviše na toa se potresuvaat, državnive kaj sakaš bidi rabotava, ti se sloši nikomu ništo
Мешиња сигурно се разговарало на темата ама да не листам наназад. 21 недела сум се е супер пу пу. Туку сакав нокти да си направам!? Гел лак со печење. Сама дома си правам ме фати кејф. Како е ставот начелно смее или не?
@Bubamaricka, јас правам. Правев и пред тоа, па само продолжив. Знам многу што правеле, една и на царски отиде со нокти. Е, јас веројатно до кај 7-ми ќе правам, после со бебе мислам дека ќе ми биде непрактично. Нека каже некој со искуство.
Зошто не би смеело? Исто како со шишањето што имаше некој прашано. Па бременоста не е болест, треба да си уживаш не цело време под стрес со нокти шишање или не знам ако изедеш еден хамбургер не гледам што може да биде на бебе.
Незнам дали така ме држи сеќавање... ама мислам покрај слошувањето, не треба движење дека може да направи промени во резултатот. Како така да ми кажаа со второто кога правев..
Јас не сум бремена, истото ми го кажаа, ќе си чекам внатре, ни до надвор не требало да излегувам. 2 саати таму ќе пукнам, книга ќе прочитам за тоа време.
Девојки има ли некоја со пукнат водењак и да не ја породиле одма? До 12 часот сега на пладне веќе се 36 саати поминати. Јас само прашувам они ми викаат ќе чекаме! Што бре ќе чекаме, до кога, ми истече цела плодова вода мислам, болки имам ама ништо посебно слаби се и ретки. Вчера ноќта само ме проверија, 1 прст само отворена. Почнува да ме фаќа паника многу и страв. Има ли некоја со вакво искуство?
Ми викаат ќе чекале 48 саати пред било што да се направи. Ама ако се чека толку нели има опасност за бебето? И што ако не се отворам и тогаш. Боље одма царски него ли вака, психички забегав
На ехо те проверуваат ли водата до кај е? Каква е таа што протекува? Јас после 36ч пукнат водењак царски завршив, мекониумот бебето во мене го искака и црна вода ми истече на крајот, па за 2мин во сала бевме... (во Ремедика бев).
Ехо само вчера кога ме примија ми направија и толку. Цело време ми тече по малку, бистра вода со лигавица од чепот и малку крв
Добро штом е бистра.. и мене на секое чиста ми течеше до 33-35ч од пукањето на водењак, ама во меѓувреме се искакало бебе внатре (а мекониумот е прва кака што треба да ја искака, откако се роди). На 36ч веќе почна црна да тече... 40+8 бев... на цтг те следат? Тие се најбитните работи, на цтг следат и бебе како се однесува..
Тоа да, сабајле во 6 ми правеа. Бебето беше добро, јас имав некои болки и чудно сабајлето беа појаки а сега како да се намалија, зар не треба обратно?
И кај мене така беше.. дури ги детектираше на цтг убаво вечерта во 21ч до 12 ноќта, па ми ги снема. Па ме оставија да одморам и преспијам до 6 сабајлето и во 6ч сабајле провокации добив, ама по 3ч од провокациите се случи тоа со мекониумот...