Полигинаксот мислам дека ќе прикријат нештоо ако има бидејќи ги даваат и за лечење бактерија така што содржат антибиотик, треба да поминат 5-7 дена од последна вагиналета. Консултирај се најубаво со гинекологот ама ова е мое мислење. Некој гледам пишал за утрогестанит тој јас го ставив вечерта па утре дента имаше поминато 10-12h и матичната ми зема брисеви ми рече нема врска може да се земат брисеви чим има поминато подолг временски период од ставањето на утрогестанот
Баш за тоа, има антибактериско и антифунгално дејство, ставав ради кандида што ми се јави од панцефот. Како и да е мислам дека две недели нема да ме остави да чекам, ќе ја прашам докторката
Да ќе прашам најдобро, до сега два пати испитував и сите брисеви ми беа уредни, ќе видам што ќе ми кажат дали да почекам некое време, иначе за прогестерон и јас така знам дека нема влијание врз резултатите
Исто под коленото надолу што е мускулот (листот, мислам така се викаше тој дел) до стапалото и во двете нозе
Е такво е чувството баш како некоја сафра незнам како да го опишам ни јас станувам незнам што да правам ако ги истегнувам на секое ме фаќа креч уште полошо
Мене ми течеше пред некоја недела и тоа река. Од нигде никаде стоечки ми протече, не ми сопираше ни легната. Како дигнев глава и низ грло ми одеше. Ама само тогаш и толку. Капиларите во бременост се шират, па пукаат. Од хормони полудени.. Вит Ц зимај си некое време...
Јас додека пиев аспирин многу ми течеше, како го прекинав, сопре. Витамин ц можеш да земаш 1г превентивно.
Јас исто ама кај мене рацете се проблем. Ми почна пред два месеци, прво прстите, сега и лактите и рамениците. Сабајле полека со масажа успевам да ги раздвижам дланките. Почнав од скоро покрај магнезиум и калциум да пијам и мислам дека ми е подобро, како да ми се враќа чувството, иначе воопшто не си ги осеќав прстите.
Кај наоѓаш магнезиум цитрат од 375 мг? Ќе ми ги сликнеш те молам. Јас директ пијам од 375 мг, но тој колку што знам не е цитрат.
Јас пак девојки една недела веќе ме чешаат нозете готово како шуга да имам не дај Боже. Никакви црвенила пликови мозолчиња ништо немам по 100 пати проверувам досега и на ништо не сум била алергична ама си легнувам и почнува чешањето и во спиење кога ќе ме фати не можам да престанам многу ме чеша