Јас си го нарачав од Олпео овој крем околу 1100 ден. Физички филтри има, не е масен, убаво се размачкува и многу минимално се познава бело во првите неколку минути. Имам мешана кожа, така што мене ми излезе одличен. Има и стик, ама околу 1500 беше, па ако има попуст тогаш би го зела.
И јас се фарбав со таа на почеток ама дека сум плава многу лошо фаќаше и дека зима носев капа, ама сега веќе почнав со амонијак.
Ме интересира баш бели влакна дали покрива. Зошто пишува одлична покривност, а без амонијак баш и не ги фаќа белите.
Јас со таа се фарбам од Космо, црна коса имам и ми ги покрива белите влакна, а приметив дека случајно ако се намачкам со неа кај што не треба многу лесно се отстранува
О не знам тоа, немам бели уште, јас имам црвен пигмент и скоро секоја плава фарба ми фаќа како морков, а овие без амонијак катастрофа...
Правев анализа на ддимери и хемостаза на трансфузиологија, како се превзема резултат онлајн? Матичниот гинеколог тек утре ќе види ми рече да и се јавам да превземе резултати, а мене ме копка денес да дознаам
https://tvoebebe.com/BREMENOST/nedeli-meseci јас според табелата се водам , јас моментално сум 30 та недела што значи др недела влегувам во 8ми месец..
Јас правам нокти, се фарбам, поголемиот дел од козметиката секако ми е природна уште од порано ама користам во глобала се. Пример пробав антиперспирант без алуминиум, нема шанси со таков, морам 3 пати да се туширам за да не смрдам посебно после пораѓај кога потта баш мириса и се потиш ненормално.
Помешај сода бикарбона, со кокосово масло имаш одличен природен антиперспирант. Не мирисам од содата цел ден. Јас со алуминиум со години не ставам, пред бременост на Алверде без алуминиум го ставав, од дм го земав и ефтин е. Ми се погоди топ.
Го читав ова некаде ама после пораѓај мислам ништо немаше да ми помогне. Дали дека долго доев, константно бев жива вода, баш пиши здравје кога ќе се породиш дали ќе функционира. До кај си со бременоста?
Можно е и од хормоните да ти е, се случува повеќе да мирисаш. Здравје ќе видам, рано сум уште сега, 13 - та терам.
Конкретно за део без алуминиум јас години го користев Аромако од лаш, последните месеци го заменив со Алверде део крема исто без алуминиум особено машката ми држи доволно некои 6/7 саати еве и на жешкото време ја испробав задоволна сум, само што е крема и малку не е практична а другите на алверде не ми држат доволно, исто Аромако доволно издржува
Случајно ја отворив темава, да пробаш со ова https://ananas.mk/proizvod/ben-anna-soda-deo-stik-od-nane-40g/1410822 Во белина го има, јас откако го користам не се потам, иначе освен рексона ништо не ме спасуваше.
И да се дополнам кога се користат производи без алуминиум потребно е 1/2 недели да се навикне организмот на производи без алуминиум мене на почеток ми беше така