Зошто периодов од сега натаму ќе ми е хаос ( реновирање и селење ) решив да си правам список што треба да купам за бебуш за почеток..Ако не ви е тешко да ѕирнете и да пишете доколку нешто имам заборавено битно
За седиште почекај, на старт во транспортерот ќе се вози, да видиш колкаво ќе биде бебето и да обрнеш повеќе внимание кога ќе купуваш седиште. Едново дете ми е покрупно, купував друго седиште. Хранилка и релаксатор исто не брзај, може релаксатор нема да ти треба ако е мирничко и си лежи во креветче, ова да ти спасам некој денар Пумпа, шишиња исто не избрзувај ако планираш да доиш, може уште во болница ќе си фати цицка. Ситници за купување ќе искочат уште ама може маж ти да докупи додека си во болница. Пример, за чистење на папчето ќе ти требаат стерилни гази, алкохол, банеоцин прашоче, грицкалка, чепкалки за уши со граничник, можеш една кофичка со лонче за плакнење кога ќе бањаш, тоа ми текнува.
И јас би сакала ако можее, да си споделиме сите на време со првото си спремав све на време а сега некако ко полабава сум , не се замарам а скоро 8ми месец влегувам и тоа женско
Јас ќе се надоврзам за пумпа...со првто си цицаше ама имав мн млеко па ми отекуваа гради, болеја, трески, нз уше што нре.. купив рачна чико пумпа која ја кпристев и добро ми идеше ... бебе мн се закашлуваше на вечер кога станеше и мправ да испумпам малку... е сега ја најдпв целата обелена, ожолтена нз и јас каква.. можам ли да ја спасам или друга ќе е во случај да ми треба... друго не го зачував млекото што го пумпав зошто нз и јас будала... еве ако пример пак истото ме снајде да тррба да испумпувам на кој начин се замрзнува млекото , каоо се кпристи после ..ако некој знае може да се надоврзе
Јас ништо немам спремно, а и си викам па што да спремам, се имам од првово, уште е тазе. Планирам при крај на 8ми да извадам вакум ќесите од ќерка ми, да тргнам розевите алишта, да преперам бели, жолти и спремна сум. Евентуално да купам цуцли нови и шишиња и таман сме
даа за тие и јас мислев покасно да купувам, сега нека стојат само на список, џабе ќе купувам кога нема да ги користам
Хаха алал да ти е . мене сите алишта од првото ми се од братучедката ама и тие ги вратив а другите се плави ептен па сега ќе морам да докупам нешто ситно бар на почетокот колку и да имам..
Релаксатор и седиште и јас би причекала за купување, ама пак кај мене сите ми се понудија со крупниве, работи и ми е се обезбедено. Креветчиња 2 имам, едно дома едно кај моите. Количка ќе биде нова само ама ќе ми ја купат. Остаток од крупни работи само да земам треба. Облека исто во вреќи ме чека да си ја земам и една селекција ќе направам што треба да се докупи. Ќе седнам и јас со еден список, некои така ситници да си зимам. Од мерак највеќе де. Ај поискусни мами. Бебе родено крај на август, почеток на сеп. како облакате? @Skyler дознавте пол или може си пишала, ама не сум те прочитала.
Ми текна сега, ранче или торба некоја за носење ствари за бебето за надвор, ќебенце/прекривка. @BellaBibi Тој период е топло ама пак новороденче е, за дома дека најчесто сите сме со клима најдобро еден слој на долги, ако е потопло и дома тогаш на кратки. Секогаш е подобро да е полесно облечено отколку наоблечено, па да се прегрее. Капчиња исто не ставајте, можете само пола саат после бањање додека се стопли, ракавички исто немојте подобро одма после болница исечете им ги ноктите ама оставајте ги да допираат со рачињата, да осознаваат околу нив. Рачињата најчесто им се ладни дека не се движат ама тоа не значи дека им е ладно, проверувајте ги кај вратчето, градите, така ќе знаете. Пол неофицијално машко, му даваме шанса до следен преглед да го прибере курето
Од убави вести, денес ми стигна инфо дека сум примена баш во болницата каде што сакав. Баш се израдував. Од понеубави вести, и покрај терапијата исцедок уште имам, ама најмногу отсабајле, т.е кога движам. Попладне немам ич. Нема мирис, не е количински многу, ама тука е. Термин имам дури на 29 април кај матичната. Дали да се јавам, или отидам дирек на шалтер да прашам што понатаму? Ми изгледа многу до 29-ти да чекам. Од рандом вести, ми се ближи роденден и денес контактирав една за торта. За 20 парчиња ми бара 100€ за најнормална декорација. Јес да е странство, ама дома на црно работи. Јас сум луда, или она?
Ќерка ми е при крај на август родена, за преку ден и облакав боди или ромпер по кратки и чорапчиња, а за приквечер шпикозна по долги. Зашто само спие/лежи на почеток, jа покривав или со тетра или со тенка памуна прекривка. Капа никогаш не сум и ставала, ракавици исто. Кога почна да заладува септември, и облакав боди по долги и панталонлиња долги доле.
Која недела стигна? Мене во 12 ми викаа како на машко личи, ама еве женско е последни два прегледа. Решавачки чекам крај на месец скрингот, ама ние по име си ја викаме
Ме мрдна мајка ми. Жими се нема да и кажам кога ќе излагаме од болница, туку ќе и се јавам откако ќе сме дома. Ќе сум премрзнела бебето. Бог да се чува е женава.
Хаха познато ептен, син ми е роден на 6ти август и јас од болница го изнесов во кратки ромпери а дома го облекував навечер во шпикозни долги а преку ден си го облекував во боди на кратки , и беше покриен со тетра зашто беше претопло