Ќе се погодиме за пораѓај сигурно, јас ти и marama, 5 месец и 2 дена денес, девојче.Јас мачкам еуцерин, weleda и џонсон бебји масло, стрии нема уште ама меше има. Почнавте ли да купувате нешто, алиштенца, креветче, количка...
Во 12та на преглед мојот гин. ми рече машко. Во 14та на скрининг друг доктор ми потврди машко. Во 17та излезе дека е девојче. Првото. Ајде ама што и да е живо и здраво прво.
И јас немам стрии никаде, од утре 6 месец Мене терминот ми е 9 август, па се ќе купам наеднаш во јуни, барем така се договоривме Инаку во врска со диоптерот сакам да те прашам..ова матичната ти го кажа? Треба да однесеме посебен некој документ кај докторот за пораѓај или матичната пишува индикација за царски? Мојот диоптер е -0.5 и -1.75
@marama Направи преглед на очи кога ќе си 35 недела, замоли го докторот да ти пише дека поради таа и таа диоптрија ризикот од природно породување е голем и препорачува царски рез поради Х ризици од после... Со тој документ ќе отидеш на преглед кај докторот што ќе си го избереш во Чаир или Гак што сакаш да те води и пораѓа и ќе поминеш без проблем. Се додека има причина за царски (проблем со срце, уши, притисок, висока диоптрија....) немаш потреба од фаќање врски затоа што имаш сериозни индикации за натамошни проблеми. Мора само документот да ти е од специјалист по таа област пр. Офталмолог, што ти ја знае историјата и те следи. Не може од матичен доктор. Ти кажувам од прва рака, во консултација и разговор со Илиевски од Чаир.
Količka kupivme 20 nedela bev, sega sum za nekoj den 23, si baram obleka za kraj na juli početok na avgust. Ja načekavme na popust i zašto da propuštam
Здраво, веќе сум седма недела но денес чувствувам некој слаб бодеж на местово кај што имам обележано со црвено ( не знам како да објаснам на друг начин) . Не е болка, не е силен бодеж ама цело време како да чувствувам нешто? Може ако фатам некоја позиција на седење или лежење да се изгуби повремено. Инаку видовме СА, ок поставеност. Следен преглед за две недели.
Ако видовте сакус во матка нема простор за загриженост, едноставно се шири матката и нормални се грчеви
Денес на контрола добив мал шок! На цтг бев дури 3 паати ради тоа штто незнаат да наместат убаво цело време го снимаат само едното па мојата докторка не беше нејзината замена беше жена змај иранка толку мн знаење има у неа чудо. Овие сестрите ме испаничија почнаа меѓусебе да зборат. Јас на најлошо си помислив, докторката ме виде на ехо двете срца бијат и тоа чудо исто во исти ритам иако се во различни плаценти бијат исто. На крај дојде докторката и таа го вклучи 3 и последно Цтг и ми кажа све е у ред. Ја искрено си се изнаплакав и окапав 3 саати по цтг.
Devojki edno prasanje,mozebi e malce glupo ama sepak ste poiskusni.Cel zivot se depiliram so topol vosok megutoa sega sum bremena i naredna nedela imam zakazano prv eho pregled na ginekolog.Dali smeam dase izdepiliram ili dase pominam so bric.Inaku prva bremenost so invitro.
Ако си навикната на болката и не се стегаш премногу додека трае депилацијата според мене немаш никаков проблем. Јас се депилирам цел живот ама 2 пати се избричив и знам дека сеа ќе умрам од болка и ќе се стегам, затоа не ни одам на депилација. Па си се кратам со епилаторот зашто има таква опција нели... Ова за интима. А општо јас продолжив епилатор да си користам и во бременост на секоја друга регија.
Со топол восок не е препорачливо ради тоа што со истиот восок сите ги депилираат и може да закачиш инфекција. Ако веќе сакаш депилација, подобро одбери ладна или некаде каде го фрлаат одма восокот. Ма да јас би ти препорачала веќе ако си запната, да се поминеш со брич и да не се замараш.
Ако си идеш редовно и не осеќаш болка зошто да не? За трудници секаде се депилира со чист восок, незнам од каде ви се идеите дека со ист восок депилираат. Кај мојата што идам , сите ги депилира со чист восок и фрла. Никогаш не претопила. Може е за нијанса поскапо , ама внимава на хигиена максимално. Е што јас осеќам болка после брич, не отидов.
Јас еве не сум бремена, и секогаш ме прашуваат дали со чист, од секогаш се депилирам со чист, нормално поскапо е со чист, ама нема многу разлика во цена.
Има места каде го претопуваат восокот и го цедат, затоа и напоменав да оди каде користат нов, нормално дека е поскапо таму.
Јас првиот пат кога бев за да ми потврдат бременост пред една недела бев на депилација кога незнаев дека сум била бремена и на првиот преглед го прашав дали смеам да одам на депилација докторот ми рече обавезно можеш, инаку се депилирам со шеќерна што е сепак топла за една употреба и никаков проблем до сега не ми направила депилацијата, баш напротив мислам дека ако се врвам со брич таму ќе се нафрлам и само ќе се чешам