Леле мене 3то ми е, а не се сеќавам вака рано вакви грчеви да сум имала Ама па чим се смируваат, ваљда е нормално.... Инаку ми се фаќа и цела десна нога кога е најјака болката Па ќе се движам секунди влечејќи ја право (неможам да одам нормално тој момент од јака болка) и како се раздвижам се смирува. Сабајлечки сум добра, како поминува денот бетер и бетер. Ќе побарам баш вежбички. А масти смеам да ставам од оние што ладат, греат?
Десно од опашката те боли некаде? Јас имав таму болка, како ме фаќаше не можев да си назгазам на десната нога, ни за напред ни за назад бев. Мислам дека нерв беше. Со Блокмакс масирав, таа ми ја препорачаа во аптека само умерено мала количина ( а со др не се исконсултирав за неа дали стварно смеам), среќа кратко после тоа ми се намести нервот ептен кратко мачкав. А др ми рече магнезиум б вит и парацетамол за болки.
@mariz упатство од интернет што најдов за гелот, прв и втор може мала количина, во трет не смее да се користи. Јас во втор користев, исконсултирај се со доктор најдобро
И мене за болката во кичма и доле накај десната нога ми рекоа старачки ишијас @mariz помлада си била за претходните затоа сега те фаќа
Да... имам од оние секси дупчињата позади Е во десното дупче ме боли Исто а се укочам, ни напред ни назад, ни да седнам, ни да станам можам @marama истото си го реков... годините си го прават своето Ама мислам и нагло се поправив...
Женски некој да бил во х&м во скоро време да ми каже овие дали се донесени кај нас? И општо по кратки ракавчиња дали има?
Потполно те разбирам на иста возраст ни се децава мојава во јуни ќе полни 5. Има денови кога е прекрасно мило детенце ама има денови кога е отровна змија (што ми вика таа змиште кобриште дека била). Тогаш е невозможна за глупости се дрецка од земја плаче вришти ги зема книгите од големата и црта па се тепаат па се караат леле весело ми е ептен. Јас веќе 6 месеци на игнор се имам ставено не можам да се нервирам. Таа вришти јас не реагирам и така некое време ако и прозборам тогаш почнува пострашно да биде и затоа последниве пати само си молчам чекам да и помине само од себе. Голема па почна и зборови да ми враќа 8 години е. Пробав и со добро со зборови пробав и да подвикнам ама не беше успешно кај мене еве си продолжува пак така. Мислам дека им е некој период а и во градинка многу ги копира поголемите деца зошто нашата група е хетерогена мешана со повеќе генерации П.С. Повелете на торта денес ми е роденден
И јас сега почнав изгледа да го осеќам ниско, како да се спушти, пред некој ден се измести скроз, цел стомак ми го искриви и сега ми прави како менструална болка. Знам дека каде и да отидам ќе ми речат магнезиум и толку а мене ме изеде шубе, па и не се движи толку многу сега... Иначе, после 7 дена Сумамед за слаџ и одма после тоа уште 7 дена Панцеф зошто бев болна, значи 14 дена споено голема доза антибиотик, јас уште имам слаџ а грлото е добро 4.4 и сега не знам што е следно. Си викам од слаџот да не имам вакви чудни "болки" или од движењата е...
Не знам што да ти кажам искрено. Јас имав слаџ и сам си се исчисти без антибиотик, а грлото последно пред 2 недели беше 4,6цм. На два последователни прегледи имав слаџ и бев кај 2ца доктори и ниту еден не ми даде антибиотик да пијам. Мислам дека премногу антибиотик ти дошло, ти паднал и имунитетот.
Е и кај мене божем се исчисти без антибиотик, па после испадна дека уште го има, па две недели пиев антибиотик, па на дежурен на ГАК бев ми вика уште имаш слаџ и некои бремености се до крај со слаџ... Едино што си мислам да не е габична инфекција, а за тоа не знам дали даваат терапија орално.
Да, и мене Димчев ми рече има бремености што до крај се со слаџ, ние не им го бараме слаџот на трудниците, не е докажано дека тоа е инфекција, најбитно е грлото да е добро. Кај мене го нема веќе на последниве неколку прегледи чисто си беше, грлото е супер и сега веќе не го ни мериме. Најискрено мислам дека премногу се анализираме.
Не знам искрено што е и не верувам дека дава некакви симптоми. Тоа е нешто како парталчиња во плодовата вода кои се таложат на грлото од матката. Некои доктори даваат антибиотик за тоа. Мене не ми дадоа, се исчисти. Мислам дека и они не знаат од што настанува тоа. Колку што читав тогаш кога ми го најдоа, може да е и инфекција, ама и не мора да е, може од самиот плод да се прави така, некако не е дефинирано прецизно. Најбитно е грлото да ја има потребната должина и да е затворено. Ти колку што гледам си негде пред пораѓај, не си ја оптеретувај психата со непотребни работи Мислам дека многу пати бељата сами си ја бараме.
Премногу стрес и за нас и за душичките шти ги носиме во нас и премногу испитувања. Со мои блиски веќе породени со кои сум дискутирала во врска со бременоста за многу работи ми се чудат буквално и во нивни очи сум најпараноична трудница (а не се далеку од вистината). Не знам веќе што да кажам...
И јас како влегов во 31 недела почнав ниско мн ниско да го осеќам на моменти добивам како некоја менструална болка и осеќам како да ме бутка со нешто надолу и како некое пулсирање да имам трае повеќе време..Ама во текот на денот особено ако седнам ми дојде под градите и тука бутка. Едвај чекам сега на контрола да ме види докторката.. Сега веќе 33та сум можеби се мести со главата надолу не знам ќе го видиме за некој ден.
Devojki edno prasanje.Na prvo eho sum na 18 april vo cetvrtok zada se utvrdi bremenost i dase vidi sakus,spored posledna menstruacija ke bidam 5 nedela,so invitro sum bremena.Prasanje mie dali e normalno od vreme na vreme ne stalno imam kako nekoi blagi zigovi nisko dole vo matkata i kicmata nekogas ja osekam kako presecena.Fala vi na sekoj odgovor