Јас па уште не сум ни почната со цтг хаха че виидме што ќе каже докторот... Иначе купи ли козметика за бебе ?
Кој прашок користите? Јас земав Ариал бабу денеска перев прва тура. После да се пегла. Која козметика памперси шише цуцли лажливки планирате? Прв пат мама и осеќсм ништо дека не ми е спремно. Не знам ни за излегување во што ќе го облечам. Ставате ли во транспортер нешто внатре?
Оо јас ради контракциите што ми ги покажа во 31 почнав од тогаш да одам секоја недела, иначе козметика земав на Веледа
Јас перев со Фрош, пелени и влажни земав слипи, шише филипс авент натурал, цуцли бибс. Навлакитр ги перев од транспортерот, количката и релаксаторот. И јас сум прв пат ама читни ваму читни таму која недела си?
Да бе, и сега по саат ко за бебе се водам да имам спремно ручек, вечера оти ако чекам да ми се пријади тешко мене
Jas go zemav Ariel ama mirisot ne mi e nesto najnaj. Sega toa mu e. Jas sum mnogu nespremna nemam uste ni kolicka ni krevetce i jas sum tuka so vas 34+4 oficijalno denes. Ti koja nedela si? Sto kje go oblekuvas za izleguvanje bebus i kje stavas li nesto na transportot?
Кас земав дводелно комплетче за од болница сп капче заедно... пошто е мај, топло спремав вп кесичката едно тенко кебенце, тетра пеленка, чорапченца, и тоа.. и боди на кратки за од доле... Козметика сеуште немам купенп чекам велигденски попусти хахха... еве веќе мустела има секаде.. се мислам да земам мустела 2 во 1, за газето на веледа.. и масленце за мачкање за после банање .. ништп друго... цуцла и шише не земав нема ни да земам... првпто ми беше мирнп и цуцла не дадов, цицаше па шише почнавме покасно .... Влажни виолета , прашак зедов виолета и персил ,отприлика тоа е... за перење вчера преперував од бато се што имаме.. денес дел испеглав, дел утре и така едно по едно..
Мирисот на никој не е нај нај... од персил сензитив ја бев задоволна и фрош за дамки ...тоа користев со првото до година, е после почнав да го перам со нашиот прашак
Ајде полека полека ќе се спремаш, мене се ми е спремно, ме фаќа паника ако не ми е спремно пред време Кога бирав детергент гледав да не е со штетни состојки. Исто и пелените што ги земав се органски без избелувачи. Јас денес 34+6. Во транспортерот не ставам ништо освен можно е тетра пелена да постелам. За од болница земав сетче од hello baby, комплетче горен и долен дел, капче, памучно кебенце и ракавички. Од доле боди на прерамки или куси, зависи времето какво ќе биде, еве викаат ќе заладува..
Јас да ве прашам нешто. Две родив вакво нешто до сега не сум искусила. Напред ми беше постелката со првите две, можеби затоа.. со ова е позади. Мрда, претка, се клати и изместува меше, икање се осеќа многу итн, што е ај нормално. Ама втор пат таков јак удар осеќам, што во моментот имам реакција со рипање и ииииии.. е толку јако буквално. Мислам нешто во моментот од внатре ќе ме прободе до надвор, кожата до надвор ме заболува. Нормално ли е ова??? Ме вади од памет зошто ваков удар со такво јако пецкање осетив водењакот кога ми напукна со второто... и се здрвувам во моментот мислам нешто ми се случило и ете го пукна водењакот Па вака ако ме боли во 23та, што ќе правам до крај
А како стоите со апетитот? Во трет триместар сите се поправаат, барем така ми викаа, а мене ништо не ми се става во уста. Многу сум жедна само.
Во нормала ми е. Последно на 25.03 испитав и ми беше 4.6, референтни вредности 4.1-5.9. Во февруари кога испитав ми беше дури и на долна граница 4.0.
И јас сум таква ништо во уста не ми се става, јадам од тоа што морам за бебушот да се храни, не знам колку сум поправена но ми велеа ќе видиш во 3триместер како ќе ти се јаде и како ќе се поправиш ама сеуште ништо од тоа. Мене сега почна да ми се познава баш дека сум бремена до пред 2/3 недели како поправена Кога ќе им кажам 8ми сум се чудат ај па како не сме приметиле. А жед и јас осеќам многу вида пијам.
Јас ставив околу 15кг до сега, на почетокот нагло се поправив. Ама сега во трет триместар стагнирам, ми падна чудно дека ми збореа 2 кила неделно ставале си помислив 30кг не ми бегаат
Втор триместар навистина е преубав. Уживам максимално. Уште се штрекаѓ во спиење со тоа моето вртење накај стомак, ама си почнав со перница да спијам. Немам квалитен сон , бидејќи се будам постојано, ама не ми смета сега за сега. Денес госпоѓицава не почасти и со два убави поздрави. Дури и мм ја осети кога клоцна или удри со рачето. Не очекував дека на 18+4 ќе ја осетиме и надворешно, ама кога ја осети раката на татко и , удри убаво. Чекаме втор скриниг за една недела и некој ден, едвај чекам. Нека ми потврди и таму пол и идеме да го купиме првиот фустан. На сите кажав дека во фустани ќе ја дотеруваме.
Ако мислиш на болка ептен ниско во бешика, дури во цервикс мислам ме удира, мене ми се дешава ептен силно да ме удри. Погоре ударите се безболни. Не знам веќе што е нормално, што не е.
На колку време се иде на прегледи после 30та недела. Последно бев во 28 али матичниот ништо не ми рече кога нареден пат. Дали сеуште е 4ти недели или почесто треба од сега?