Normalno e, sekoe bebe e različno, bliznačinja pa da se, zaedno gi nosiš, ednoto mirno, drugoto urnebes pravi na eho
Не мислам дека @mariz se somneva na kontrakcii. Toa kolku sto ja razbrav i e bolka od udarot na bebenceto.
Вистинските фаќаат и пуштаат за 30сек, 1мин... а ова стега и ме држи и по 30мин-2,3ч... Лажни се сигурно, ама ме чуди што рано некако. Овие ги осеќав тек после 30та недела со другите две. Едно време мислев да не е храна грчеви, ама ме фатија и гладна. Камен стомакот испрчен доле и стегнат, бебе не може во моментот ни да претне ни да мрдне.. болен цел долен дел од стомакот и поцрвенет https://www.instagram.com/reel/C5ibsAqsFwf/ Баш нешто како на видеово што објаснува оваа. Четврток сум кај матичната, а крај на месецов до кај Јане, Ремедика и ќе му спомнам и него...
Ударот беше башка Имам грчеви вакви од 16та нед... Едно време се смирија и немав и пак периодов ме фаќаат...
Јас би додала дека не е лошо да се инвестира во неколку термини со психолог, барем мене тоа многу ми помогна во справување со анксиозност и прекумерно мислење, генерално во секојдневието, а особено во периодот на бременост. Треба да се има во предвид дека се е ново и непознато за телото и умот, но во исто време се е нормално и треба да се научиме да уживаме во процесот.
Јас вакви стврднувања имам уште од 18 недела прв пат ги осетив ама не ми се болни, јас те разбрав дека болка осеќаш... Са ваквиве стврднувања ми рекоа дека се најнормални.
И кај мене едно време се смирија па сега се почести. Претпоставувам е нормално. Кажав, веќе не знам што е, а што не е нормално, мене прва бременост ми е. Мене повеќе ме загрижуваат овие преткањава и ударчињава доле ниско во бешика
И стврднување и болка.. дури во моментот како дишам ме боли стомакот. Вчера бев на родителска и едвај доседив, правец дома си отидов и легнав.. легнав, се подсмирија и ме пушти и тогаш бебе шутот јак ми го даде Изгледа и неа и сметаше, па како пушти грчот се оптегна колку што е долга... А мислев да шетнам низ бебешките вчера после родителска, да разгледам некоја количка полека Денес се надевам дека ќе е мирна ситуација, па да отидам...
Да не е со нозете надолу кај тебе? Кај мене во 20та беше со главче надоле и мислам дека сеуште е така. Баш во четврток ќе видиме во што позиција е. Кога си на контрола ти?
Јас имам, никако не поминуваат.. секој ден се повеќе ме боли , тоа е ќе издржам уште месец дена .. демек после пораѓај се повлекуваат, ќе видам јас баш дали е така.. само да не ми е заради ова индикација за царски рез или не е проблем , не знам
Последно кога бев, главчето му беше десно од папокот, зошто тука најчесто ми се испапчува и баш го прашав докторот што е ова, ми рече главчето. Е сега ноџињата се валда од другата страна, повеќе како тука да го осеќам да удира, ама ваљда се мрда, оди со ноџињата и надоле, не знам сега јас претпоставувам, не знам колку се вртат во стомак.
Јас бев 29+1 а следна и последна контрола закажав кај матичната за брисеви и ехо дури во 34+2.. Јас мислев дека барем уште еден преглед измеѓу ќе ми закаже ама рече нема потреба. Ако имам проблем нормално да се јавам ќе ме види. Незнам како ќе издржам уште цели 3 недели
Јас бев на контрола 28 недела и сега во петок сум 31+5 дена ( 32 недела полна ) а наредна контрола на 35та недела тогаш за брисеви и после директно на клиника да ме следат на ЦТГ
Може и така се погодило, да одиш на ехо кога одмара. Активни се, ама не секогаш... спијат, одмараат и доста Јас на неколку еха кога бев, лудуваше... а на едно ехо толку мирно беше не претна (така околу 13та нед), што ја прашав матичната дали има срцева реакција
Дај Боже да е така. Поради лошо искуство во минатото неможам мир да имам во оваа бременост, само нешто ми се врти во глава
И мене ми е тврд цело време, слаба бев без стомаче и оптегната ми е кожава. Ама кога ме стегаат грчевите и легната ми е камен тврд, стегнат, вцрвенет и испрчен во средината, а бебе не мрда (не може од грчот). Кога немам грчеви, лежечки ми е мекичок, бел и бебе си прета, мрда, удари се гледаат ептен, крева и главче, оди и на лево десно цело бебе
Мене па сите доктори што ме прегледаа до сега ми искоментираа за стомакот дали ми е секогаш вака тврд, ама ете јас не си поврзав...
И мене и со прво, второ истото ми го коментираа.. повеќе магнезиум да сум пиела, да омекнел. Ама не е до тоа, слабичка, кожа салце вишак немав, јак, тврд ми е стандард Дури и папокот ми е веќе испрчен нанадвор. А грчевиве се сосема друго нешто... болни се, стега болка низ цел стомак доле, контрахира баш матката (знам какви се вистинските, ова е нешто слично).. вчера дури до позади кичма одеше болката. Почнав седечки на родителска да се клацкам од што ми беше неубаво. Незнам може ми е нормално, трета бременост.. маткава лудува Еве сабајлево сум добра, не стега, не боли, мрда бебче...