Овој тест го прават оние што се со негативен Rh фактор (а сопругот да е со позитивен и потоа и бебето може да е со позитивен Rh фактор), и се прима инекција Рогам во 28ма недела.Може да дојде до стварање на антитела кај мајката, поради тоа што бебето е со различна крвна група, и заради тоа се прима инекцијата.
И мене ми е тврд, јас си мислам дека таков треба да биде...никој не ми искоментирал дека не треба да е толку тврд. И кога немам стврднување ми е тврд како затегнат. Не треба да биде така?
Па на тие што се слабички на стоење им е тврд, дека оптегнат. Мене на седење ми е уште потврд, некако така уште толку ми се затега. Е на грб легната е океј, нормално си е пак јак топчест, ама можам да притиснам да го закачнам бебе Кога имам грч, легната ми е мн тврд, неможе да се притисне ич.
Исто сум и јас.Ако се движам повеќе ептен боли,секој ден повеќе.А што ти викаат дали е индикација за царски?
Не сум прашала сеуште за тоа ( се надевам дека не е индикација ) , мене се повеќе ме боли и при седење, лежење кога се движам зависи кога како ме боли
А како се породи природно или царски?А ги третираше ли некако?Или само трпеше болки .Претпоставувам како што минува времето ќе се прошират повеќе,дека расте бебето,поголем притисок
Јас со првото немав вакви проблеми , и природно се породив ама сега со второто ми се појавија овие и прашав докторка со што можам да ги третирам, рече ништо неможе да се направи, да се намачкам навечер со крема една ама и таа не помага баш многу , ништо друго не ми преостанува ептен језиво е да ги погледнеш а не па ги допреш....
Јас го откажав. Откако ми почнаа мачнините во 5+ недела, ептен ми се згади од кафе и благо. Од денес 23-та недела и уште немам желба за кафе.
Ептен сум кафеџика, но од кога останав бремена скроз го прекинав. Ми фали наутро но ќе издржам. Докторката ми дозволи по едно поретко, но зошто и тоа да го пијам. Секако треба да се избегнува кофеин колку што се може.
Денес после толку време имам мигрена, ваљда ради времето што ќе заладува, дури на повраќање ме тера. Не помага парацетамол некој друг метеопат?
Смееш аналгин или ибупруфен ако не си алергична, мене тоа ми дозволи докторот за јаки главоболки, можеш да отвориш на министерство заздравство имаше една листа за дозволени лекови во бременост, по парацетамол дозволено е бруфен
Кај матична имам последно ехо следната недела (36та недела ќе бидам), планирам во Чаир да се породам. Дали ќе треба она да ми даде некаков упат за понатамошните контроли таму, ќе треба да потенцира некој доктор или само така се оди?
Јас како редовен корисник на бруфен пред бременост се чудам како може да е дозволен во бременост, мене јазикот ми се здрвуваше од една кесичка бруфен, можам да замислам што му прави на плодот, ко анестезија делува колку е јак... Јас не би испила бруфен во бременост.
Јас од ибупруфен си носам и белег шиена сум се напив на гладно и се онесвестив, ударив на лошо место, од тогаш не сум пиела