Леле и јас прочитав за јагодите дека се најпрскано овошје. Два пати купив ама по пола час ги киснев во вода со сода бикарбоана и јаболков оцет
Девојки јас бев на контрола денес според последната контрола требаше да сум 33+4 дена. Но докторката ми рече одговара на точно 35та. Сакав да кажам за брисот што го зима во оваа недела воедно е и последен микробиолошки брис не е со спекулум туку со стапчети така помина низ вагината само. Пулсирањето што го чуствувам ниско долу било од крвните садови. Девојката веќе е завртена со глава надолу и наредна контрола треба да се одлучам каде за пораѓај. Јас сум повеќе за во гак ама пак се мислам и за некоја од приватните.
Бев вчера да слушнеме срценце. Но , немаше ништо. 6+2 бев. Знам дека е рано, ама пак ми е мака некако не знам.. Ми рече во петок да одам, не знам дали да одам во петок или да почекам следна недела барем 7+ да сум..?
Здраво Денес открив дека сум бремена 9 недела. Др ми рече за приска тешко да дојде до термин до после велигден и ми рече да ми пише приоритетен,што мислите ќе ме примат така,нека ми каже некоја што знае
Јас од козметика на Chicco ќе користам, исто и омекшивачот нивен, многу убаво мирисаа алиштата на малава тогаш кога го користев, баш онака на бебе. За прашак не знам уште, знам само дека Бекутан нема шанси, го пробав и прашакот, и омекшивачот, и она два во еден, сите ми смрдеа ко кинеска роба
Јас ги имам од пред 27 недела, го прашав докторот ми кажа дека е нормално што ги имам, ми рече замисли си дека матката од големина на слива расте до големина на баскет, секави грчења се случуваат во тој период на растење, во првата бременост не се сеќавам дека ги имав, а сега секојдевно ги осеќам, но бескрајно му верувам на докторот што ми јас следи бременоста па си ставив во глава дека е најнормално.
Бракстонхиксонови, потполно нормална работа, магнезиум помага. Ама ако сметаш дека нешто не чини, на доктор
Pa toa e problemot ustvari, sto ne znam da procenam sto cini, a sto ne cini, prva bremenost mi e. Imam zakazano pregled vo ponedelnik.
Ако нема крварење, ако не капе вода од тебе, не знам како едноставно да објаснам, ама ме сфаќаш сигурно, ако нема белузлаво многу, ако со мирување престанува, ако не е на одредена фреквенција, на 30 мин, па на 15 мин, па се помалку а се се посилни, ок е Ако не, правец клиника
Ми се случува да го осеќам цел стомак стегнат. Ама поминува. Не е често, но знае да се стегне. 18+6 сум , ама ми се случувало и порано. Затоа ми кажа матичната, да пијам магнезиум секој ден, за да и олеснам на матката.
Нема никаков исцедок, никакво крварење, не е одредена френквенцијата на појавување и не се болни, само се непријатни доста. Некогаш не знам дали бебе се испапчува и мести или се тие контракции, не можам да дефинирам. Иначе ми се појавуваат и во мирување.