Сакам да прашам 27 недела денес приметив од десна брадавица како имам како проѕирна течност, стиснав малку и се направи како поголема капка.. прва бременост па да прашам што е ова и дали е нормално
Можно е колострум. Ама искрено толку рано не сум слушнала ,знам дека може да се појави на крај на бременост ,пред пораѓај.
Јас со првото користев персил и се ми переше, секоја флека и кака прво со фрош за дамки па потоа со персил... сега еве второ, исправ се се е ново, чисто дамки нема... Ама сега преперив со виолета за бебеиња.. ша че видам да се породам ако вади флеки океу ако не пак ќе си земам персил ...
Не сум за прашање, само да кажам дека денес ми легнаа парите од фонд за клексаните. Ги поднесував минатиот месец на 28.03
Да и јас знам дека е така .. сега па читав по нет дека може да се појави од 16 недела па нагоре кај некој .. имав како засушенко и кога го тргнав се појави како капка па кога стиснав малку се зголеми и направи поголема .. баш да видам други што ќе кажат и дали им се случило исто ..
Мене мн рано почна да ми се појавува. Прво почна да ме чешкаат брадавиците, а после и жолтко да имам, влажно и засушено. Незнам точно ама пред 17та нед почна, сега сум 23та и сеуште имам.. Градиве ми се огромни потечени и болни на моменти... Трета бременост (втората пред 6г).
Да исто и мене ме чешаа пред 3-4 недели и како засушено приметив денес кога тргнав се појави капка, огромни се и болни исто .. да не се плашам значи нормално е
На мене со второто ми се појавија такви вени. И јас баш прашував дали треба да се третираат со нешто но матичната ми рече дека нема потреба. Си се породив природно најнормално а вените одма после пораѓај се повлекоа.
Како да знам дека бебето ика? Не сум сигурна ама мислам е тоа.. како да тропка нешто еве некое време само на едно исто место, како да пулсира незнам дали е тоа?
Мислам дека е нормално јас со другиве бремености го немав вака рано ама оваа бременост го имам веќе неколку недели и како засушено на брадавиците кога се туширам имам забележано. Мислам дека е првото млеко односно колострумот. Од денес 27 ма недела ама мораше да ја започнам со повраќање да се знае дека скоро влегуваме во трет последен семестар. Сите капилари на лицето ми испукаа од напонот што го дадов за повраќањето катастрофа ми е лицево
Во Ремедика ЦТГ, ехо, инфективен скрининг, резултати веќе да имаш од ГБС брисеви… не знам во др болници како е.
I jas toa ja prasuvav edna koleska na rabota isto opisav kako tebe. Mi vika toa e ikanje, ama pa kaj mene nekogas nekolku minuti ika
И кај мене така беше денеснекоја минута беше во ист интервал како пулс што чука е така беше ама во стомакот
Леллеел јас сум скоро секој втор ден со киселини и јас сум 27 недела .. почнав да пијам пак кога ми е лошо антиметил
Имав киселини околу 23 недела малку само сега немам воопшто. Ама уште ми се гади и еве на неколку дена знам така добро да си повраќам. Аманннн до кога значи не можам веќе. Мислам дека уште 1 година ќе сум бремена никако не ми поминува времево
Јас до крај на 17недела повраќав од тогаш до сега сум добра ама еве веќе киселини почнаа се молам само да не повраќам како до 17недела што беше ..